Connect with us

Uncategorized

На сите вработени им дал плата од 70.000 долари: Компанијата доживеала невиден успех

Published

on

Пред четири години целиот свет го слeдеше потегот на Ден Прајс, претприемач со седиште во Сиетл.

Имено, тој ја намали платата од еден милион долари годишно на 70.000 за да може на своите вработени да им исплаќа 70.000 долари.

Дан, сопственикот на компанијата за финансиски услуги Grevie Payments, неодамна се појави на социјалните мрежи и ги откри последиците од неговата одлука.

„Кога воведов минимална плата од 70.000 долари годишно во мојата компанија во 2015 година, Раш Лимбо рече:„ Се надевам дека оваа компанија ќе стане предмет на студии на МБА програмите за тоа како социјализмот не функционира и затоа што ќе пропадне“. Нашата фирма оттогаш тројно се зголеми, а денес сме предмет на студии на Харвард“, напиша Прајс.

„Откако воведовме минимална плата од 70.000 долари годишно во 2015 година, нашиот бизнис е зголемен за три пати, а бројот на вработени кои поседуваат свој дом се зголеми за десет пати. Седумдесет проценти од вработените ги исплатија своите долгови. Бројот на деца на вработените се зголеми за десет пати. Дури 76 проценти од вработените се поангажирани, двојно повеќе од националниот просек“, напиша тој.

Неколку дена подоцна тој повторно се јави:

„Многу луѓе тврдат дека ова е доказ дека капитализмот и слободниот пазар се ефикасни. Не се согласувам. Луѓето ме посочуваат како новина. Се издвојувам со причина, никој не ме следеше во ова. Потпирањето на беневолентни директори е рецепт за експлоатација на вработените “.

Uncategorized

“Свекрва треба да се сака секој ден, не само на 8ми март”

Published

on

Твитерџиите се уникатни во сè, па и во начинот на кој го честитаат Меѓународниот ден на жената.

Continue Reading

Uncategorized

“Овие две години во Германија ми одзедоа пет години од животот, се враќам во Македонија”

Published

on

Македонецот Орхан Мусевски реши да го напушти животот што го изгради во Германија и да се врати во татковината. Како што истакна, трошоците се зголемуваат, а од платата не може да заштеди ни 100 евра.– Кога ќе ми одземат 600 евра данок од платата, ми остануваат 1.500 евра, а уште 600 евра одат само за собата од 15 квадрати. Зимно време поради зголемени трошоци за парно, станоиздавачот бара 650 евра, а кога дојдов јас платив 350 евра за такво сместување. Потоа почна војната во Украина, се поскапе и сега не успевам да тргнам ни 100 евра – вели Орхан Мусевски.

Како посочи, тој беше многу посреќен во својата земја.– Овие две години во Германија ми одзедоа пет години од животот. Воопшто не ми се допаѓа системот на живот овде. Климата е подобра во Македонија, луѓе, јас бев посреќен, позадоволен во мојата земја. Заработуваш 400-500 евра, ама сите се порасположени од овде, насмеани. Но, секаде во нашата област е всушност подобро. Хрватите, Босанците, Србите, Црногорците се исто така добри луѓе, отворени, поврзани, срдечни, веруваат во Господ… Овде ретко се среќаваат искрени насмевки, а се верува само на пари – рече тој за хрватски Вечерњи лист.

Ниту на многу Германци не им е лесно, но за некој како мене се резервирани најлошите работни места од кои нема шанси, како во минатото, да се смират, да купат стан или нов автомобил – истакна тој.Орхан имал здравствени проблеми кои навреме ги решил. Како што истакна, скапите инјекции не ги платил од свој џеб и за тоа е благодарен, но и онака му е доста од Германија.– Наскоро ќе се вратам на нашиот Балкан, во мојата Македонија. Таму и цвеќињата различно мирисаат… – носталгичниот Орхан, кој не го запозна Берлин иако е во тој град повеќе од две години.– Многу е работа, осум и пол часа сум на работа, а најмногу работам со луѓе од Албанија, Нигерија, Индија… Постојано сме под камери за да не седне некој случајно. До станот патувам повеќе од еден час, кујната и бањата ги делам со четворица наши луѓе, од Македонија, Хрватска и Србија и сите се исти како мене.Дома ни ја прикажуваат телевизијата само негативното и верувавме дека овде е подобро, но овде има многу негативно, само што не е толку ставено во преден план. Зошто би, тогаш кој би дошол да работи во Германија? – вели Орхан, кој играше фудбал во Македонија, а откако малку ќе се одмори во татковината, повторно ќе размислува за работа во странство, но овој пат поблиску до дома, некаде на Балканот

Continue Reading

Uncategorized

ЗАХАРИЕВА: Ново дно во РСМ – се гони учител оти носел деца да цртаат во Бугарија, тоа го има само во Русија, Белорусија и С. Кореја

Published

on

Владата на С. Македонија стигна до ново дно: министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ѝ нареди на полицијата да започне предистражна постапка против наставник затоа што носел деца да цртаат во Бугарија, пред Народниот театар и во Пловдив, а потоа ги посетиле бугарскиот парламент и претседателството, се вели во реакцијата објавена на Фејсбук поранешната шефица на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева.

– Не знам дали колегите разбираат како изгледа ова – како да прават очајнички потези за да се приклучат кон еден многу фамозен светски клуб. Учител може да биде гонет за такво дело само во Русија, Белорусија и Северна Кореја. А сите си мислевме дека на Балканот сме ја затвориле таа мрачна страница од историјата, напиша Захариева на својот профил на Фејсбук.

Оваа реакција доаѓа откако вчера, како што објавивме, деца од Македонија биле злоупотребени за политички цели во Бугарија. Станува збор за деца од ликовно студио Мал битолски Монмартр кои без знаење на родителите биле однесени на средби со Претседателот Румен Радев и Симеон Втори, синот на бугарскиот цар Борис Трети.

За истово пишува ДЕНЕШЕН

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк