Tag Archives: Заев

Заев: Во Бугарија велат македонски јазик и македонски луѓе само официјално не го признаваат

Сметам дека 50 проценти од шансите за тргање на блокадата ќе се зголемат по изборите. И во Бугарија и во Македонија имаме избори. Политичарите се многу специфични, меѓутоа ние продолжуваме со разговорите, имаме теми пред двете страни и постои решение, изјави премиерот Зоран Заев на отворањето на Самитот за Западен Балкан на „Економист“, што се одржува хибридно денеска во Скопје.

Решението меѓу Македонија и Бугарија, нагласи Заев, ќе биде силна порака за охрабрување за целиот Западен Балкан, бидејќи се што се случува во Црна Гора, Косово или било каде, има влијание врз сите други.

– Верувам дека постои решение и имам искуство во изнаоѓање многу решенија во изминатите четири години. Лично верувам дека до крајот на оваа година е можно решение, изјави Заев.

Одговарајќи на прашање од регионалниот директор на „Економист“ за Европа Џоан Хоеј, за бугарското вето и дали добиле уверувања од ЕУ дека јазикот и историјата нема да бидат предмет на преговори, Заев рече дека по тоа прашање ЕУ ја потврдила важноста и вредноста дека и отворените прашања се билатерални прашања меѓу нас и Бугарија, и имајќи го на ум нашиот идентитет и јазик и ЕУ е многу јасна и прецизна по тоа прашање.

– Секој има право на самоопределување и тоа е многу добро. Се разбира, неодамна видов и многу позитивни сигнали од Бугарија. Тие го разбираат тоа и кога зборуваме едни со други, дури и заедно на прес-конференции тие велат македонски јазик и македонски луѓе, меѓутоа официјално не го признаваат и се надевам дека и тоа ќе го решиме набрзо, изјави Заев.

Разбирам, рече премиерот, зошто политичарите не може да ветат решенија, на пример до крајот на годината, затоа што во меѓувреме се случуваат избори.

– Но, продолжуваме да работиме. Продолжуваме по нашиот пат, прво со пријателство, преку кое што ќе добиеме многу. И двете земји сме членки на НАТО, а минатата година ЕУ донесе одлука за почеток на преговорите. Ние сме горди со се што се случува и покрај тоа што имаше пандемија, изјави Заев.

„СЕВЕРНА“ ГО ИНСПИРИРАЛА БАЛКАНОТ: Заев по повод 11 Октомври го опиша нападот во Прилеп врз неименуваниот окупатор

Празниците се моменти кога секоја генерација што ги слави треба да се запраша дали со секоја измината година правиме подобра држава, поубаво место за живеење. Македонскиот народ никогаш не окупирал и не земал туѓо. Нашите големци и дејци од минатото ги паметиме по големите космополитски идеи кои ги надминуваат границите на националното. Нашата борба секогаш била само да се биде свој на своето и да се подава рака, да се трага по заедништво. Стремеж за држава на сите и за сите, пријател со сите, порача денеска премиерот Зоран Заев во Прилеп на свеченоста по повод „80 години од Денот на народното востание, 11 Октомври“.

Тој во својот говор истакна дека денес Северна е ценет и посакуван партнер, успешна приказна која започна да ја менува приказната на Балканот.

– … Македонија е препознаена и како инспиратор на еден нов Балкан, изјави Заев.

Говорејќи за големината на овој празник Заев истакна дека нашите борци од народно-ослободителната војна, и сите наши претходни генерации, оние што ги вградиле своите дела и животи во слободата, ни ја дале државата како дом за сите, како дом на слободата.

-Поради храбрите борци на НОБ, сега стоиме тука горди, со кренати глави чувајќи го аманетот на нашите државотворци. Аманет поради кој денес, сите ние – Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и сите други, имаме патриотска должност секогаш да бидеме обединети во негувањето на нашето праведно општество. Општество на еднакви можности, општество на правда, одговорност и еднаквост – едно општество за сите, истакна во својот говор.

Тој напомена дека празнувањето на големите датуми, оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата, е само еден дел од нашата должност кон нашето достојно минато.

-Нашиот патриотизам, идните генерации ќе го слават само ако им дадеме повеќе причини за тоа. Како што нам, причини за славје ни даде генерацијата борци од антифашистичката и народноослободителната борба, рече Заев и потсети дека годинава одбележуваме уште еден голем јубилеј – 30 години независност.

Заев нагласи дека денес Република … Македонија е меѓународно призната држава со сопствена армија, со државна валута и со сите постулати на државност, со место во Обединетите Нации, со кристална и недвосмислена потврда за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет, членка на НАТО.

-Македонскиот јазикот се користи слободно секаде во сите меѓународни институции, активности и настани. Уште во самиот почеток на независноста граѓаните недвосмислено го посочија патот по кој треба да се движи македонската државност. Тоа е патот на прогресивните демократии, европскиот пат, патот кон демократските вредност, истакна Заев.

Тој говореше и за добрососедските односи, нагласувајќи дека преку отворен пристап е воспоставена соработка со сите наши соседи.

-Градиме партнерски однос со сите држави од соседството – Бугарија, Србија, Косово, Албанија и Грција, со коишто секојдневно заедно соработуваме на сите полиња. Со упорност и одважност ги постигнавме Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија и Договорот од Преспа со Грција. Тоа беа крупни, храбри чекори за да потврдиме дека нашата земја била и секогаш ќе биде Европа. Дезинформираа дека наводно сме го бришеле АСНОМ од нашата историја, од нашиот Устав. Никогаш, по никоја цена. Не само што не се избриша во Преамбулата на Уставот, туку напротив, АСНОМ сега се спомнува и вреднува уште повеќе. Уште посилно го зацврстивме местото и значењето на АСНОМ во државно-правната традиција на нашата земја. Се зборувало ли повеќе, било кога, за македонскиот јазик. Посветивме и Ден, празник на македонскиот јазик, тоа е 5 Мај, нагласи Заев.

Заев: Можеме да бидеме Швајцарија на Балканот

Дебар секогаш бил пример за соживот. Јас сум учел токму од Дебар. Порачувам да си го сочуваме заедништвото, да се почитуваме и да не дозволиме никој да не дели заради политички цели, беше пораката на лидерот на СДСМ, Зоран Заев до дебрани на изборниот митинг одржан попладнево.

Исто така тој ги повика своите сопартијци и сите дебрани да го подржат Хекуран Дука, од ДУИ, за градоначалник „ кој го заслужува вториот мандат, како човек кој вреди, кој реализираше проекти во изминатите години за доброто на сите граѓани во општината“.

-Парарелно со решавање на проблемите, кои не беа решени 30 години, не ги заборавивме општините. За четири години во општините реализиравме 7.000 проекти со директна подршка од централната власт, изградивме 70 училишта, 60 градинки и многу други што се во интерес на локално ниво. Ја зголемивме минималната плата од 9 на 15 илјади, а догодина таа ќе изнесува 18 илјади. Од јануари пензиите ќе се пресметуваат според нова методологија, според порастот на просечната плата, а пензискиот фонд е стабилен. Невработноста на младите од 42 отсто се намали на 22 отсто а вкупната невработност од од 25 на 15,9 отсто, рече Заев најавувајќи продолжување со реализација на проекти, посочувајќи повеќе од нив за општина Дебар.

Тој рече дека донеле историски одлуки кои некој немал храброст да ги донесе.

-Станавме земја – членка на НАТО, што значи ја обезбедивме безбедноста и сигурноста, дома сме сплотени сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми и другите, со сите соседи имаме добри односи и соработка, очекувам да го надимнеме и проблемот со Бугарија, на меѓународен план сме почитувани и земја со многу пријатели, додаде Заев.

Порача дека земјата ги има сите природни убавини и богатства и оти можеме да бидеме Швајцарија на Балканот „само што треба да бидеме единствени и да работиме на тоа“.

Пред дебрани се обрати и носителот на листата за советници во Советот на општината, Зеќир Демоски.

-На кандидатската листа се луѓе интелектуалци и профсионалци, кои ветувам дека ќе работат за интерсот на граѓаните. Ќе бидат присутни меѓу граѓаните како во градот така и во селата, за да непосредно ги слушнат проблемите, да ги презентираат во Советот и да бараат нивно надминување, рече меѓу другото Демоски.

На митингот присуствуваше и кандидатот за градоначалник, Дука, пратеничката во македонскиот Парламент од Дебар, Арбана Пашоли и членови на оваа партија.

Што би му пишале на Заев за РОДЕНДЕН, денеска полни 47 години

Премиерот Зоран Заев денеска го пославува 47-от роденден.

Тој е роден на 8-ми октомври 1974 година.

Оваа година роденденот го прославува за време на предизборната кампања за Локалните избори.

Што би му пишале на Заев за роденден, каква честитка би му напишале или дали би му посакале нешто ?

(Видео) Новинарот му ја спомена сликата од авион: 3aeв се налути „ех колку сте интересни“

Зоран Заев денеска беше запрашан кога Македонија навистина ќе го добие фамозниот датум за почеток на преговори со ЕУ за кој слушаме веќе четири години.

Новинарот на Алфа, Матеја Петровски му ја спомена на Заев сликата од авион во чиј опис стоеше дека Македонија добила датум за преговори со ЕУ, по што премиерот се налути.

-Станав и интересен за ел хефе, на Петровски на Фејсбук.

Погледнете:

Заев за пожарот: Кој сум јас да кажам дали треба да има друг приклучок за полнач на телефон? (Видео)

Модуларните болници се правени според високи стандарди и такви се во целиот свет, уште еднаш порача денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата, на која соопшти дека не ги прифати оставките на Филипче и Хасани.

„Кој сум јас да кажам дали треба да има друг приклучок за полнач на телефон во модуларна болница? Вие очекувате од мене да бидам истражител. Не ми е тоа надлежност, и за тоа има надлежни институции. Модуларните болници се градени според светски планови. Тие се болниците, нема да бидат други. Не значи дека ќе ги срушиме со булоджери“, истакна Заев.

Дефибрилатор бил причина за ПОЖАРОТ во Тетовската модуларна болница, Заев не ги прифати оставките !

Скопје, 5 октомври 2021 (МИА) – Премиерот Зоран Заев не ги прифати понудените оставки од морални причини на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, во врска со пожарот што избувна на 8 септември годинава во Модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица.

– Нема причини да се лоцира политичка или менаџерска одговорност кај министерот Венко Филипче и заменик министерот Илир Хасани, кои од морални прични поднесоа оставки. За евентуалните грешки причинети од човечки фактор ќе се произнесат надлежните органи, изјави денеска премиерот Заев, додавајќи оти им ја дава довербата да продолжат да го водат здравствениот систем.

Заев нагласи дека останува на ставот оти нема да дозволи политизирање на трагедијата во тетовската болница. – Ние политичарите и извршната власт, генерално не смееме и нема да го толкуваме извештајот на вештите лица кои постпауваа по наредба на Јавното обвинителствот на Република Северна Македонија, истакна Заев.

– Откриена е причината за пожарот и таа е јасно и јавно објавена. Ја примив оваа информација и постапувам и веднаш дадов насоки до Минизтерството за здравтсво во најкус можен рок да се  извршат темелни теренски контроли во сите модуларни болници. Сега е најважно да се засилат контролите и проверките за да се намали ризикот од вакви несреќи предизвикани од страни предмети во иднина, поради што за жал изгубивме 14 животи, рече Заев.

Тој наведе дека ни се случи страшна трагедија, но не сме единствена земја во светот во која се случуваат вакви трагедиии и при тоа повторно изрази сучувство до семејствата на загинатите.

Претходно денеска, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, информираше дека во Основното јавно обвинителство – Тетово е доставен Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, изработен од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи.

– Со вештачењето се утврдува дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат, се вели во соопштението.

Заев за скандалот кој ја вознемири јавноста: Што е тоа за извидничкиот камп? Првпат слушам

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање да го каже својот став изјави дека првпат слуша за аферата со скандалозниот извиднички камп кој деновиве ја вознемири јавноста.

Премиерот Заев изјави дека не е информиран и побара новинарското прашање да му биде доставено писмено.

Ова е неговата изјава:

„Што е тоа за извидничкиот камп? Не знам што се случува во моментов. Не сум информиран. Ако ми појасните што е тоа со извидничкиот камп. Ве молам писмено да доставите за што точно се работи да дадам одговор за личен мој став или за став на Владата. Навистина првпат слушам за ова“.

Имало и тука ФАШИСТИ ама не биле окупатори – премиерот (не) ја гледа разликата?

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека и во Македонија за време на Втората светска војна имало лица кои биле соработници со фашистите и затоа не треба сега нациите да се врзуваат со фашизмот.

„Во европските земји фашизмот нема етничка боја, нема национална боја. Фашистичкиот окупатор има поставеност во делови на структури, групи, или би го нарекол, одредени лидерства во целиот овој период. Ние имавме соработници на фашизмот и овде во Македонија целиот тој период. Не може да кажете дека цела една нација била фашистичка. Не можете да кажете и за нас дека сме биле сите со партизаните, бидејќи имало и некои кои биле соработници на фашистичкиот окупатор во Втората светска војна“, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Инаку, на прашањето што ќе учат децата, од кого била окупирана Македонија и кој бил фашистички окупатор, Заев кажа дека граѓаните апсолутно ќе знаат кој бил на страна на фашизмот, но повтори дека не треба да се дава етнички предзнак и етничка придавка пред фашистичкиот окупатор.

„Фашистичкиот окупатор е Третот Рајх и пактот создаден од Германија, Италија и Јапонија, на кој се придружија земји меѓу кои и Бугарија. И тука нема дилема дека тој фашистички окупатор ја има окупирано земјава. Но, не можете да ги осудите и децата на тогашните генерации и сите од таа генерација дека биле фашисти“, рече Заев.

Редакциски коментар:
Историски непобитна вистина е дека во Македонија постоеле соработници на окупаторот и отворени симпатизери на фашизмот, меѓутоа тие не окупирале туѓа земја, како што направиле бугарските фашисти. Се разбира дека не може целиот бугарски народ да се стави во фашистичка конотација, напротив и во самата Бугарија постоеле партизани и противници на фашизмот, но не треба да се заборави дека фашизмот бил на власт кај источниот сосед и токму од таа позиција, со војска и полиција влегол на македонска територија да ја окупира и подјарми на сопствените интереси. И тоа нема врска со децата на тогашните генерации, туку со објективната вистина за случувањата во текот на Втората светска војна.

Заев: Од учебниците ќе се брише – „бугарски фашистички окупатор“

Премиерот Зоран Заев кажа дека и во учебниците ќе се менува „бугарски фашистички окупатор“ во „фашистички окупатор“, бидејќи, како што тврди тој, тоа било во духот на пријателството. Одговарајќи на новинарско прашање за бугарските барања за симнување на ветото за преговори со ЕУ, Заев кажа дека кај дел од македонските споменици веќе е направено тоа, на денешната прес-конференција за Законот за финансирање на општините.

Голем дел од спомениците кои што ги има и во Република Бугарија и во Република Северна Македонија треба да бидат во пријателски дух, не смее фашизмот да има етнички димензии. Кај одредени некои наши споменици веќе тоа е направено. Каде што стоело бугарски фашистички окупатор, сега веќе е фашистички окупатор, бидејќи не можете нација да обвините за учество во третиот пакт во тоа време. Музеите ни се во ред, туку одредени споменични целини и одредени учебници и во Северна Македонија и во Бугарија, ќе треба да духот на пријателството да ги учиме следните генерации“, изјави Заев.

Премиерот зборуваше и за т.н. Патоказ, со кој треба да се надмине бугарската блокада за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Прво ќе има дипломатска нота со која се опишува дека краткото име е исто со долгото име. Северна Македонија е исто со Република Северна Македонија, дека немаме територијални претензии. Дека не се мешаме во внатрешните работи, секако и за малцинските работи. Тие луѓе се граѓани на Република Бугарија и тие луѓе имаат право да си ги бараат правата како што е и во Република Северна Македонија организирано и во другите европски земји. Сите секторски соработки помеѓу институциите во буквално сите области. Да реагираме во спречување на говор на омраза, пред сè самите институции, да градиме пријателство, а не да провоцираме со непријателство“, изјави Заев.

Извор: СДК МК