Connect with us

Приказни

„РАЗОЧАРАН СУМ бидејки во овие 40 дена НЕМАА ЛИЦЕ да пратат порака за сочуство“

Published

on

Овој свет го напушти Ѓурѓица Ќаева, како последица од компликации од пулмоналнатахипертензија.

Таа беше неуморен борец, активистка за права на пациентите со оваа болест, претседател на здружението „Момент плус“, член на Европската Асоцијација за пулмонална хипертензија.

Имаше 40 години и осум години се бореше со оваа тешка бо лест и со институциите, за сите пациенти да добијат лекови, а самата најчесто се лекуваше со донации. Не успеа да го прими лекот од последниот тендер за кој толку многу се бореше.


Како сопруг на Ѓургица по 40 дена од нејзиното заминување и Јас сум разочаран како што беше таа. Од првите луѓе на градот и партиите до министерот за здравство. Kои пред избори секогаш беа фини само со Празни Ветувања дека ќе помогнат, посебно пред избори.Еве сега коа ќе дојде министерот јас… Еве ние кога ЌЕ дојдеме на власт ….Праќајки линкови,Јавувајќи се пред избори барајки подршка.Но кога министерот доаѓаше забораваа да ја известат дека ќе дојде. А Секој лек за кој се боревме го добивавме по 2 год. Замоливме за едно работно место со оглас и плата од 12,500 ден плата само да имаме здравствено осигурување.

И тоа не беа способни да го обезбедат со изговор дека таму е мала платата барем да била 18,000-20,000ден. Како лице со ретка болест НЕ можеше да работи НЕ добиваше инвалидска пензија немала 15 год работен стаж.Како здружение со одобрени 20.000ден одобрени од совет на општина Гевгелија за 2020 год.до ден денес НЕ се исплатени.Беа лути кога ѓи напаѓаше на социјалните мрежи и кога им порача дека Нема повеќе излегување на гласње. РАЗОЧАРЕН СУМ бидејки во овие 40 дена НЕМАА ЛИЦЕ да пратат порака за сочуство ,а ги добивме од цел свет. НИЕ како здружение и понатаму ќе го правиме тоа што таа го правеше без нивна помош. Ова е само еден пример на едно семејство кое покрај болеста се бореше и ќе се бори со системот

Приказни

31 година од уривањето на авионот „Јак-42“ кај Охрид, погледнете ја реконструкцијата

Published

on

На денешен ден во 1993 година, авионот „Јак-42“ на авиокомпанијата „Авиоимпекс“, кој летал на релацијата Женева – Скопје, се урна во близина на Охрид. Леталото било пренасочено кон охридскиот аеродром поради лошите временски услови, но се срушило на само 4 километри од пистата, меѓу селата Горно Лакочереј и Оровник пишува 4news.mk.

Во оваа трагедија животите ги загубија 116 патници и членови на екипажот. Единствениот преживеан патник подоцна им подлегна на повредите. Како причини за несреќата беа посочени лошото време и наводно недоволната комуникација помеѓу посадата на авионот и аеродромските служби.

Истата година, само неколку месеци порано, на 5 март, на скопскиот аеродром се случи уште една голема авионска трагедија. Патнички авион од типот ФОКЕР 100 на компанијата „Палер Македонија“, кој превезуваше 97 патници, се урна при полетување. Во оваа несреќа загинаа 86 лица. Како причина за падот на Фокерот беше утврдено дека крилјата на воздухопловот не биле размрзнати, што доведе до дефект и пад.

Овие две трагедии го потресоа македонското воздухопловство и јавност. Поради сериозноста на ситуацијата, тогашниот министер за урбанизам, градежништво, комуникации и екологија, Антони Пешев, си поднесе оставка. Овие настани остануваат длабоко врежани во колективната меморија како најцрните денови во историјата на македонското воздухопловство.

Погледнете ја реконструкцијата која за прв пат е направена за овој лет.

Continue Reading

Приказни

„Крсте Петков Мисирков: Темелник на македонската литературна и национална посебност“

Published

on

На 18 ноември 1874 година е роден Крсте Петков Мисирков основоположник и кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис. Автор е на „За македонцките работи“, прва книга на современ македонски јазик која ги демаскира пропагандите и зборува за македонската посебност.

Continue Reading

Приказни

Годишнина од смртта на Петре Прличко, доајенот на македонското актерство

Published

on

На 16 ноември 1995 година замина Петре Прличко, легенда на македонскиот театар и филм. Со својот неповторлив талент и харизма, остави неизбришлива трага во културата, а публиката и денес го памети по многу незаборавни улоги. Неговата омилена улога, како што самиот изјави, остана ликот на Мандана.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк