Tag Archives: вработени

Потпишан Општиот колективен договор – 130 илјади вработени во јавниот сектор од септември со 10 отсто повисоки плати

посочи, се прави системски исчекор во воведување на методологија за раст на платите која во себе ќе вклучува индексирање на платите по формулата просечна бруто плата помножена по коефициентот на сложеност која ќе стапи во сила од март 2025 година. 

Второто системско решение е воведувањето и во делот на исплатата на регресот за годишен одмор, односно К-15 кое во наредната година ќе изнесува најмалку 30 проценти од просечната нето плата.  

– Со цел наредната година животниот стандард на вработените во јавниот сектор да биде заштитен од евентуален инфлаторен бран согласно Колективниот договор се предвидува доколку инфлацијата надмине 3 отсто, тогаш ќе добие зголемување на платата кое ќе биде еквивалентно во процентни поени на нагорното нејзино отстапување од овие основни 3 отсто. Или, илустративно – ако инфлацијата изнесува 7 отсто, тогаш зголемувањето на платите ќе изнесува 4 отсто, појасни Битиќи.  

Повисоките плати во јавната администрација, според него, се клучни за подобруваање на квалитетот на услугите кои се испорачуваат кон граѓаните и бизнис секторот, поттикнување на продуктивноста и иноватиноста, намалување на корупцијата, промовирање на економскиот раст, привлекување професионалци и демонстрација на вредности и посветеност во заштитата и унапредувањето на јавниот интерес.  

Министерот за финансии Фатмир Бесими го оцени договорот како историски успех, со кој се вопставува здрава и солидна основа за економско-социјален дијалог меѓу Владата и вработените во јавниот сектор.

– На 130 илјади вработени им се подобруваат статусот и условите за работа, а со тоа ќе се подбрат и услугите што им се нудат на  приватниот сектор и на граѓаните. Целта е да подобрат условите за вработените во јавниот сектор и услугите што ги нудат. Со постигнатиот договор се зајакнува неависноста на јавниот сектор од политички влијанија, а платите ќе се уредуваат системски, рече Бесими, додавајќи оти се постигнува во време на сериозни кризи – економска, ковид, финасика, безбедносна.

Дел од синдикатите кои учествуваа во преговорите за општиот колективен договор, сепак, денеска не ставија потпис на договорот.

МАКЕДОНСКИ ПЛАТИ: Дури 306.944 работници или близу 60 отсто од вработените земаат помалку од просечната со која се фали Владата

Овој износ е далеку од потребите за задоволување на минималната синдикална кошничка за четиричлено семејство, за која Сојузот на синдикати на Македонија пресмета дека за април 2023 изнесува 49.384 денари.

Како што објави еконосмкиот портал Пари, процентуално пресметано ова значи дека 59 отсто од вработените се за 4.925 денари под просекот за нето-плата што го пресмета Државниот завод за статистика.

Целата статија за „сармата, месото и расолот“ со македонските плати може да ја прочитате ТУКА.

Вработени во училиште омаловажувале девојче затоа што носи шамија

Граѓанското движење „Аваја“ вчера информира за случај во кој наставничка од ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани омаловажувала ромско девојче кое носело шамија во училиштето и за време на наставата. Од таму велат дека психологот и педагогот од истото училиште упатиле закани дека нема да ѝ биде дозволено на девојчето да посетува настава.

„Аваја“ најостро го осудува настанот и најавува дека ќе достави претставка до Народниот Правобранител и ќе го пријави случајот до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

-Слободата на религијата е загарантирана со Устав и закон, а дискриминацијата врз основа на религија е забранета и од тука произлегува дека институциите мора да ги почитуваат законите и да ги почитуваат начелата на религиска толеранција, велат од Движењето.

Вчера во училиштето бил заменик-министерот за правда Агим Нухиу и државниот секретар Мухамед Точи, кои разговарале со директорот на училиштето и донеле заклучок дека ученичката може да ја носи шамијата за време на наставата.

-Родителите кажаa дека Алејна беше спречена да продолжи со настава заради шамијата во училиште во Кочани!Шамијата на една од нашите сестри не е презир, туку благодарност од секој што ќе реши да ја носи! Алејна Исмаиловска ќе продолжи да ја следи наставата! Никој не може да биде над законот! Правда и достоинство за сите, објави Нухиу.

Браво ! – Советниците и вработените во Општина Карпош ќе издвојат милион денари од ПЛАТА како помош за Сирија и Турција

Општина Карпош информира дека денеска на вонредна седница едногласно е донесена одлуката да се испрати парична помош за погодените од земјотресот во Турција и Сирија. Со издвојување од платите на советниците и на вработените во Општината за двете држави се издвојуваат по 500 илјади денари.

„На барање на советник од советничката група од Левица, останатите советнички групи го прифатија барањето и едногласно ја изгласаа предлог одлуката за обезбедување средства од буџетот на име солидарна помош во жирални давања за настраданите подрачја во катастрофалниот земјотрес.

Општина Карпош ќе додели финансиски средства во висина од по 500.000 денари за двете настрадани држави. Советниците од Општина Карпош, за таа цел, ќе одвојат по 10% од својот паушал како и градоначалникот од својата плата. Голема солидарност ќе покажат и вработените од администрацијата, кои ќе одвојат по најмалку 1% од својата плата. Овие средства ќе бидат уплатени на посебна сметка за солидарен фонд.

Со одлука на Советот, беше поддржана предлог-програмата за изменување и дополнување за активностите во областа на образованието, како и предлог-програмата за изменување и дополнување за активностите од областа на детската ,социјалната и здравствената заштита. На седницата едногласно беа изгласани и предлог решенијата за формирање комисија за реализирање на активностите во областа на образованието, верификација на членовите во комисиите за Карпошово културно лето и конкурс за поддршка на проекти од областа на културата, како и верификација на членови за формирање комисија за стипендии за талентирани спортисти, од осмо и деветто одделение“, се вели во соопштението од Општината.

Вработените во МФ излегоа на протест: СИ ГО БАРАМЕ ПОКАЧУВАЊЕТО ОД 30% !

Протест на вработените во Министерството за финансии.

Вработените во Минситереството протестираат бидејќи не го добиле ветеното покачување на платата од 30 отсто, како што беше предвидено.

-На крај на денот, Министерство за финансии е столбот на една држава. Тие се одговорни да креираат политики, но тие се и чувари на средствата на државата и мора соодветно да мотивираме луѓе да останат во Министерство за финансии. Затоа, искрено, јас имам различно гледање на тоа што е многу и што е малку. Ако ме прашате дали 30 отсто за луѓето во Министерство за финансии или луѓето во мојот кабинет кои оперираа со портфолио кое веројатно ниедна друга институција го нема, ќе речам дека тоа е малку затоа што тие заслужуваат повеќе, рече вицепремиерот Битиќи минатата година.

Буџетот за 2023 година предвидува зголемување на платите во Министерството за финансии за 30 отсто, во Министерство за образование за 29 отсто, во Министерство за одбрана близу 15 отсто, заедно 5 отсто предвиден раст на платите во целито јавен сектор.

Милијардер ги наградил своите 10.000 вработени со ПАТУВАЊЕ

Според Форбс, неговиот хеџ фонд е вреден приближно 31,7 милијарди долари, што го прави 40-ти најбогат човек на светот. Милијардерот посегнал во сопствениот џеб за да го плати патувањето во Дизни Ворлд на дури 10.000 вработени и нивните семејства, со што ја доби титулата „најдобар шеф досега“.

Портпаролот на Цитадел, Зиа Ахмед откри дека милијардерот плаќал авионски билети од Њујорк, Хјустон, Париз, Цирих и други градови, но платил и хотелско сместување, билети за Дизни Ворлд и храна, која вклучувала сè, од јагнешко до суши и паеља.

Грифин изнајмил простор на Дизни Ворлд исклучиво за вработените во Цитадел и им платил на Колдплеј, Карли Реј Џепсен и диџеј Дипло да ги забавуваат вработените и нивните семејства.

Милијардерот им се заблагодарил на вработените за одличниот бизнис и рекол дека им претстои „неверојатна иднина“.

Вработените во Клинички излегуваат на протест: Ќе бараат покачување на платите!

На Клинички: Вработените револтирани и незадоволни наредна недела излегуваат на протест

Пукна тиквата и на клинички. Огромниот револт и незадоволството на вработените, како што велат од Синдикатот ќе го искажат преку протест наредната недела. Во изјава за Сител синдикалците велат дека од бројните ветувања изминатиот период не добиле ништо и со 30 минутно излегување од работните установи сакаат да ги предупредат надлежните дека не се откажуваат од своите права и линеарно зголемување на платите.

-Осум месеци преговараме со надлежните институции, ги поминавме сите инстанци…подадовме рака и за оние 2806 денари линеарно зголемување..ги добивте..не добивме ништо. Даваме рок од 4 дена, во среда имаме Совет во Синдикат и во среда излегуваме на протест, вели Предраг Серафимовски потпретседател на Синдикат на Клинички

-со тоа линеарно зголемување очекуваме да се реши таа голема дискрепанца што се случи со минималната плата..медицинска сестра со почетни 22 000 денари и некој од технички персонал со поголем стаж ја стигнува со плата а одговорноста е далеку поголема. Револтот на клинички е огромен, вели Гордана Димевска, медицинска сестра и дел од Извршен на Синдикат на Клинички

Министерот за здравство мисли дека се договорил со Синдикатот да го пролонгираат протестот две недели за да разговараат со Фондот и финасии. Но синдикалните организации на клинички не се согласиле бидејќи како што кажаа, што може да се смени за 14 дена кога осум месеци никој ништо не реализирал.

-За конкретна сума сега не можам да зборам бидејќи јас не ги одредувам финасиите, меѓутоа дека треба да се поддрши клинички да. Се договоривме вчера со синдикатот тој протест и штрајк да го одложат две недели, вели Беким Сали министер за здравство.

За информации кои кружеле во комплексот клиники дека платите на вработените ќе биле намалени за 5 проценти а дежурствата укинати, Сали вели дека се шпекулации со политичка позадина.

Скопски Водовод пред штрајк, разрешување на директорот побара лидерот на ССМ

Нема да дозолиме изживување врз работниците во скопски Водовод, од нив да се бара извршување на задачи за кои не се вработени ниту платени, изјави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Дарко Димовски. Тој нагласи дека на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и на Советот на Градот им се даваат три дена за одлука за разрешување на в.д директорот, во спротивно најверојатно ќе следува штрајк, но и дека блокада на работата е неминовна.

„Не може хидроинженери да се испраќаат на работа во чуварски куќички, не може ниту возачи на специјални возила да седат во базата наместо да ја вршат својата работа само затоа што не му се допаѓаат на директорот. Како репрезентативен синдикат за комунални дејности при ССМ случајот го пријавивме до Државниот управен инспекторат како и во Трудовиот инспекторат. Според известувањата и решенијата добиени оттаму, јасно е посочено дека директорот Марјан Митовски работи противзаконски и дека ги крши работничките права. Добиените документи ги доставивме до тој директор, но наместо да постапи и да ги врати работниците на соодветните работни места, тој ги игнорира решенијата, рече Димовски.

Исто така, според нивните изјави, има и извршни судски решенија кои ги добиле вработените да се вратат на работа, но директорот не ги враќа.

Ако сака да врши рационализација во претпријатието, нека повели Митовски, нека рационализира со неговите два шефа на кабинет, порача Димовски и постави прашање:

„Кој има директор за технички, па директор извршен, па ваков, таков директор. Што е тој? Па тој е тој извршен директор. Имаме измислени директорски места и се ставаат негови луѓе, а луѓето што ја извршуваат таа должност се задолжуваат со задолженија”.

На прес – конференцијата пред зградата на ЈП „Водовод и канализација”, Димовски рече дека имале средба со раководството на претпријатието, но дека таа завршила без ефект.

„Неговата директорка по правни прашања го советуваше дека ова што го прави е исправно, иако убаво е напишано дека е неисправно за вчера пак, вработените да добијат пораки да не подлегнуваат на ‘индокринацијата’ од таканаречените заштитиници на човекови права, во спротивно раководството ќе биде принудено да донесе нова систематизација со рационализација на работните места“, рече лидерот на ССМ Димовски.

Инаку, Митовски на челната позиција во Водовод беше поставен на 13 септември годинава, по разрешувањето на претходниот од страна на градоначалничката Арсовска во врска со кредитот на ЕБОР за пречистителна станица. Потоа следуваа и други оставки или разрешувања на кадри на ВМРО-ДПМНЕ и раскин на коалицијата меѓу таа партијата и градоначалничката.

Утре НЕМА ДА ИМА АВТОБУСИ, Советот ја задолжи Арсовска за одлука за распределба на пари за ЈСП

На денешната вонредна седница на Советот на град Скопје беше усвоен заклучок со кој се задолжува градоначалничката Данела Арсовска со надлежните сектори најдоцна до петок 21-ви октомври до 12 часот, да достави одлука до Советот на градот за прераспределба на средства за ЈСП Скопје, како би се овозможило непречено работење на претпријатието.

За заклучокот гласаа 24 советници, без ниту еден против или воздржан.

Од синдикатите вечерва за МИА изјавија дека градоначалничката Арсовска ќе мора да ја донесе одлуката уште утре, затоа што ако остане за петок, тогаш прераспределбата најрано би се извршила по продолжениот викенд што, според нив, е многу доцна.

Од таму најавија дека за жал, утре скопјани ќе останат без јавен превоз.

-Овие луѓе имаат деца, гладни се, немаат пари да им дадат за ужинка на училиште. Овде не видовме никој да каже како ќе се реши проблемот и ќе добиеме плата туку нивни партиски и политички препукувања. Им се извинуваме на граѓаните, но ова мораше да се случи за еднаш засекогаш да го решиме проблемот со редовни плати во ЈСП, изјави Миќо Стојановски, претседателот на синдикатот на ЈСП.

Претседателот на Советот на градот Трајко Славески најави дека доколку добијат предлог-одлука за прераспределба на средства за помош на ЈСП и пред крајниот рок, ќе бидат известени сите советници за нова вонредна седница уште во текот на утрешниот ден.

Скопје утрово беше во колапс, поради повлекување на сите автобуси на ЈСП на почетните позиции поради лажна дојава за бомба.

Известувањето беше испратено во текот на ноќта на официјалниот мејл на ЈСП Скопје, па на сите автобуси им беше наредено да се повлечат од сообраќај. МВР го приведе сторителот.

Aко денес не добијат плата, вработените во ЈСП со семејствата ќе штрајкуваат изутрина

Вработените од ЈСП и покрај проверките од полицијата по дојавата за бомба во некој од градските автобуси, го одржаа штрајкот и најавија дека доколку не добијат плата денес, ќе се појават пред гаражите во Автокоманда заедно со своите семејства рано изутрина во 4.30 часот.

А денес информираа дека ќе упаднат на вонредната седница на Град Скопје закажана за 14 часот.

„Да не се повторуваме, вработените во ЈСП се гладни, гладни се и нивните семејства. На денешната средба што ја имавме трит репрезентстивни синдикати, се договоривме денес да влеземе на вонредната седница на град Скопје во 14 часот. Но, 14 часот е доцна за да некој одлучи ние да добиеме плата.

Ако не добиеме плата, ние со нашите семејства ќе излеземе на протест пред оваа гаража рано наутро во 4.30 часот. Тоа значи дека автобусите нема да излезат да возат. Сите сме гладни и не можеме да си ги извршуваме своите обврски. Нашиот револт ќе го изразиме од политичките препукувања. Јас се надевам дека ќе седнат да се договорат.

Законскиот рок за плата е 15-ти во месецот, помине ли овој датум, автобус на ЈСП нема да излезе на линија “ истакна Миќо Стојановски, Претседателот на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските (СРСВМ).