Tag Archives: здравство

Салиу: Ова што го слушнав, вечерва не ми дава да заспијам- 3 годишно дете умрело пред очите на родителите

Новинарот Фуркан Салиу вечерва на социјалните мрежи пренесе трагичен случај, сторија за која вели дека не му дава да заспие.

– Скоро секој ден слушам неверојатни стории од луѓе кои бараат помош затоа што системот е нефункционален, но оваа што ја слушнав денес не ми дава да заспијам. Дете со акутна миелоидна леукемија после првата терапија паѓа во кома и мора итно во просторија за реанимација. Во едниот лифт не го собира креветот, другиот не работи. Медицинскиот тим бара друг помал кревет кој ќе го собере во другиот лифт, во меѓувреме детето умира… И сето ова се случува пред очите на родителите, напиша Салиу.

Поради вакви случаи, додава новинарот заминуваат луѓето од оваа држава.

Вработена на онкологија тврди дека лекари приватно препродаваат лекови на болни од рак!

Медицински персонал од Клиниката за онкологија сведочи дека пациентите биле манипулирани со лековите за рак.

Вработена во клиниката која сакаше да остане анонимна вели дека терапиите не им се даваат на пациентите во целост, туку половина од ампулата останува да се продава приватно. Таа за “Алсат” тврди дека 6 од 20-те лекари кои даваат скапи терапии вредни илјадници евра прават вакви манипулации и дека во одделението на дневната болница има посебен простор од задната врата каде што влегуваат пациенти кои плаќаат.

Според вработената на онкологија, пофлагрантно се кршат прават на пацинтите во ноќната смена. Скапите терапии за рак се даваат со вкрстен потпис на директорот, специјалистот и главните медицински сестри. Таа вели дека ги пријавува овие неправилности од сочувство кон пациентите кои страдаат.

Има наводи и за други злоупотреби на Клиниката за онкологија. Анонимно писмо укажува на сомневања дека во системот се активни лица кои починале пред неколку години, а во нивно име се пишуваат терапии

Директорката на Детска клиника, Софијанова и директорот на онкологија, Васев поднесоа ОСТАВКИ

Директорката на Детската клиника, Аспазија Софијанова поднела оставка.

Како што информираше Министерството за здравство, оставката доаѓа по барање на министерот, откако ТВ Клан и новинарот Фуркан Салиу открија скандал дека земала до 5000 евра месечни примања, ако се соберат платата и дежурствата.

Поскандалозно било тоа што и биле пишувани дежурства, а таа била надвор од државата.


Оставка поднесе и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Никола Васев каде исто така биле откриени нерегуларности.


Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на Министерот, јавноста навремено ќе биде информирана, велат од МЗ.

Тодоров го ПОТПИША, Филипче го РАСКИНА, Сали ќе плаќа 8.5 мил. евра пенали за неизградениот Клинички

Дури 8,5 милиони евра треба да исплати Министерството за здравство поради раскинување на договорот за изградба на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Тодоров го потпиша, Филипче го раскина а сега Беким Сали ќе ги плаќа пеналите на италијанската фирма, дознава „Сител“. Според информациите на телевизијата, во МЗ веќе стигнале две писма од компанијата и правниот тим бара начини како да ги намалат милионите но и да не плаќаат заостаната камата со која сумата ќе биде драстично поголема.

Од Министерството за здравство ниту ја демантираат ниту ја потврдуваат информацијата дека ќе треба да потрошат многу пари за раскинување на договор.

Колку за споредба, 8,5 милиони евра кои за ништо ќе бидат оддлеани од буџетот е сума колку што чини новата детска болница во Козле, или, пак, набавка на 4 нови линеарни акцелератори за онколошки пациенти.

Во 2017 година кога Никола Тодоров како технички министер го потпиша договорот со италијанската фирма кажа дека новиот објект ќе биде изграден за 5 години и ќе чини 72 милиони евра. Сега на ова место позади ќе имаше готов проект, но наместо тоа надлежните ќе плаќаат пенали а за нов клинички комплекс нема ниту сериозни најави каде ќе биде и кога ќе го градат.

Претходниот министер за здравство Венко Филипче ниту еднаш не потврди дека фирмата со која го раскинаа договорот ќе бара плаќање на пенали. Арбитражен суд е една опциите на сегашниот прв човек во здравствениот систем за да не даде толку многу пари во време на економска криза.

Луѓе ни умираат на забар, горат, им вадат органи на операции, сепси, хемофилтрации… Здравството ни е за гревои

Случајот со 25-годишното момче од Берово кое почина од сепса по интервенција назаб во штипската клиничка болница повторно го покрена прашањето за македонското здравство!

Ина Многуфина со став на темава, со кој се согласуваат многумина!

-Ќе почне ли некој да одговара за лекарски грешки во оваа држава? Луѓе ни умираат на забар, горат, им вадат органи на операции, сепси, хемофилтрации, што уште не е тема за истраги… Здравството ни е за гревои, со години приоритет е кај ќе се гради новиот Клинички и на кого ќе му падне секирата во тендерот. Све се распаѓа полека но сигурно. 

,,Со свои раце детето си го ставив во ковчег и го погребав !”

Мајка која го загубила своето дете лутајќи низ болничките лавиринти низ земјава по лек, го споделува своето потртесно искуство преку отворено писмо.  

Таа пишува дека нејзиното дете малата Никоја својот кус живо го минува по болниците, од операција на операција, од инфузија на инфузија, од „нормално е“ до „ќе се среди“, а умра од Хиршспрунгова болест, најтешката вродена маана на црева, која се оперира во првите 20 дена од животот на бебето. 

Во нејзината објава за вистината за македонското здравство таа опишува како болеста можела да се открие уште првиот пат кога лежеле на Детската клиника, и како било нивна задача да ја доследат состојбата, но тие биле испуштени дома.  

– Николија таа операција ја имаше на 7 месеци, само 1 месец после операцијата на срце. Огромниот стомак притисна на срцето и тоа престана да чука, ја реанимираа и мораше да оди директно во сала. За време на операцијата се извади дел од нејзиното дебело црево на кое имало дупка од толку страдање низ која се излеваа фецес и бактерии во крвта, тука се потврди дека доаѓаат бактериите од таму. Во многу критична состојба беше вратена на интензивна нега каде што никако не успеваше да излезе од кризата,ниту од сепсата. По 9 дена ми се јавија да одиме да ја видиме зошто состојбата драстично се влошила. Кога појдов, ќерка ми беше модра и со жолти очи. Беше будна но како да не беше тука. Знаев дека е крај, вели таа. 

Верица на јавноста ѝ ја доближува вистината за македонското здравство. На сите кои на своите лажни и купени дипломи го носат трулиот здравствен систем им порачува секој крик на родител и детски плач да им ѕвониво ушите и да ги мачи до последниот здив. 

Постот може да го прочитате на следниот линк:

https://www.facebook.com/100048883520868/posts/pfbid0Y64UXhy353iy9z11hTBHf6ruFQTVFYfootVQxd5Y77CkWpDpkHPoB2L4j4F6376pl/

Управниот одбор на Фонд за здравство „лапал“ огромни хонорари (Фото)

И покрај владината одлука за висината на надоместоците на членовите на Управни одмори, одредени институции не ја почитуваат, конкретно, станува збор за Фондот за здравство.

Иако Владата на 20.04.2021 година донела заклучок да се зголемат надоместоците на претседателите на УО од 12.000 од 18.000 денари, а на членовите од 10.000 на 15.000 , во јули истата година се поништува таа одлука.

Но, Управниот одбор на Фондот за здравство не постапува по одлуката на Владата и нивните членови и претседатели земаат се уште повисоки надоместоци.

Извор: Вечер.мк

Сали: Да беше хемофилтрацијата 500 денари, немаше да се жалите!

-Да беше хемофилтрацијата 500 денари, немаше да се жалите, изјави министерот за здравство, Беким Сали, на денешната прес-конференција во врска со објавената сторијата на ИРЛ за Клиниката „Жан Митрев“.

-Вашата жалба не е од медицински аспект, туку од финансиски аспект. Имате за тоа Финансиска полиција. Ако жалбата е во износот на парите, ние овде сметаме дека здравјето не познава финансии. Да беше хемофилтрацијата 500 денари, немаше да се жалите. Значи, не е така. Антибиотиците кои масовно се користеа, исто така оставија последици. Тек сега се справуваме со пост-ковид последици. Во овие случаи не може да гледате само од финансиски аспект. Ниту еден министер, доктор… не може да каже дека во ковид кризата нешто се правело врз основа на докази. Се што се правеше е врз основа на искуства од минатото, вирусот е нов и никој не е сигурен што прави. Барам да бидеме коректни – рече Сали.

Здравство: Да се ИЗБЕГНУВА ИЗЛОЖУВАЊЕ НА СОНЦЕ МЕЃУ 10 И 14 ЧАСОТ !

Поради високите температури кои деновиве ја зафатија земјава, Министерството за здравство апелира да се почитуваат препораките за заштита на здравјето, а особено да се внимава и да се преземаат соодветни мерки за заштита од УВ зрачењето. Ако УВ индексот е повисок од 8, задолжително да се користи крем со заштитен фактор и капа, како и да се внимава движењето надвор да биде во сенка.

УВ зрачењето и топлината се најсилни во периодот помеѓу 10 и 14 часот и се препорачува во тој период да биде што е можно помала изложеноста на сонце. Воедно, на плажа треба да се има предвид дека белиот песок и другите светли површини рефлектираат УВ зрачење и може двојно да ја зголемат изложеноста на зрачењето. Денес УВ индексот изнесува осум.

Од Министерството препорачуваат во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред сè климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период да се најде можност за почести одмори под сенка. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце заштитни очила и капа. За сончање да се користи крем со висок заштитен фактор.

За да нема дехидратации да се пијат многу течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. Воедно, да се јаде помалку храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

Поради високите температури и зголемената можност за труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и јадење во многу кус рок по готовењето, а ако тоа не се направи, така зготвената храна да се стави во ладилник на плус 4 степени Целзиусови и пред употребата да се загрее на сто степени. Се препорачува да се избегнуваат производи кои не се термички обработени.
На хронично болните се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.
Министерството за здравство заедно со Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството, во континуитет и на дневна основа ја следат состојбата и ако има пораст на температурите согласно најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе бидат предложени соодветни превентивни мерки.

Казиното во Дојран доби забрана да врши здравствена дејност – Каде ќе се лечиме ??

Казиното во Гевгелија кое давало лажни ПЦР тестови со жетони за само десет евра, по надзорот извршен таму и забрана за вршење здравствена дејност, што се најде на мета на мајтап на мрежите.

По завршување на надзорите ДСЗИ донесе решение за забрана на ДОО King Europe за вршење на здравствена дејност спротивно на прописите на Законот за здравствена заштита

– употреба на објект без претходна согласност или одобрение од МЗ

За ПЗУ Ели Медика Плус – решение за забрана за

– вршење на здравствена дејност спротивна на прописите за здравствена заштита

– употреба на објект без претходна согласност од МЗ“, велат од ДСЗИ.

Инспекторатот ѝ забрани на Ели Медика Плус да врши ковид тестирања во дојранските казина, а целата документација ќе му биде доставена на Министерството за здравство. Казиното пак доби забрана за вршење на здравствена дејност и употреба на просторот без претходна согласност од Министерството за здравство.