Connect with us

Приказни

Ах тато, неправедно си ја препишав целата тага на мене..

Published

on

Сосема неправедно си ја препишав целата тага на мене, иако ти си најголемата тага, ти си раната која секогаш ја чепкам. Никогаш не го преболив фактот дека те нема повеќе. Можеби затоа што морав многу работи да правам сама. Не можам да тврдам, но убедена сум дека немаше да морам да ги правам ако беше ти тука. Некој ќе дојдеше по мене ако надвор врнеше дожд. Некој би ме однел во град или на матура. Некој можеби би ме научил како да возам. Некој би ми рекол: Немој, тоа не е добро. Некој би ми бил авторитет. Некој можеби би ми покажал како да ја решам писмената по математика. Некој можеби би се гордеел со моите текстови и дипломи. 
Некој би дошол да го погледне станот пред да го купам. Некој би ми помогнал да се преселам. Некој би ми направил полица за книги. Некој би ми кажал анегдота од студентските денови. Би можела со некого да играм шах. Со некого би зборувала за книгите кои ги читам. Некому би му купила подарок со парите од првата плата. Некој би ми рекол да не се преработувам. Некој би ми рекол: Не се грижи јас сум тука. Некој би стоел до мене. 
Некому би му била најважна на светот. Јас се сееќавам дека еднаш бев. Кога го пропушташе најважниот натпревар за да ме заспиеш, кога те викав да ми ја измиеш косата затоа што тоа го правеше понежно од мама. Кога уморен доаѓаше од работа и го јадеше она што јас, мало дете, ќе ти го оставев на маса. Јас не се сеќавам дека некогаш викаше, ниту дека ми се дереше. Се сеќавам на тебе како некој засекогаш мој. Како столб. Како бестрашен штит пред кој би паднале сите мои стравови. 

Да беше тука, можеби би ти купила џемпер, наместо розите кои ги ставам во пластична вазна. Да беше тука ќе бев похрабра. Да беше тука, не би дозволил да се карам со брат ми. Можеби и ќе ме искараше што се расправам со него. Да беше тука, очите на баба не би изгледале како бунар полн со тага. Да беше тука, јас не би направила толку грешки. Да беше тука, не би имала толку стравови. Да беше тука немаше да можам секоја тага ја ти ја препишам на тебе, како некоја кукавица. Да беше тука, сигурно ќе бев поинаква.

Да беше, ама не си

Приказни

Годишнина од смртта на Петре Прличко, доајенот на македонското актерство

Published

on

На 16 ноември 1995 година замина Петре Прличко, легенда на македонскиот театар и филм. Со својот неповторлив талент и харизма, остави неизбришлива трага во културата, а публиката и денес го памети по многу незаборавни улоги. Неговата омилена улога, како што самиот изјави, остана ликот на Мандана.

Continue Reading

Приказни

Скопската поплава од 1962: Катастрофа што остави илјадници без домови

Published

on

На 16 ноември 1962 година се случила скопската поплава. Уништени биле над 1.000 куќи и 157 згради, 4.445 луѓе останале без кров на глава. Покрај Скопје, поплавени биле и Охрид, Струга, Кичево, Тетово, Велес, Битола и уште неколку градови низ Македонија.

Continue Reading

Приказни

Чичко Стоилко: Носталгија за времето на евтините задоволства

Published

on

Едно друго време, кога и најобичниот ручек беше момент на радост, а цените беа едноставно – неверојатни. Со чичко Стоилко застанавме пред киоскот на ќошот и брзо избравме:

– Хамбургер? 50 денари, не е лошо!

– Хот-дог? 25 денари, одлично!

– А тост? Само 30 денари, и пак си сит!

Носталгија ме обзема кога ќе се сетам на тие времиња – едноставно, без грижи и скапи цени, кога една ситница беше доволна да го направи денот посебен.

Чичко Стоилко е најстариот или еден од најстарите фаст-фуд ресторан на Балканот, создаден во 1975 година, кој повеќе децении беше белег на Скопје, како фаст-фуд во трафика и збирно место на младите на познатото зборно место кај чичко Стоилко или подоцна и кај Ванила пред скопскиот Градски трговски центар.

Тоа место е поврзано освен со вкусот на сендвичите и со вкусот на првите љубови на многу сега средовечни скопјани и скопјанки. Во минатиот век, кај Чичко Стоилко беше зборно место за младите и алтернатива за пропаднатото старо корзо во градот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк