Tag Archives: жена

Жена сакала да се самозапали на кејот на Вардар, ја спасил млад скопјанец-минувач

Велосипедист кој возел на кејот на Вардар во Скопје денеска во вистинска драма успеал да спречи 65-годишна жена да се самозапали, објави МКД.мк. 26-годишниот скопјанец со херојско име и презиме – Христијан Тодоровски, минувал под мостот кај МАНУ и без никакво размислување се фрлил по жената која во едната рака имала шише со бензин, а во другата запалка.

Жената давала отпор, а и двајцата завршиле во реката.

Христијан во изјавата за МКД.мк вели дека инцидентот се случил околу 13:30 часот, кога возејќи со велосипедот, забележал педесетина полицајци распоредени на погорното ниво од кејот. Веднаш потоа, ја видел повозрасната жена, која држела шише во рацете. Еден од полицајците му викнал да побрза и да се обиде да ја спречи жената, раскажува тој.

„Го фрлив точакот и се стрчав кон неа. Таа даваше отпор, се обидуваше да го отвори шишето со бензин и да ја употреби запалката. Некако успеав да ѝ го земам шишето кое веднаш го фрлив во реката, но заедно завршивме во Вардар. Ја задржав до мене, а потоа дојде еден полицаец и неколкумина цивили кои ни помогнаа да излеземе од реката. Таа цело време викаше да ја пуштам, да ја оставам, беше многу вознемирена, плачеше… Потоа заминав“, ни изјави Тодоровски.

„Браво! Секоја ти чест дечко“, ми рече еден полицаец, вели момчето.

Со возило на Брза помош, жената веднаш била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА секој со секого, му ја сликал жената на плажа !

Maсовна тепачка имаше на плажа во Турција, во градот Коџаели.

Се смета дека причина за тепачката помеѓу две групи е тоа што маж фотографирал туѓа жена на плажата. Тамошните медиуми пренесуваат дека мажот се обидел да избега, паднал на земја, а другите го удирале со тупаници и клоци. Потоа други луѓе ги разделиле двете групи. Турист ја снимил тепачката.

Видео:

https://fb.watch/f4_cy60z0N/

Градоначалникот на Велес спасил жена да скокне од мост

Жена вчера се обидела да се самоубие со скокање во реката Вардар на стариот мост во Велес. Ја спасил градоначалникот, Марко Колев. За МКД.мк тој вели дека сосема случајно се нашол на мостот преку кој секој ден поминува враќајки се од работа, и ја видел жената како се качува на оградата и се обидува да скокне. Го запрел автомобилот и ја фатил во прегратка од зад грб во дел од секунда. Ја спасил и ја симнал од оградата.

„Јас не сум никаков херој. Го направив тоа што би го направил секој граѓанин во таква ситуација. Бев единствен кој во тоа време го минуваше мостот бидејќи беше некаде по 16 часот и поради топлото време немаше фрекфенција на луѓе. Жената стоеше свртена кон реката и ја прекачуваше оградата. Се стрчав и ја фатив од зад грб. Тоа беа делови од секунда, но ете, се најдов веројатно во вистинско време на местото за да ја спасам. Ја прашав: „Мајче, каков проблем имаш“, а таа не ми одговори многу. Рече само дека не сака да живее“, вели Колев.

Ја држел жената во прегратка и повикал случаен минувач, кого го замолил да се јави во полицијата, бидејќи, како што вели Колев, поради рефлексно брзата реакција да излезе и да ја спаси жената, тој во автомобилот го оставил и мобилниот телефон.

„Им кажав на оние што потоа почнаа да доаѓаат да повикаат полиција. Ова што ви го кажувам на вас, го кажав и пред службените лица. Се надевам дека нема никогаш да се повтори ваков настан. Жената е згрижена, жива и здрава, а тоа за мене како човек е најважно“, додава градоначалникот.

Жената што се обидела да се самоубие скокајќи во река, според неофицијални информации, е мајка што пред години го загубила едното дете во сообраќајка.

Овој настан во МВР бил пријавен вчера по 16 часот. 

Жена ЗАПАЛИ ВОЗИЛО во Делчево, снимена е од надзорна камера

Шеесет и две годишна жена од Делчево е приведена по опожарување на возило кое утрово се случи на булевар „Македонија” во Делчево.

По опожарувањето на возилото, до полицијата доставена е видео снимка од надзорна камера, по што е приведена шеесет и двегодишната (Н.Д), која била забележана на снимките од камерата во близина на возилото, кое потоа почнало да гори.

Против сторителот, по разгледување на случајот, од полицијата најавија дека ќе биде превземен соодветен поднесок.

Веднаш по пожарот, штој е пријавен утрово околу 03:45 часот, на лице место со едно возило интервенираше екипа на ТППЕ Делчево.

Пожарот прв го забележал случаен минувач, кој вели дека најпрво слушнал експлозија, по што возилото почнало да гори. Пожарот го пријавил до Територијалната противпожарна единица, чија дежурна екипа интервенирала со едно возило.

-Интервениравме на задниот дел од возилото, пожарот бргу го изгасивме и не дозволивме негово ширење на другиот дел од возилото, велат од ТППЕ Делчево.

Засега не е позната причината за пожарот

Гола жена трчала во центарот на Куманово – причината е страшна!

Вчера попладне, на периферијата на Куманово жена на возраст околу 30 години трчала гола барајќи помош, зашто бега од напад, како што кажала самата. Жителите кои ја виделе, кажуваат дека околу 15.30 часот се движела од населбата Карпош кон градот. Кога дошла до првите куќи на улицата Доне Божинов, едно семејство ја прибрало да ѝ помогне пишува сдк.мк.

Кога дојдов дома ја затеков жената во дворот. Ќерка ми и сопругата ја поливаа со вода, се обидуваа да ја освежат, а таа во агонија зборуваше неповрзано. Беше видно вознемирена и бараше помош. Велеше дека ја нападнале тројца мажи, па едвај успеала да им побегне и да се спаси. Тврдеше дека затоа останала без облеката. Целата беше изгребана по грбот и нозете. Додека бегала се обидела да запре некоја кола, но никој не сакал да ja повезе. Ѝ дадовме ќебе да се покрие, но таа го фрлаше од себе. Викнавме полиција и брза помош, даваше отпор, многу беше потресно“, кажува очевидецот за сдк.мк.

Од СВР Кумановo потврдија дека настанот е пријавен кај нив, по што полициски службеници излегле на местото и ѝ дале асистенција на медицинска екипа за спроведување на лицето во соодветна установа. Велат дека се работи на расчистување на случајот, но не дадоа повеќе информации.

Му се ОДМАЗДИЛА на дечкото за НЕВЕРСТВО – АМА НАПРАВИЛА КОБНА ГРЕШКА (ФОТО)

Дека изреката „одмаздата се сервира ладна“ докажува и примерот на оваа девојка која сакала да го повреди дечкото за невеството.

Имено, таа и нејзиното, сега, поранешно момче биле во долгогодишна врска кога дознала дека ја изневерувал неколку пати.

Како што пишуваат странските медиуми, девојката со „жешка“ глава и револтирана отишла пред неговата куќа и му го демолирала автомобилот.

Автомобилот марка „Mitsubishi Outlander“ останал без речиси сите стакла и ретровизори, попатно исчкртан со црн спреј, но девојката направила „мала“ грешка поради тоа кога приказната заврши во медиумите.

Во моментот девојката не забележала дека цело време уништува погрешен автомобил.

Таа направила несреќна една сосема невина жена, која почнала да вреска од агонија кога излегла од куќата и го видела автомобилот на кој пишува „Мајк е прељубник“.

Жената чиј автомобил е уништен се обидува да го реши проблемот со осигурителната компанија и полицијата, а дали девојката ќе ги сноси последиците останува да видиме …

Српски игумен: „Ако не сакаш мажот да те изневepyва, дотерај се малку сестро“

Исповед на игуменот на манастирот Свети Петар и Павле кај Мионица, Арсениј Јовановиќ, стана вирална, по својата несекојдневност и невообичаеност.

Имено, пораката од игуменот Арсениј е следнава: „Супер сме, се дотеруваме додека се забавуваме, а после тоа – здраво. Веќе не обрнува внимание на себе, таа е дебела, разбушавена, тој го пуштил стомакот, му смрдат нозете, подригнува – до многу полошо“, предупреди игуменот во смисла дека страста во бракот лесно може да стивне.

Многу сопруги се жалат дека мажите ги изневеруваат „Тогаш велам – дотерај се малку, сестро, биди му привлечна“, рекол игуменот, по што тој и сите присутни се насмеале.

Жена се породила под мост, пожарникарите и лекарите се погрижиле настанот да има среќен крај (Фото)

Несекојдневен настан се случил вчера вечерва во Прилеп.

Екипи на противожарната бригада и брзата помош интервенирале кај мостот на улица “Димо Наредникот”.

Имено како што неофицијално дознава Маркукуле од очевидци, жена се породила под мостот, а пожарникарите и лекарите најпрво го извлекле бебето, а потоа и жената, па настанот завршил со среќен крај.

Не се познати причините како и зошто дошло до овој настан и поради што неименуваното женско лице се одлучило на ваков чекор.

Му забодела нож во гради, пpивeдeна невeнчaната cопруга за yбиcтвото на полицаецот во Велес

40 годишен полицаец од Велес е убиен по љубовна расправија а за убиството се сомничи неговата 23 годишна партнерка. Како што информира МВР, утрово два часа по полноќ во полиција било пријавено дека во куќа на улицата Максим Горки во Велес има тело на маж. Екипата на итната медицинска помош веднаш пристигнала на местото каде што можеле само да констатираат смрт. Полицаецот бил прободен со нож во стомакот. Полицијата веднаш привела една 23 годишна девојка која се уште била на местото на настанот која се сомничи дека го извршила убиството. Од МВР го потврдуваат случајот и приведувањето најавувајќи повеќе детали во текот на денот.

Основното јавно обвинителство во Велес по добиени информации во текот на ноќта,  изврши увид во куќа во Велес каде е извршено кривично дело Убиство. Првичните сознанија на обвинителството упатуваат на констатација дека смртта кај пронајденото починато лице, велешанец на возраст од 40 години, настапила по убод со нож во пределот на срцето.

По наредба на јавен обвинител, подигнати се траги и предмети од самото место на настанот кои ќе бидат доставени на вештачење, а телото на починатото лице – вработен во СВР Велес, предадено е на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија заради вршење на обдукција“-се вели во соопштението на обвинителството.

– Утрово во 05 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода 23 годишната П.И. од Велес поради сомнение дека околу 02:20 часот во семејната куќа на ул.„Максим Горки“ со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) по што починал, изјави Додевски.

ЏЕКИ ЧЕН во КИСЕЛА ВОДА: Двајца возачи со тупаници, настрада и една жена (ВИДЕО)

Попладневно на семафорите кај Општина Кисела Вода очевидци до редакцијата на Инфомакс испратиле скандалозно видео во кое се гледа физичка пресметка меѓу двајца мажи и една постара госпоѓа.

Како што објавува порталот, пресметката започнала откако едниот возач му префрлил на другиот за престројување по што другиот излегол од кола започнал да удира по прозорецот, а потоа и физички го нападнал брачниот пар.

Во целата ситуација постара госпоѓа се обидува да ги paздели по што губи рамнотежа и паѓа, а напаѓачот продолжува да се пресметува со нејзиниот сопруг.

Видео на следниов ЛИНК