Денеска се празнуваат Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија

Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија.

Овие четири христоподобни души беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа.

Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите.

Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога

Филипче: Секој човек во здравството е важен и ќе направам се за да ги мотивирам здравствените работници

-Утрово се сретнав со колешките Зорица, Силвана и Дивна, медицински сестри од Инфективната Клиника. Тие изминативе седум месеци се на првата линија во борбата со пандемијата. За нивната посветеност и неуморна работа им изразив огромна благодарност. Кога се работи во такви тешки услови со многу стрес и замор, разбирливо е да дојде до потреба за промена за што целосно ги разбирам. Сепак, утрово ги поканив на разговор и разговаравме да останат на Клиниката каде нивната работа неизмерно се вреднува. Се договоривме после заслужениот одмор кој го земаа повторно да разговараме и да најдеме начин да продолжиме заедно во битката со Ковид на Инфективната Клиника. Секој човек во здравството е важен и ќе направам се за да ги мотивирам здравствените работници, пишува Филипче на Фејсбук.

Главната медицинска сестра на Инфективна и две други дале отказ – “Непочитување и деградирање на профилот Мед. Сестра“

Докторот Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, вечерва на својот Фејсбук објави главната медицинска сестра и две други дале отказ од ИНфективната клиника, што според него, е голема загуба во ова време на корона вирус.

„Главната сестра на Инфективна клиника, и уште 2 одделенски сестри даваат отказ во еден акт. Причините ќе оставам да ги кажат надлежните, сестрите си кажале, ова е сериозна загуба за системот во многу лошо време…“, стои во објавата на Лазаров.

Нема потреба да се борите ниту за идентитет, ниту за јазик – ЕВЕ ЗОШТО

Десетина студенти запишани на Kатедрата за македонски јазик и пет студенти запишани на Катедрата за македонска книжевност.

Нема потреба да се борите ниту за идентитет, ниту за јазик оти многу скоро, ниту ќе остане некој што ќе го предава јазикот и книжевноста, ниту ќе остане некој да го зборува.

Единствената работа што ја направи државата за тие што завршија на овие катедри е да го забрзаат процесот на заминување од државата, оти покорисен се чувствува човек да пржи компири во Германија, отколку да е предавач на јазикот и книжевноста за кој сите се борите.

<iframe src=”https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fdijana.petrova.5%2Fposts%2F3476903302330244&show_text=true&width=552&appId=176850613417088&height=282″ width=”552″ height=”282″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowTransparency=”true” allow=”encrypted-media”></iframe>

Гинекологот Хатије е изгласана за најдобар доктор на 2020 во Словенија

Гинекологот Хатије Исмалили е изгласана на најдобар доктор на 2020 во Словенија, во конкуренција со 2014 лекари од земјата. На традиционалниот избор за лекарите во 10 категории гласаат пациентите, а Исмаили победи во главната категорија Мој доктор и во категоријата Мој гинеколог.

Порталот ГОСТИВАРПРЕС.МК објави дека Исмаили е родум од Гостивар каде завршила гимназија, Медицински факултет завршила во Ријека, Хрватска, а по дипломирањето живее и работи во Словенија.

Наградите на десетмината добитици вчера им ги врачи претседателот на Словенија Борут Пахор, а според соопштението на неговата официјална фејсбук страна, притоа Исмаили искрено им се заблагодари на пациентите за довербата и рече дека наградата е охрабрување и за продолжување на нејзината мисија.

Нема повеќе пасоши за Македонците кои заминале надвор од државата?!

Македонските граѓани кои се наоѓаат во странство а на кои им е истечен пасошот нема во скоро време да дојдат до патна исправа. Иако тие веќе подолго време бараат тимови од Министерството за надворешни работи да дојдат во нивните држави за да им земат податоци и да ги фотографираат тоа засега не е можно.

Причината е јасна а тоа е корона кризата и строгите протоколи за патување. Згора на тоа, барања има многу, од Нов Зеланд, Австралија, Скандинавија, но најмногу од Германија. Но, МНР има само една подвижна машина и невозможно е да стигнат насекаде.Планот што беше направен за оваа година се измени и сега се прави друг за 2021 година. Кога ќе стигнат во сите земји и самите не знаат.

Затоа, од МНР ги советуваат македонските граѓани да дојдат во својата земја и тука да извадат патна исправа која и доколку е истечена неоподните документи за да дојдат дома ќе го добијат во најблискиот конзулат или амбасада.

Ова убаво 10 годишно девојче има потреба од операција на овие прекрасни кафени очиња

Ова убаво 10 годишно девојче има потреба од операција на овие прекрасни кафени очиња. За да може да се направи операцијата во “Европска очна болница” Скопје, потребни се 92000 денари. Семејството не е во можност истите да ги обезбеди и затоа сме им потребни ние луѓето со хумано срце. Со љубов за Јелена Добровиќ свртете го бројот 143434 од било кој оператор и донирате 100 денари.

„И сеуште молк … никој ни да зуцне, зарем вака се оди напред, со пустошење на Македонија“

И сеуште молк … никој ни да зуцни, зарем вака се оди напред, со пустошење на Македонија со уништување на се она што е МАКЕДОНСКО. Ја сакаме Македонија, се бориме за Македонија, ќе одиме напред. Каде се овие ветувања? Зарем сите забораваат од каде идат кога ќе стигнат на врвот. Вака ли се сака Македонија?

Каде се сите да помогнат онаму каде е најтешко. Каде се сите да помогнат на Преспа? Езерото полека го снемува одамна веќе го изгуби сјајот… и со последните сили моли за спас. Но не нажалост нема кој да слушни, нема кој да види, нема кој да реагира.

Зошто институциите молчат, зошто медиумите молчат зарем тука е крајот на ова прекрасно катче рај на македонија. И додека сите молчат, време е народот да зборува…. Ова не е само мое езеро, ова е и твое езеро, твоја гордост твоја земја, ова е на сите нас. Јавно ги повикуваме сите надлежни институции да се произнесат и да излезат со конкретни мерки за спас на Преспанското езеро

Панки: „Јас не сум кpиминалец- Се најдов на погрешно место, со погрешни луѓе“

Пред само неколку месеци, со брзина на светлината, во јавноста се прошири веста за тоа дека Панки е уапсен на граничниот премин Евзони при обид за влез во Грција.

Како што тогаш беше објавено наводно пејачот бил уапсен поради европска потерница распишана пред 13 години од страна на германските власти, за учество во мрежа која крадела податоци од банкомати. Досега Панки не се огласуваше на оваа тема, а денес, за прв пат во јавноста, и тоа пред објективот на Бекстејџ, реши да си ја отвори душата и да ја каже вистината.

„Јас не сум криминалец. Се најдов на погрешно место, со погрешни луѓе. Кармата од пред 13 години, ме стигна денес.“ – вели Панки во интервју за естрадниот магазин Бекстејџ.

Целиот разговор може да го слушнете во продолжение:

Имам шанса да се иселам за Германија, да ја искористам или не?

Твитер дебата која дефинитивно има интересни одговори еве што мислат на ова прашање твитерџиите: