Tag Archives: здравство

До крајот на 2021 Македонија може да вакцинира 1/6 од граѓаните

Министерот Филипче пред два дена најави дека на дневно ниво, со работа на пунктовите за вакцинација со полн капацитет очекува да се вакцинирааат од 2000 до 2500 граѓани.

Ако се земе средната бројка 2250 од тие што ги дава како максимални бројки Филипче тоа значи дека за 26 дена месечно (без неделите) во Македонија може да се дадат 58500 вакцини односно дас е вакцинираат 29250 македонски граѓани.

Ако вакцинацијата започне на 10 овој месец што е најдобро можно сценарио тоа значи дека до крај на 2021 година во Македонија нема да може да се вакцинира ни една петина од населението кое е цел на вакцинацијата.

До крајот на 2021 година остануваат 325 денови односно околу 275 дена без неделите и државните и верски празници кога не се работи.

Ако оваа бројка се помножи со средниот број од тие што ги дава Филипче излегува дека оваа година вкупно може да се дадат околу 619 илјади вакцини.

Но бројот на граѓани кои можат да се вакцинираат е двојно помал затоа што секој што ќе прими вакцина по 21 ден ќе мора да се ревакцинира во истите здравствени капацитети каде се врши и првичното вакцинирање.

Тоа ја намалува бројката на можни вакцинирани граѓани за половина односно на околу 300 илјади луѓе што е околу една шестина од вкупниот број на население според гласачките листи кои се слична база и за имунизацијата која засега не опфаќа деца под 18 годишна возраст.

Во најдобар случај ако Филипче го реализира ветувањето за максимални 2500 вакцини дневно тогаш бројката е околу 340 илјади вакцинирани граѓани, повторно многу мала во однос на сите кои имаат право и сакаат да се вакцинираат.

Според неофицијални анкети околу половина од граѓаните не сакаат да се вакцинираат што сепак остава бројка од околу 900 илјади луѓе кои би сакале да се вакцинираат.

За Македонија да ја спроведе целосната имунизација кај тие што сакаат да примат вакцина ќе и бидат потребни речиси 3 години.

Ако од здравствени или други причини биде донесена политика за задолжително вакцинирање со постоечките капацитети ќе ни требаат најмалку 5 години за вакцинација на целото население без децата до 18 години.

Овие бројки се базираат на тие што официјално ги дава министерот Филипче за максимален број вакцинации, на неговото ветување дека ќе стигнат доволно вакцини и дека системот за имунизација навистина е на високо ниво како што тврди тој.

Доколку еден од елементите што ги наведува министерот потфрлат Македонија може да има проблем да вакцинира и далеку помала бројка граѓани овие 300 илјади годишно – пишува Експрес.

За 7 дена во февруари 45 заразени со мутираниот СарсКов2, денеска починати 22 лица

Министерството за здравство информира дека во лабораторијата на ИЦГИБ-МАНУ во периодот од 1 јануари до 7 февруари, 2021 година е утврдено присуство на СарсКов2 вирусот од Велика Британија кај 45 примероци на брисеви од заразени лица – вели во соопштение Министерството за здравство.

Првиот пациент со овој тип на вирус во оваа лабораторија е дијагностициран на 13.01.2021 во Охрид и оттогаш неговата застапеност прогресивно се зголемува. Во моментот оваа варијанта на вирусот е најфреквентна во Охрид и Прилеп, а е присустен и кај одредени пациенти во други градови: Тетово, Струга, Куманово, Штип, Велес.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 726 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 45, Кавадарци – 11, Прилеп – 8, Струга – 3, Неготино, Тетово и Велес по 2, Куманово и Кочани по 1.

Денеска се регистрирани 75 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 94.871, оздравени се 1440 пациенти – починати се 22 лицa

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.871, бројката на оздравени пациенти е 85.439, на починати е 2.946, а бројот на активни случаи изнесува 6.486.

Министерството за здравство апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките и препораките кои се во интерес на заштита на здравјето на сите.

Вработените од болницата „8-септември“ излегоа да протестираат

Со транспаренти „И ние сме здравство и работиме во ковид болница“ вработените административци и технички персонал во ГОБ 8 септември излегоа на протест.

Бараат да им исплати парична награда од 30.000 денари затоа што и тие како и докторите работат со ковид пациети. Станува збор за 195 лица.

Дел од нив реагираат и дека работат без продолжен договор за работа, а 150 лица се без решение за работа веќе 6 години.