Би Би Си: Македонија со убедливо најголема смpтноcт од Корона на Балканот

Македонија има убедливо најлоша корона слика на Балканот и е меѓу земјите кои имаат најголема смртност во Европа, покажува најновата анализа на националниот британски медиумски бренд BBC (Би Би Си)

Па така, во BBC пресметале дека со 34,6 починати на 100 илјади жители Македонија има најголема смртност во регионот. Најблиску до нас е Косово каде на 100 илјади жители починале 26,4. Следи Црна Гора и Босна и Херцеговина. Од соседите, освен Косово, сите останати имаат три пати помала смртност отколку во Македонија а во Грција смртноста е за дури 10 пати помала. 

Во Албанија починале 12,9 пациенти на 100 илјади жители, 11,2 во Бугарија, 10, 7 во Србија и само 3,5 во Грција. 

Во европски рамки Македонија е на деветтото место. Најлоша е сликата во Белгија по што следат Шпанија и Велика Британија.

Од Министерството за здравство веќе објаснија дека високата смртност во Македонија се должи на различната методологија која земјава ја користела за евиденција на смртните случаи.

Драма: Дошла мајката на бившата да се пресмета

Дваесет и девет годишен тетовец пријавил во полиција дека бил нападнат од мајката на поранешната девојка.  Според пријавеното, нападот се случил во училиште каде работел.

-Вчера 28 септември во 21 часот и 10 минути, И.Ш.(29) од Тетово пријавил дека околу 20 часот и 40 минути, додека бил на работно место во тетовско основно училиште, физички бил нападнат од 55-годишната тетовка Л.Ј., со чија ќерка претходно биле во љубовна врска, информира денеска СВР Тетово.

Тетовската полиција преземе мерки за расчистување и документирање а случајот.

“Моето момче сака да го оставам синот од првиот брак, мислам дека тоа ќе го направам“

На социјалните мрежи често пати може да се најдат поставени прашања на разни теми на кои се бараат одговори. Едно шокантно прашање ги „запали” корисниците, а се најде и во „Индипендент”.

Имено, една жена размислува да го остави својот син бидејќи тоа од неа го барал идниот сопруг, а таа се грижи како таквата одлука ќе ја поднесат нејзините болни родители.

-Драга Венди, момчето ме запроси. Јас имам син од првиот брак, а старателството го делам со својот поранешен сопруг. Моето момче исто така има ќерка од првиот брак, но не ја гледа. Веднаш ми рече дека нема да го прифати мојот син и дека треба да го оставам кога ќе се венчаме, ја започнала непознатата жена својата исповед.

Таа додава дека одлучила да го остави детето, но дека има проблеми во врска со тоа.

-Ќе го оставам кога ќе се венчаме, но мојот вереник сака тоа да го направам веднаш. Меѓутоа, не знам како тоа да им го кажам на своите родители кои многу го сакаат својот внук. Двајцата се болни, татко ми има рак, а мајка ми е депресивна. Се плашам дека ваквата одлука може да ја влоши состојбата, се загрижила госпоѓата барајќи советос извесна Венди.

Венди накусо и одговорила.

-Ќе го оставиш синот поради монстум кој не ја гледа сопствената ќерка? Толку ли си очајна за маж, па ќе се согласиш на се? Побарај помош од психолог и психијатар и засрами се, и напишала Венди.

Сузана Турунџиева: Кога може Атиџе, можам и јас!

Сузана Турунџиева на нејзиниот профил сподели прекрасно интервју прочитајте :

Толку многу нешта ви споделив за Атиџе и Бекирлија, но не ви го кажав најважното – ЗОШТО морав да ја запознаам! Јасмина Кантарџиева го извлече тоа, што не мислев дека некогаш јавно ќе го споделам… затоа што колата можеби изгоре, но надежта НИКОГАШ!!!Многу повеќе во денешен Слободен печат

Повеќе : https://www.slobodenpecat.mk/suzana-turundhieva-koga-mozhe-atidhe-mozham-i-jas/

Викендот без ДДВ ќе може да го користат само тие кои ќе скенираат сметки во тие три дена

За најавениот „Викенд без ДДВ“ граѓаните ќе добиваат поврат на ДДВ само за купени производи со македонско потекло. Ќе се добијат пари назад ако се купи облека, бела техника, санитарија, храна, мебел и друго, само ако се направени во земјава. Исклучок ќе биде само ИТ производите, како компјутер, лаптоп или друга опрема, за кои, без разлика каде се произведени, ќе се враќа ДДВ.

Според пратеничката Сања Лукаревска ,со новиот сет мерки, се надоградува успешниот проект за поврат на ДДВ кон физички лица.

„Викендот меѓу 10 и 12 октовмри ќе биде викенд без ДДВ. 350.000 граѓани, веќе постоечки корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври можат да купуваат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари и во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ“, рече таа на прес конференција.

Oд Владата сметаат дека мерката е креирана да се излезе во пресрет на граѓаните преку поврат на ДДВ, како и преку набавка на производи кои им се потребни во ковид – кризата (ИТ опрема), да се инјектираат средства во домашната економија, а воедно и да се придонесе кон сузбивање на сивата економија.

Според УЈП, наместо за сите граѓани, Викендот без ДДВ кој е на 10, 11 и 12 октомври, ќе може да го користат само тие кои ќе скенираат сметки во овие три дена.

„Потоа УЈП ќе го враќа ДДВ – то. Оние кој немаат ваква апликација ќе мора да се регистрираат за да може да ја искористат оваа мерка.

Сите оние даночни обврзници кои што ќе сакаат да ја користат оваа мерка ќе мора најпрво доколку немаат апликација Мој ДДВ, да се регистрираат во системот е – персонален данок. На веб страната се внесуваат генералите, име и презиме, матичен број, и валидна e – mail адреса, се отвара барањето го отпечатуваат, го носат во канцелариите на УЈП каде што нашите вработени го одобруваат ова барање“, изјавил Михајло Михајлов од Управата за јавни приходи.

3-годишниот Реџеп ја победи страшната болест – Си оди здрав и насмеан, заѕвони ѕвончето во Детската клиника во Скопје

Реџеп има само три години и може слободно да се пофали дека ги направил трите најважни работи во животот !

1. Не плаче, туку среќен е и по цел ден се смее!

2. Победи страшна болест, па здрав по цел ден игра!

3. Храбар е и може светот да го сврти наопачки!

Да си жив и здрав Реџеп и само напред!

Несекојдневно пораѓање: Велешанка се породила во такси во дворот на болницата

Утрово пред 7 часот, жена се породила во такси возило, во дворот на Велешката Болница. Бебето е здраво и живо заедно со мајката, информираа од болницата. Сведоци на настанот биле вработените кои доаѓале на работа. Една од нив била прва која притрчала на помош.

Таксистот ја отвори вратата од автомобилот и кажа дека жена се породува, по што една од медицинските сестри од детско, веднаш притрча, помагаше, дојдоа и сестри од Акушерско одделение и жената се породи во колата“, раскажува сведок на несекојдневното породување.

Од Општа Болница Велес информираа дека бебето е здраво и живо и се во добра состојба заедно со мајката, на која ова и е второ дете.

Утрово во такси возило пресечена е папочна врска на жена родилка и бебе. Породувањето го извршиле две акушерки и сестра од детско одделение. Бебето е машко, тешко 3,2 кг долго 50см. И мајката и бебето се згрижени на акушерско одделение и се во добра здравствена состојба“, соопшти портпаролот д-р Весна Николовска Неделкова.

Пак падна националната платформа – Мон : продолжува тестирањето на платформа за учење на далечина

Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога започнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина, овој процес е во тек и ќе продолжи интензивно да се одвива и во наредните денови.

Со задоволство Ве информираме дека само во текот на вчерашниот ден, на Платформата беа најавени над 88 000 активни корисници. Истите придонесоа за успешно идентификување и дефинирање на предизвиците кои произлегуваат од оптоварување на Платформата во оваа фаза на нејзина имплементација. Резултатите од тестирањето на терен се целосно сондирани, и е започната оптимизација на ресурсите во сите три кластери на Сервери (Серверите за базите со податоци (database servers); Серверите за балансирање на оптоварување (load balancer), и Серверите за опслужување на корисниците (web servers)).

Тестирањето продолжува и во текот на денешниот ден. Како резултат на истото, посочуваме дека е возможно повремено да добивате порака за грешка при поврзување со базата (error database connection), што е очекувано во предметната фаза на тестирање.

Овој процес ќе помогне не само за успешно ставање на Платформата во функција, туку и ќе поддржи изградба на интероперабилност помеѓу различните системи во рамки на Министерството за образование и наука, во насока на ефективно следење на секој ученик во текот на целокупниот процес на негово образование.

Нашата крајна цел е не само да овозможиме континуитет на образовниот процес во вонредни околности, како што е тековниот со пандемијата со Ковид-19, туку да создадеме солидни темели за понатамошно унапредување на квалитетот на целокупниот образовен процес во земјата.

Ве охрабруваме да продолжите со поврзување на Националната платформа за учење на далечина и во наредните денови, и редовно да ги следите новите содржини кои ги поставуваме на главната страница (www.schools.mk).

Продолжуваме посветено да работиме на подобрување на корисничкото искуство на сите корисници на Платформата.

Министерство за образование и наука

Агатенгел: “Делчев е апостол кој го осветлува образот на Македонецот”

-Столчени сме, верувам дека како Феникс ќе воскреснеме повторно. Ова што ни се случува на нашата света македонска земја, нашиот македонски народ е навистина нешто што секој вистински Македонец треба да се вознемири. Оној кој ја чувствува, оној кој ја сака, оној кој ја љуби оваа македонска земја, истакна г. Агатангел.

Агатангел го коментираше она што се случува со Гоце Делчев, вели дека иако тој не е историчар знае дека Гоце Делчев е Македонец кој се борел за македонски правдини.

-1894 година Гоце Делчев е учител во Штип, на крајот од годината е поставен на истото училиште и директор, а 1895 за првпат се организира демонстрации против власта. Што значи Гоце Делчев во Штип учел деца Македончиња, бил директор на деца Македончиња, на учители Македонци, духот бил македонски. И зошто тој тогаш ги формирал тие демонстрации, ги организирал тие демонстрации против власта? За да го окуражи народот, да му каже на народот да не се плаши, да си го брани она неговото вистинското македонското, националното, нагласи г. Агатангел.

Агатангел рече дека Делчев е апостол на вистината, апостол на љубовта, апостол на правдата. Апостол Гоце во тој период го осветлува образот на Македонците и говори за вистината и правдата на секој Македонец.

Аризанов: Пандемијата ни покажа дека не се потребни школи, за да имаш добро образование

ФБ статус на „Блаже Аризанов:

АМА БЛАГОЈЧО, ПРВО УЧИЛИШТА, ПОСЛЕ САТЕЛИТИНа една група Македонци, сателитите им стојат невозможни.На друга, нелогични. Во фазон – ние уште патишта и училишта немаме ко што треба, па сателити ќе сме правелеЕте да и покажам на втората група каде греши во размислувањето.Ги гледаме работите низ погрешна призма. Низ линеарност.На пример – навикнати сме дека едното доаѓа после другото.

Прво тоа, па тоа. Прво училишта, па сателити.Ова е бидејќи не разбираме што значи експоненцијална ера. Во експоненцијална ера, можеш небаре како во квантна равенка, да прескокнеш неколку чекори.Тоа го направи Естонија. Класичната теорија вели дека општествата традиционално се развиваа од аграрно, па индустриско па информатичко. До сега така беше.Епа Естонија, прескокна неколку чекори. Од аграрно општество отиде право во информатичко.Кога мозокот е соочен со нелинеарна ситуација, ситуација што не одговара на ортодоксниот модел, се збунува. Зошто велиш, прво школи? Оти образованието е битно, така?

Оти си навикнат да ги гледаш школите како физички зданија. Епидемијата ете ни покажа дека не се потребни школи, за да имаш образование. Интернетот ни го покажува истото веќе 20 години. Мисијата на вдаховување знаење повеќе не е условена од постоењето на физички зданија наречена училишта. А ова што значи? Дека училиштата повеќе не го обезбедуваат повратокот на инвестиции што го обезбедуваа порано. Денешниот модел на училиште е Британски индустриски изум. Првите училишта беа отворени од страна на мелниците за памук пред двесте години Зошто? За да продуцираат цивилизирана маса на луѓе што ќе бидат 1) послушни 2) точни и 3) трезни, и тоа во голема бројка, бидејќи индустријата во тоа време беше трудово-интензивна.Пази сега – уште навиваш за здание старо 200 години чијашто основна мисија е да продуцира послушни кадри во илјадници. Уште мешаш образование/education (цел) со школување/schooling (метод).

Од тогаш до пред 20 години училиштата имаа смисла. Но од тогаш наваму како концепт се излишни. За да развиеш една земја, треба да ги поттикнуваш оние дејности што се најмногу knowledge-based. Односно, оние дејности што продуцираат најголема маргинална корисност. Во моментот една таква дејност се да речеме сателитите. Училиштата се излишна ствар. Не можеш да поттикнеш иновација во изградба на училишта. Не можеш да привлечеш врвни мозоци и умови во изградба на училишта. Маргиналната корисност на плус уште едно училиште е речиси рамна на нула, односно ова значи, за џабе фрлање пари. Но маргинална корисност од изградба на првиот сателит? Е збори ми за ова. Умовите потребни за да продуцираат такво нешто би раздвижиле цели индустрии, цели сектори.Појасна е сега логиката на сателити, наспроти училишта?