Tag Archives: Влада

Владата планира администрацијата да работи од дома!

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, во вчерашната „Топ тема“ на Телма откри дел од мерките и препораките на Владата за намалување на расходите на буџетските корисници, од кои повеќето досега не беа обелоденети во јавноста.

Освен мерката за намалување за 10 отсто на платата, која единствено беше соопштена јавно, документот содржи уште неколку точки, меѓу кои и намалување на прекувремената работа за преку 20 отсто во МВР, во Агенцијата за национална безбедност, во Агенцијата за разузнување, откри Деаноски.

Според него, Владата планира и државната администрација да работи од дома, со ротации. За синдикалците, најспорен е предлогот и, според нив, намерите на Владата да бидат суспендирани или укинати колективните договори со кои се регулираат правата на работниците во одредени сектори.

Синдикалците и од јавниот и од приватниот сектор предупредија дека сите заеднички ќе се спротивстават на каков било обид од страна на Владата да ги укине или суспендира колективните договори.

Денешната седница на Економско-социјалниот совет, прва по шест месеци, била прекината, откако според синдикалците, тие не успеале да ги убедат владините претставници да ги стават на дневен ред точките со нивните барања.

Учебната година започна БЕЗ УЧЕБНИЦИ И ПАРНО, но Ковачевски, Шаќири, Груби, Битиќи и Бесими ќе го унапредувале образованието преку СОВЕТ?!

Можеби во Македонија учебната година почна со скрипти и без учебници, а поради енергетската криза се споменува и можно учење од дома наместо со физичко присуство, но затоа ќе има Совет за унапредување на образованието и науката?!

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата ја усвоила информацијата за потребата од формирање такво тело, со кое ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски, а ќе го сочинуваат и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими.

-Со работата на Советот ќе претседава Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, а во состав ќе бидат министерот за образование и наука Јетон Шаќири, првиот заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија Артан Груби, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, координација на економските ресори и инвестиции и Педагошката служба како орган на државната управа во состав на Министерството за образование и наука, информираат од Министерството.

„МОН како транспарентна и одговорна институција која создава можности за учество во креирањето на политиките од сите засегнати страни, ќе ги вклучи претставниците од стратешките партнери на Министерството.  Во активностите на Совет ќе учествуваат Сојузот на средношколци, Интеруниверзитетската конференција, Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, Агенцијата за квалитет во високото образование, Одборот за акредитација на високото образование, Одборот за евалуција на високото образование, студентските собранија, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно обраование и обука, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат и Центарот за образование на возрасните.  Со оваа одлука МОН ќе креира политики кои ќе се базираат на информациите за моменталната функционалност на системот на национално ниво, како и на меѓународните истражувања за факторите што придонесуваат за ефективна настава и учење“, се наведува во соопштението од МОН.

Не ни е јасно како политичариве ќе ја водат државата без морска храна, фстаци и индиски ореви?

Во владиниот ресторан повеќе нема да се јадат морски плодови, а од менито ќе бидат тргнати и бадемите и лешниците.

Ова го најави премиерот Димитар Ковачевски вчеравечер на прес конференција откако владината Служба за општи и заеднички работи распиша тендер со кој набавува пастрмка, крап, лигњи, октопод и одвојува за нив да се платат 20 илјади евра. Ковачевски кажа дека неговата одлука е конечна.

„Со оглед дека и тоа што ќе се нарача, треба да биде платено средствата на граѓаните доколку се работи за службени ручеци или од сметка на тој што сам плаќа, без разлика, при подготовката на мерките за ранливите категории граѓани јас веќе одлучив дека ќе има забрана за користење на морска храна во бифеата, исто така и на бадеми и лешници и тн. За тоа ќе има забрана и тие средства ќе бидат насочени директно за најранливите категории граѓани со ниски примања“, кажа Ковачевски.

Но, да видиме што коментираа граѓаните на социјалните мрежи:

Ристо Пенов е нов министер во Владата на Ковачевски!

Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, ја прифатил понудата да биде министер за локална самоуправа во владата на премиерот Димитар Ковачевски.

Лично Пенов за „360 степени“ потврди дека по консултациите во изминатите денови решил да и се врати активно на политиката и да го води ресорот што и припаѓа на неговата матична Либерланодемократска партија (ЛДП).

Ако Пенов и официјално биде предложен за министер и Собранието го потврди неговиот избор, тој ќе го наследи се уште актулниот лидер на ЛДП, Горан Милевски, кој даде оставка.

Владата набавува свежа риба, морски плодови и октопод за 20.500 евра!

„Ал се некад добро јело“: Среде криза владата набавува свежа риба, морски плодови и октопод за 20.500 евра

21.09.2022 / 19:16Share this…

За време на најголемата криза од влладата ќе трошат на морски плодови и риба. Иако од владата викаат дека се работи за годишна набавка и дека нема да има злоупотреби, јавноста се сомнева во тоа и ако нешто добива најмногу критика тоа се трошења на луксуз и храна од страна на функционерите.

Па така владата ќе набави свежа и замрзната риба, октопод и морски плодови за 20.500 евра. Службата за општи и заеднички работи на Владата склучила три договори со фирма од Скопје од која ќе ја снабдува храната.

Првиот договор е вреден 787.500 денари или повеќе од 12.800 евра. За оваа сума, договорната компанија е должна да ја снабдува Владата само со свежа риба, објави Алсат.

Вториот договор е вреден 262.500 денари или 4.268 евра. За оваа сума Владата ќе се снабдува со замрзната риба и октопод.

Додека третиот договор меѓу Владата и фирмата добавувач бил направен за морски плодови и бил вреден 210.000 денари или 3.415 евра.

Вкупната вредност на трите договори е 1.260.000 денари или околу 20.487 евра.

„Станува збор за редовно годишно снабдување кое се врши етапно. Ќе се плаќа онолку колку што ќе се потроши, во зависност од бројот на посети на делегациите во текот на оваа година“, рекоа од Владата

Во Црна Гора ќе се готви во ПОКЛОПЕНИ ТЕНЏЕРИЊА, бојлерот на 60 степени, фрижидерите на 4, а замрзнувачите на минус 18

Готвење во покриен сад, некористење лифт, префрлување на ЛЕД осветлување се дел од препораките на Владата на Црна Гора за намалување на потрошувачката на електрична енергија и зачувување на енергетската сигурност, објави Радио телевизија на Црна Гора.

Владата соопшти дека вчера на телефонска седница го усвоила Извештајот за работата на Националниот совет за анализа и следење на безбедноста на енергетиката и енергетското снабдување со Предлог препораки за намалување на потрошувачката на електрична енергија.

На општините им беше препорачано веднаш да се префрлат на ЛЕД осветлување, да го намалат јавното осветлување на „минимум безбедносно оправдано ниво“, да го ограничат или намалат осветлувањето на билбордите и осветлените реклами, како и рефлектори на спортски и други манифестации, кои треба да се организираат во текот на денот.

Препораките за органите на државната управа, локалните самоуправи, државните претпријатија, јавните институции и стопанството предлагаат користење скали наместо лифт, исклучување на осветлувањето на крајот од работното време, загревање на просториите до максимум 20 степени Целзиусови – со исклучок на болниците, установи за социјална заштита, градинки и училишта.

Исто така, префрлување на LED осветлување, не вклучување на осветлувањето во текот на денот и некористење темни завеси и предмети кои ја заматуваат природната светлина, но и не спуштање на ролетни и поставување на бироа кон природно осветлување.

Во долгата листа на методи за штедење за домаќинствата, стои дека термостатот на бојлерот треба да биде поставен на максимум 60 степени, фрижидерите на четири, а замрзнувачите на минус 18 степени, со разумна употреба на грејни уреди.

Се повикуваат граѓаните „да го користат сонцето колку што е можно за осветлување во текот на денот“, а во грејната сезона да ги спуштат ролетните и да ги влечат завесите навечер, да не ги покриваат радијаторите со мебел и облека, а облеката да ја перат на пониска температура и сушење на воздух, а не во машини.

„Треба да се готви во покриен сад, бидејќи на тој начин се заштедува и до 20 отсто енергија, треба да се користат и садови чија големина е пропорционална на грејната површина за да се избегне губење на 20 отсто енергија“, предлага Владата. во делот што се однесува на подготовката на храната, и напоменува дека кога водата ќе зоврие, температурата треба да се спушти „на најниската можна температура на која ќе продолжи да врие“.

Кога станува збор за греење на домаќинствата, препорачаната температура за просториите каде што се задржувате подолго време е од 20 до 21 степен, кога спиете до 18 степени, а кога излегувате од дома во текот на денот до 16 степени, т.е. , најмногу десет степени „во случај на подолги отсуства“.

Се препорачува јавниот сервис на Црна Гора и радиодифузерите кои имаат национална фреквенција, меѓу другото, да емитуваат промотивни видеа од областа на енергетската ефикасност и рационалното користење на енергијата и да поканат експерти кои ќе ја подигнат свеста на граѓаните „за потребата од енергија транзиција“ со корисни совети.

Маричиќ: Никој нема да има штета ако вклучиме уште три заедници во Уставот

„Да оставиме простор. Мислам дека имаме време. Никој нема да претрпи штета од внесувањето на уште три или четири заедници во Уставот. При тоа зборуваме за 3500 декларирани Бугари според пописот, 2145 Хрвати и околу 1000 Црногорци. Дајте да влеземе во суштината на уставните измени, вели вицепремиерот за европски прашања“, Бојан Маричиќ околу евентуалното отворање на Уставот во Собранието.

Според него, ако отвориме премногу прашања околу Уставот, тогаш тоа ќе биде „пандорина кутија“.

-Ако се држиме само до она што ни е превземена обврска како со Преспанскиот договор, може многу брзо и едноставно да се заврши. Ве уверувам дека кога ќе дојде моментот за изјаснување, сите ќе бидат на нивото на задачата. Ги познавам сите пратеници што гласаа за Преспанскиот договор и можам да кажам дека никој од нив не бил ниту купен, ниту уценет. Имаше еден процес на помирување, меѓу тоа сите тие што гласаа веруваа дека тоа е исправно. Тезата дека сите кои гласале биле уценети, не држи, вели Маричиќ и додава дека нема да го чуди доколку „ВМРО-ДПМНЕ се предомисли“ за уставните измени.

-Многупати се премислиле за многу работи. Хаосот во своите редови партијата не може да го покрие со барање за некакво изјаснување за референдум или нови парламентарни избори, рече вицепремиерот во емисијата „Топ тема“

,,Владата ќе вработи и луѓе за гасење светла”

Откако денеска потпретседателот на Владата, Артан Груби, апелираше до новинарите секојдневно да ги проверуваат сите институции, почнувајќи од Владата, Собранието, министерства, кои мерки за штедење ги применуваат согласно со владината одлука што стапи во сила од 1 септември и дека тој веќе одамна го исклучувало осветлувањето по работното време, се огласи и аналитичарот Ивор Мицкоски. Тој шеговито запраша дали ќе се отворат нови вработувања во владата – гасначи на светло.

Владата тако јако ќе штеди по институции, што покрај клатачите на врата и келнерите во странство, ќе вработи и луѓе за гасење светла.
Се за вас добри луѓе… – искоментира Мицкоски.

(Фото) Изгоре автомобил кај Влада

Возило се запали попладнево на булеварот „Климент Охридски“ спроти бензинската на „Макпетрол“ во близина на зградата на владата. Огнот беше локализиран од скопските противпожарни служби.

Засега нема информации како настанал пожарот

Штом требало да се штеди зошто не се укинат 3 – 4 министерства?

На македонската влада и стана навика да укажува дека треба да се штеди. Криза било, морало порационално да се троши, загрижени се министрите.

Мнозинство од граѓаните во Македонија ги земаат на мајтап овие владини апели, барања, опомени… Зошто е така? Зарем населението не ја гледа сериозноста на ситуацијата? 

-Ја гледаме сериозноста на ситуацијата, но не ја гледаме сериозноста на Владата во намерата да штеди, сака само населението да го товари, ни одговори еден аеродромец утрово на прашањето.

Логичниот одговор наметнува друго прашање: Кога ќе следи намалување на бројот на министрите и пратениците, кога ќе се намали администрацијата односно сиот оној „јавен сектор“ кој е прегломазен и прескап?

Така ќе покаже Владата дека навистина таа почнува да штеди. Така ќе се даде пример и другите да штедат.

Впрочем за намалување на државните функционери кои дебело се платени има и друга (дебела) причина – до сега нивната бројка беше планирана за повеќе од два милиони жители, ако веќе се намалило населението (што покажа пописот), треба да се намалат и тие кои и „служат“ на граѓаните на Македонија.

Како за се и текнува на министрите, за ова не им текна?

Има премногу министерства во Македонија. Најмалку 3 -4 треба да отпаднат. Има премногу јавни претпријатија, разни агенции и слично. Сите тие имаат раководни кадри со шофери и секретарки, па дури и советници. Многу управни одбори, па надзорни… Се тоа треба да се намали.

Па нели криза е, а и следела уште поголема? 

Текст на Скопско ехо