Tag Archives: жена

Жена се породи под урнатините во Сирија (Видео)

Мајка од Сирија се породила под урнатиите од земјотресот во Сирија, бебето е живо и здраво, но за жал мајката не преживеала.

И покрај тешката ситуација во која се наоѓа градот, во целата несреќа во Алепо се случи чудо.

Жена под урнатините на свет донела живот и го изгубила сопствениот – родила здраво бебе, но за жал истата не го преживеала катастрофалниот земјотрес кој денеска ги зафати Сирија и Турција.

На видеото се гледа моментот кога маж го носи штотоуку роденото бебе да ја добие потребната помош.

Србија во ШОК – Во фрижидер пронашол замрзнато бебе, мислел дека е векна леб!

Зоран М. (62) во чија куќа во Земун синоќа беше пронајдено замрзнато бебе за српски Информер вели дека се шокирал кога го видел телото.

Како што објаснува човекот, замрзнувачот му се расипал и така го открил страшното злосторство.

-Замрзнувачот не ми работеше добро, па викнав мајстор да го направи. Човекот дојде и ме замоли да го испразнам за да може да го пронајде дефектот. Ги извадив речиси сите работи кога на дното забележав ќеса и во неа пешкир. Го одмотав пешкирот и видов мртво бебе. Прво помислив дека е леб, бидејќи поранешната сопруга знаеше да замрзне векна леб. Меѓутоа се уверив дека се работи за бебе кога му ги видов рацете и главата. Ужас, вели Зоран кој додава дека му се слошило кога видел.

Како што вели, веднаш повикал полиција која го однела безживотното тело, а од него земала ДНК примерок.

Наводно се сомневаат на мојата поранешна сопруга Лидија која мене и четирите заеднички деца не’ напушти во мај минатата година. Колку што се сеќавам имаше некои гинеколошки проблеми пред да се разделиме, но не знам дали би можела да направи нешто вакво. Во оваа куќа сум роден и никој нема пристап во просториите во неа освен мене и мојата поранешна сопруга додека живееше под овој кров, вели Зоран.

Полицијата трага по Лидија за да ги утврди сите околности на овој случај.

Што ти значи жена од Балкан – Госпоѓа Ружа ги среди напаѓачите/крадци во кладилницата (Видео)

Вистинската драма се одвивала во обложувалница во Љубиќ , кога група крадци со глави и стапови упаднале во зградата барајќи од работникот да ги предаде сите пари.

Но, таа не се исплашила и се предала, туку им пружила жесток отпор на напаѓачите, кои на крајот дури успеала да ги избрка.

„На крајот еден од нив го срушила обидувајќи се да му ја соблече качулката, па напаѓачите побегнале. Ружа успеала да ја спаси касата од крадците, иако биле двајца“, извор запознаен со инцидентот изјавил за српските медиуми.

Оваа вредна работничка во обложувалница во Љубиќ е самохрана мајка и ова е само една од работите што ги работи за да го издржува семејството.

Целиот случај ќе биде пријавен до надлежните органи.

Пронајдено телото на жената што на новогодишната ноќ се фрли во Вардар во Велес

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека во понеделнкот полициски специјалци од МВР го пронашле телото на женското лице кое на новогодишната ноќ се фрлило во водите на река Вардар кај Велес.

„Регионалниот ЦУК Велес информира дека од Полицијата – СВР Велес добиле информација дека во 12:20 часот денеска во близина на мостот кај село Кочилари од страна на полициските специјалци од МВР е пронајдено телото на женското лицето кое на 31.12.2022 година (половина час по полноќ) се фрли во водите на реката Вардар од Мало Мовче во централното градско подрачје во Велес“, информираат од ЦУК во објава на социјалните мрежи.

Како што соопштуваат од ЦУК, телото е извлечено на брегот на реката и се чека екипа од СВР Велес за увид на лице место, по што ќе следи процедура за потврда на состојба од лекар и од јавен обвинител.

ЦУК: ПОТРАГАТА ПО ЖЕНСКОТО ЛИЦЕ КОЕ СЕ ФРЛИЛО ВО ВАРДАР ПРОДОЛЖУВА ДО ВЛИВОТ НА БАБУНА

Регионалниот ЦУК Велес, од вчера после полноќ е во тек и координира со потрагата по женско лице од с. Сујаклари, кое од Мало Мовче во Велес, во 00.35 часот се фрлило во реката Вардар. На лице место веднаш било барано телото од страна на екипа од 3 пожарникари на ТППЕ Велес и една екипа полицајци од СВР Велес. ЦУК, преку РЦУК Велес, во координација со СВР Велес и ТППЕ Велес има добиено информации дека телото се уште не е пронајдено. Паралелно со итната потрага се известени сите релевантни институции – субјекти во Системот за управување со кризи (СУК).

Денеска (31.12.2022 година), од утрото потрагата продолжила, при што се вклучени 6 пожарникари од ТППЕ Велес и 9 полицајци од СВР Велес. Се пребарува теренот низводно до вливот на реката Бабуна во реката Вардар. Телото на женското лице од с. Сујаклари коешто од Мало Мовче се фрлила во реката Вардар се уште не е пронајдено, според досегашните информации пристигнати во ЦУК од вклучените субјекти во потрагата.

Ќе ви падне вилицата од сопругата на хрватскиот голман (Фото)

Досега се видени многу големи и шокантни моменти, но деновиве, логично, најмногу се зборува за подвизите на Мароко и Хрватска, кои ретко кој ги виде меѓу четирите најдобри селекции на Мундијалот, особено по нивниот прилично неинтересен дуел на старт на натпреварувањето во групата Ф (0:0).

Хрватската фудбалска репрезентација доби пофалби кога ја елиминираше Јапонија на пенали во осминафиналето, но кога истото го направи и против првиот фаворит на турнирот, моќниот Бразил, ги воодушеви сите кои заборавија дека „Ватрените“ пристигнаа во Катар како светски вицешампиони. И сега се на чекор од новото финале на СП.

Момчето кое деновиве е топ тема во светот, неодамна се заколна на вечна љубов на својата долгогодишна девојка и добро познато лице на социјалните мрежи.

Голманот на Динамо Загреб доби честитки и воодушевувања од целиот свет, а меѓу оние кои им даваат најголема поддршка деновиве е неговата животна сопатничка Хелена Ливаковиќ која го бодри од трибините и во Катар.

(Видео) ХОРОР во Приштина: Бремена жена изрешетана пред болница!

Бремена жена на возраст од околу 35 години, која дошла на Клиниката за гинекологија во Приштина за да се породи, попладнето била убиена со неколку истрели од огнено оружје пред влезот во клиниката, јавуваат локалните медиуми.

Според полицијата, околу 18.00 часот пристигнала пријава дека во дворот на Универзитетскиот клинички центар на Косово е пронајдено тело на жена. Според информациите кои ги објавија медиумите, убиецот e сопругот на застреланата жена, со која биле во процес за развод на бракот.

„Во моментов полицијата во координација со државниот обвинител започна истрага и продолжува со преземање на сите истражни дејствија, со цел целосно расветлување на настанот“, се наведува во соопштението на косовската полиција.

Засега нема информации за уапсени осомничени за страотното злосторство.

Реагираа косовските политичари. Премиерот Албин Курти изјави дека ова е „сурово, неприфатливо и неподносливо“ убиство.

„Згасна живот кој носеше уште еден живот. Жената беше бремена. Околу 35 години, ниту на половина живот. А детето кое сакаше да го роди не го ни започна животот. Суров убиец”, напиша Курти во објава на Фејсбук.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, порача дека мора да се стави крај на „бранот на криминалот“ и „фемицидот“, барајќи правда за жртвите на насилство.

„Одговорот за насилниците и убијците е ред, закон и максимална казна“, порача Османи.

Ова е втора жена која е убиена во последните денови на Косово, откако на 25 ноември беше објавено дека маж си ја убил сопругата со секира, исто така во Приштина.

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Жена и три дечиња останаа на улица – куќата им изгоре!

На социјалните мрежи е упатен апел за помош на семејство.

Се работи за мајка и три дечиња од скопско Катланово на кои пред неколку денови им изгорела куќата и истите во моментов се оставени на улица.

Нејзиниот сопруг починал откако бил хоспитализиран во многу тешка состојба.

Немаат ниту храна, ниту облека. Доколку сакате да донирате финансиски средства, тоа можете да го направите преку:

Здружение на граѓани “Стопли Срце”
Сметка за донации: 270072685480143
IBAN: MK07270722000030435
HALKBANK

НАЈМОНСТРУОЗНОТО ЗЛОСТОРСТВО во СФРЈ го направила НАЈУБАВАТА ЖЕНА-МОНСТРУМ: Осудена е на смрт со стрелање

Ништо толку монструозно и несфатливо не се случило во дотогаш мирната Југославија. Немало весник што не пишувал секојдневно за „најмонструозното злосторство на сите времиња“, за Шефка се зборувало и прераскажувало, ја викале „Жена-монструм“ и „Пантерот од Камењача“.

Иако во СФРЈ беше означена како ѕвер, сепак приказната е полна со противречности и недоследности…

За Шефка Хоџиќ се зборувало дека е најубавата жена во околината. Крупна, со полни усни, бел тен и црна коса, таа живеела сосема нормален и обичен живот чија среќа ја нарушил само еден факт – Шефка никако не можела да забремени и да има дете.

И, токму тоа, во регионот во кој сè уште владееле старите обичаи, според кои е еднакво на грев ако жената не може да роди, бил почетокот на приказната за едно од најмонструозните злосторства на поранешна Југославија.

Монструозно злосторство кое никој не можел да го објасни

Според општоприфатената верзија, на 7 октомври 1969 година, недалеку од Јусиќ, на потокот Камењача во Босна, Шефка Хоџиќ ја чекала својата пријателка Алија Хасановиќ, која се враќала од соседното село Анѓелиќи, ја убила со три истрели од пиштол, со нож и го отворила стомакот и го извадила дете. Телото на Алија го сокрила во некоја нива, под бала со сено. Таа го однела детето дома, но тоа не преживеало.

Кога било откриено телото на Алија, полицијата не знаела од каде да почне. Едноставно, никому не му било јасно кој и зошто може да направи такво кривично дело. На вистинската трага укажал патологот Милан Вушиќ, кој ја поставил тезата дека делото го извршила неплодна жена која сакала дете.

– Дете од утробата на мајката можел да го грабне само некој кој премногу го сакал и не можел да го има. Треба да барате жена која има дете, а не го родила, рекол тој.

Вака насочена, полицијата ги проверила сите жени од тој крај кои се породиле тој ден и открила дека Шефка веќе го пријавила раѓањето и смртта на нејзината ќерка. Со гинеколошки преглед, пак, е утврдено дека Шефка никогаш не родила дете, ниту, пак, била бремена.

Тогаш Шефка признала се, освен дека ја убила Алија. Дури и кога во нејзината куќа биле пронајдени дукати и прстените на починатата и крвав нож, таа тврдела дека е невина.

Филмско судење

Судењето на Шефка и Авдија Хоџиќ, нејзиниот зет, кој бил обвинет како соучесник затоа што Шефка му го дала пиштолот да го сокрие, се одржало пред Окружниот суд во Тузла, во вжештена атмосфера, бидејќи многумина ја барале главата на Шефка.

Првиот бранител на Шефка бил познатиот белградски адвокат Тома Фила. Тој на крајот го напуштил нејзиниот случај поради конфликт на интереси, но бил адвокат на нејзиниот зет Авдија Хоџиќ, а како бранител на Шефка дошол неговиот татко Филота Фила.

Пресудите се донесени на 25 мај 1970 година – Шефка е осудена на смрт со стрелање, а Авдија на пет години затвор.

Сепак, тоа не бил крајот на приказната! Благодарение на адвокатот за тоа време се случило чудо, процесот бил обновен и истата година на 18 септември Шефка добила нова казна – смртната казна беше заменета со 20 години затвор…

Дали Шефка е наместена?

Години подоцна се појавија наводи кои го направија целиот случај контроверзен. Имено, Шефика на судењето го негирала делото, тврдејќи дека ја познава само Алија, а детето и го донел некој друг дома, велејќи и таа да се грижи за него. За убиството на Алија дознала дури следниот ден, но и тогаш не ги знаела деталите, па не го поврзала случајот.

– Ја познавав Алија, добро, знаев дека е бремена и ќе има дете, таа ми беше пријателка, како можев да ја убијам, рекла Шефка на судењето.

Мештаните зборувале дека лицето кое и го дало детето на Шефка, а кое таа до крај одбивала да го именува, бил нејзиниот сопруг Неџиб или еден од нејзините најблиски роднини. Семејството Хоџиќ го продало имотот и за време на судењето од селото Јусиќ се преселило во Калесија кај Тузла.

Денеска целиот случај е обвиен со мистерија, а исто така и судбината на Шефка. Познато е дека добила предвремено ослободување од затвор и била ослободена во 1983 година. Оттогаш ништо не се знае за неа.

Гласините говорат, иако никогаш не е официјално потврдено, дека по излегувањето од затвор го променила идентитетот, се омажила, па дури и родила дете. Наводно извесен период живеела со сопругот некаде во Војводина, а денес, се вели, е во странство и е сопственик на фирма. Ниту една од овие информации никогаш не е официјално потврдена.