Tag Archives: жена

Повторно трагедија во Тетово: Почина млада жена

На 10.08.2021 во 22.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничката болница Тетово била однесена почината З.Ф.(38) од Тетово.

Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово и по наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.

Дали Оливија е најубавата жена на светот? МАШКО СПИСАНИЕ ВЕЛИ „ДА“ (ФОТО)

Американската манекенка Оливија Кулпо, не случајно ја следат милиони луѓе на социјалните мрежи.

Таа беше Мис на универзумот, а магазинот „Максим“ ја прогласи за најубава жена на светот.

Оливија еднаш рече: “Нема смисла да се даваат премногу пари за гардероба. Ако нешто добро ви одговара, можете да купите и поевтина варијанта. Но, затоа секогаш се исплати да се дадат повеќе пари за кожна чанта, чевли”.

Поради нејзината убавина и популарност папараците ја следат во секој чекор, па ја фотографираа во лежерни изданија, но и после тренинг. Таа вели дека фитнесот и здравата исхрана се одговорни за нејзината фигура.

Олиија Кулпо ја освои титулата Мис универзум во 2012 година, а после тоа, започна да гради кариера во светот на модата.

Просечната вредност на нејзината заработка е 500 000 американски долари, пишува Celebrity Net Worth.

Пред неколку дена, таа објави прокативни фотографии на Инстаграм кои со денови се вратат низ магазините во светот.

Притвор за жената која во Тетово го уби невенчаниот сопруг​

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против жителка на с. Мала Речица, тетовско на возраст од 39 години, за која постои основано сомнение дека го извршила кривичното дело Убиство од член 123 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Осомничената на 27 јуни 2021 година, во домот во кој живеела, околу 11:00 часот, во подрумските простории на подмолен начин го лишила од живот оштетениот – нејзин вонбрачен сопруг. По претходна физичка и вербална расправија меѓу нив, осомничената со употреба на тврд предмет – чекан му задала неколку удари во тилниот дел од главата на оштетениот, додека тој спиел на душек поставен на подот во дневната соба во подрумските простории. Од нанесените повреди оштетениот починал на самото место. Осомничената пак, сама се пријавила во полициска станица.

Обвинителството во Тетово на надлежниот суд му предложи на осомничената да и определи мерка притвор, во насока на натамошно непречено одвивање на кривичната постапка. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничената и определи притор во траење од 30 дена.​

Оваа стјуардеса ја нарекуваат најубава жена на светот: Погледнете ги фотографиите и кажете дали е така (ФОТО)

Оваа атрактивна стујардеса го привлекува вниманието каде и да се појави, а кога на социјалните мрежи ќе објави фотографија добива многу позитивни коментари.

Иако е популарна на социјалните мрежи, Лаура Даморе по професија не е јавна личност, туку стујардеса.

Таа потекнува од Италија и веќе 13 години ја работи оваа работа.

Благодарение на русата коса, зелените очи и витката фигура многумина ја сметаат за најубава жена во светот.

Видео: Жена турна мечка од ограда за да ги спаси своите кучиња

На видеото се гледа како жена турка мечка која е качена на оградата во нејзиниот двор за да ги спаси своите кучиња.

Снимката е поставена на интернет од страна на Бренда (@bakedlikepie), која и е братучетка на Хејли која успеа да ја турне мечката.

На клипот кој е снимен од безбедносната камера поставена во задниот двор, се гледа како голема кафеава мечка и нејзините младенчиња се качуваат на оградата, кучињата почнуваат да лаат се доблиижуваат до мечката а таа почнува да ги напаѓа. Во тој момент доаѓа Хејли, ја турка мечката за да ги спаси своите кучиња.

Видеото собра 3,9 милиони лајкови и повеќе од 28 милиони прегледи на Тик Ток, каде илјадници луѓе коментираа за да ја пофалат нејзината храброст.

Мајка на 10-месечно бебе е жената-донор која спаси три човечки животи

Министерот за здравство Венко Филипче преку социјалните мрежи информираше дека остварил средба со семејството на починатата жена чии срце и бубрези беа донирани.

„Утрово се сретнав со семејството на 40-годишната Јасмина, жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи. Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи. Јасмина беше мајка на 10-месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест, никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне“, напиша на социјалните мрежи министерот.

Колкав копук треба да си како „маж“ да извадиш ПЕНДРАК на жена !(Видео)

Колкава П**** треба да си за како “маж” да извадиш хитлерка на жена?! – е насловено видеото кое е објавено на Твитер.

На истото видео дечко вади пендрак, кој пак се смета за ладно оружје,а смеат само да го користат полициски службеници во точно одредени ситуации.Не е јасно што всушност се случило, но гледаме по видеото дека жената се исплаши и се стрча назад подалеку од дечкото кој извади пендрак.

Во коментарите на видеото граѓаните коментираат дека станува збор за настан кој се случил во скопската населба Бутел, како и дека безобразно е однесувањето на дечкото, но и бараат МВР да постапи по случајот.

Уaпceн проповедник во Лондон бидејќи рекол дека бракот е помеѓу маж и жена

Еден 71-годишен христијански пастор, кој беше уапсен откако проповедал од Библијата во вторникот, го опиша третманот кон него како срамен бидејќи бил обвинет за хомофобични забелешки бидејќи го дефинирал бракот како врска меѓу маж и жена, пренесува „Дејли мејл“

Пасторот Џон Шервуд бил уапсен пред станицата „Уксбриџ“ во западен Лондон, однесен со лисици и испрашуван во полициска станица, во која бил задржан преку ноќ. Шервид вели дека се здобил до модринки кога полицијата му ги фатила рацете зад грб и го одвлечкала од мини-скалата на која бил качен.

„Јас не ширев хомофобични коментари туку само го дефинирав бракот како врска помеѓу маж и жена. Го кажував само она што го вели Библијата – не сакав да повредам или навредам,“ вели Шервуд, кој е пастор повеќе од 35 години.

„Го правев она што го е наведено во описот на мојата работа, а тоа е да го проповедам евангелието под отворено небо како и во црквата. Кога полицијата ми пријде, објаснив дека ја остварувам мојата верска слобода и совеста. Бев насила повлечен од скалите и се здобив со повреда на зглобот и на лактот. Ме третираа срамно. Не требаше да се случи тоа,” додава тој.

Сеуште постојат жени кои се задоволни со една силна гушка или едно цвеќе

Некој мисли дека потребен неговиот автомобил, неговите пари, скапи поклони…Но вистинска жена го сака твоето внимание, твоето време, твојот труд и твојата спремност да ја ставиш на прво место.Сеуште постојат жени кои се задоволни со една силна гушка или едно цвеќе – напиша граѓанин на Фејсбук.

https://www.facebook.com/velevski.dejan.9/posts/10215734703599792