Connect with us

Инфо +

Одличен предлог: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Published

on

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор, предложи денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Вчера истото предложив да се случи со хронично болните чие здравје е под ризик“, додава тој.

Како што вели Мицкоски, бројот на починати и на заразени на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата и затоа мора бремените жени да се заштитат од овој ризик.

Македонија

Мицкоски: Наскоро ќе видите како се прислушувало последните години, ќе се згрозите

Published

on

На пратеничко прашање околу прислушувањето, премиерот вети дека наскоро ќе биде откриено како се прислушувало и дека пратениците од СДСМ ќе бидат згрозени.

„Јас сум убеден дека дел од раководството на СДСМ не ни знаеле дека тоа се случувало, дека најголемиот дел од нив го правеле за злоупотреба и лична агенда. Не дека некои од највисокото раководство немале информации, имале. И тоа што се случувало ќе ве згрози и вас“.

„Затоа ја гледам таа дебата од убдашки болшевистички структури кои се присутни во нашите кодошки безбедносни структури. И затоа се плашат од спојување на агенциите. Што им фалеше спојувањето на овие агенции во Хрватска, во САД?“ праша Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

Првиот човек на МАНУ со говор каков што заслужува Македонија и највисоката научна институција

Published

on

Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите професорот Живко Попов на денот на МАНУ одржа говор каков што прилега на највисоката научна установа во Македонија.

Во неговиот говор одржан вчера пред академиците и гости академик Попов зборуваше и за теми кои досега со исклучок на предходниот претседател Љупчо Коцарев ретко биле споменувани во официјални настапи на раководството на МАНУ.

Професорот Попов се осврна и на дневно политички теми како Законот за јазиците и соодветната процедура пред уставниот суд, за формирањето на таканаречената Албанска академија на науките но она што е посебно интересно е фактот што академикот на прецизен, фактографски и неагресивен начин говореше за настани и процеси кои претходеле на формирањето на МАНУ и македонската држава.

Во продолжение деловите од неговиот говор кои се однесуваат на формирањето на МАНУ, историските и реал-политичките околности поврзани со формирањето на македонската држава и нација на територија на Македонија и во околните држави како и за договорите со Грција и Бугарија по кои Македонија се уште не почнала да преговара за членство во ЕУ:

Најнапред би сакал да го честитам Денот на МАНУ, Денот на конституирањето на еден од симболите на македонската државотворност.

МАНУ е формирана во 1967 година како највисока научна и уметничка институција во Република Македонија, во рамките на тогашната Југословенска федерација, со матична комисија составена од еминентни членови на најстарите академии во Југославија. При тоа, првиот состав на академици е избран согласно највисоките универзални научни и уметнички стандарди и критериуми.
Денес, после 57 години од нејзиното формирање, МАНУ претставува најзначајна национална научна и уметничка институција од посебен општествен интерес во нашата држава, која со децении наназад, со својата научно-истражувачка дејност, творештво и советодавна улога, претставува столб во градењето и зачувувањето на идентитетот, македонскиот јазик, историјата и државноста на македонскиот народ и деловите од другите народи кои живеат во земјата. 

Во годината кога ја одбележуваме осумдесетгодишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ неодминливо е да не зборуваме за овој најзначаен настан во поновата историја на македонскиот народ и развојот на неговата државност. Научните собири кои се организираат по тој повод секогаш претставуваат научен предизвик за учесниците да разменат различни мислења и факти со кои дополнително ќе бидат расветлени одредени моменти од историските настани (Илинден 1903 и АСНОМ 1944) и нивното политичко и национално влијание за време на Социјалистичка Република Македонија и денешна Македонија, како и во однос на деловите на македонскиот народ во географската целина Македонија, односно во Егејска и Пиринска Македонија, како и на нејзината дијаспора во светски рамки.
Осумдесет години можеби за историјата на човештвото се само еден миг, но за еден мал, распарчен народ како македонскиот, претставуваат огромна придобивка во која тој после вековна борба и страдање ги реализира своите национални стремежи за државност.
Современата македонска држава е создадена на темелите на антифашистичката борба на македонскиот народ и на припадниците на заедниците кои живеат во нашата земја и останатите јужнословенски народи, која прерасна и во негова народноослободителна борба. При тоа, таа се создаде на територијата на Вардарска Македонија каде постоеја најповолни услови за формирање на антифашистичко народноослободително движење од страна на организирани демократски и прогресивни сили на чие чело беа комунистите. Почетокот на изградбата на македонската држава е вграден во одлуките на Второто заседание на АВНОЈ (29 ноември 1943) за формирање на федеративна Југославија, со што за прв пат на македонскиот народ му се дава рамноправност со останатите народи на Југославија, станувајќи една од шесте конститутивни републики на федерацијата.
Посебна придобивка е одлуката на Претседателството на АВНОЈ со која македонскиот јазик, заедно со српскиот, хрватскиот и словенечкиот е прогласен за службен јазик на целата територија на Југословенската федерација. Наведените одлуки со воодушевување се прифатени на Првото заседание на АСНОМ, како потврда на суверената волја на македонскиот народ за формирање на сопствена национална држава, која истовремено е и рамноправна држава на сите националности/делови од народи кои живеат во неа.
За жал Народна Република Македонија се создаде само на еден дел од нејзината целокупна територија, што секако беше епилог на севкупноста на геополитичките односи и услови во текот и непосредно после Втората светска војна и се наметна како единствено можна реалност, и покрај тоа што македонскиот народ педесетина години наназад имаше добро организирана револуционерна борба и активност за автономија и ослободување на географската и етничка целина Македонија, преку различни форми на дејствување на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација.
Уставната поставеност на македонската држава во составот на СФРЈ, согласно одлуките на АВНОЈ и АСНОМ, му дозволи на македонскиот народ да направи огромни достигнувања во сите области на општественото живеење, почнувајќи од современа економска структура, индустријализација на земјата, до сестран развој на образованието, науката, културата и духовното богаство. Во релативно краток педесетгодишен период на југословенската федерација македонскиот народ изгради современа држава со потврден национален идентитет и државност, и со висок потенцијал за постигнување највисоки дострели.
Но, кога се зборува за АСНОМ мора да се каже дека некои научни кругови во земјата и особено во соседните земји почетоците на македонската национална мисла и програма ги согледуваат дури по познатата резолуција на Коминтерната од 1934 година, а не пред Илинденското востание и пред книгата на Мисирков.
Во тој контекст во процесот на осознавањето на нашата национална мисла не смееме да ја пренебрегнеме улогата на една од најзначајните македонски национално-културни асоцијации во минатото – македонското научно-литературно другарство во Петроград. Имено на 28 октомври 1902 година во руската престолнина е спремен првиот досега познат официјален акт за основањето на едно посебно, легално и национално јасно дефинирано друштво на македонските студенти во Петроград што стана познато под името Македонско научно-литературно другарство. Цели 15 години сé до 1917 година со асоцијацијата раководи нејзиниот енергичен и авторитетен претседател Димитрија Чуповски.
Во рамките на ова другарство во 1902/1903 година беше подготвена првата дотогаш најкомплетна македонска национална програма, пласирана низ словенскиот свет, потоа првата кодификација на македонскиот современ јазик на кој што беше објавена и првата книга “За Македонцките работи” од Крсте П. Мисирков, беа составени повеќе историски меморандуми испратени до големите сили, беше подготвен обемен македонско-руски речник од страна на Чуповски, излегуваше научното и литературно списание “Вардар” и многу други нешта од национален интерес. Сите овие работи го поставуваат Македонското научно -литературно другарство во основата на сегашната Македонска академија на науките и уметностите, како континуитет кој треба да се афирмира и чествува во академијата на соодветен начин.
Во оваа насока е и денешната промоција на изданието “Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург 1902 – 1917” како дел на ова свечено собрание во амфитеатарот на МАНУ во 13h, при што промотор ќе биде директорот на Институтот за национална историја.
Големи историски настани во наредните триесетина години по распадот на југословенската федерација се прогласувањето на Република Македонија за независна и суверена држава, членка на ООН, членка на НАТО алијансата и рамноправен правен субјект во меѓународната заедница. На тој начин македонскиот народ уште еднаш го потврди својот државотворен капацитет, осамостојувајќи се по пат на мирна разврска со југословенската федерација.
На патот за членство во ЕУ тој стана пример за мирољубива коегзистенција со соседните земји, а на внатрешен план пример за соживот во услови на мултиетничка и мултикултурна заедница организирана на рамноправни и демократски принципи. Пријателството, спремноста за соработка и отворениот дијалог со сите, а посебно со соседните земји не секогаш беше возвратено на соодветен начин, напротив некои од нив покажаа неразбирање и нерационално однесување. Евроскептицизмот кој се јавува во последно време е резултат на пречките кои ЕУ неправедно ни ги постави на нашиот европски пат, а кои најмногу се однесуваат на меѓународно превземените обврски во врска со договорите со Грција и оној за добрососедство со Бугарија, кои во најмала рака беа референдумски прашања кои треба да се почитуваат, чии што последици се евидентни и сеуште не им се гледа крајот. За нив земјата направи болни компромиси, при што си го промени прво државното знаме, а потоа и државното неприкосновено име, но и покрај тоа изостана отворањето на процесот на преговори со ЕУ.
Сепак треба да сме свесни дека ние како мал народ и сиромашна држава само преку рамноправен дијалог и соработка со соседите и ЕУ може да дојдеме до разумни и прифатливи решенија за создадените проблеми, зачувувајќи го при тоа културното и историско наследство кое му припаѓа на македонскиот народ како европска вредност. Но и покрај сите пречки македонската држава денес е дефинитивна историска реалност со потврден целосен историски идентитет и меѓународен државно-правен легитимитет, која што на достоинствен начин мора храбро да продолжи по зацртаниот европски пат.
Овие комплексни околности на современата македонска историја претставуваат големи научни предизвици и голема е одговорноста на научниците кои ги расветлуваат различните аспекти и значења на документите на АСНОМ и многу други историски настани. Потребно е со реална критика и објективни факти да ја соопштуваат вистината за тешката историја на македонскиот народ.
На крајот од ова мое обраќање, сакам да порачам дека иднината на македонската држава се гради со труд, со заедништво, обединетост и храброст. Ако по утрото денот се познава, со промените што се случуваа оваа година, може да се предвиди дека за нашава земја доаѓаат подобри времиња.
Во знакот на заедничката работа и на очекуваната посветла иднина за Македонија во која мора да веруваме, дозволете уште еднаш да и посакам на Македонската академија на науките и уметностите вековно постоење и, како и досега, успешно совладување на предизвиците што ги носи времето.

Continue Reading

Инфо +

Сиљановска: Честитки до Албанија по повод 80-годишнината од ослободувањето

Published

on

Пратеничката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод Националниот ден и одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Република Албанија. Во својата изјава, таа истакна дека двете држави градат пријателски односи и делат заедничка визија за стабилен и напреден регион.

„Националниот ден на Албанија и 80-годишнината од нејзиното ослободување претставуваат значајна пресвртница во историјата на оваа наша соседна земја. Северна Македонија и Албанија имаат изградено блиски односи и заедничка заложба за регионален просперитет,“ изјави Сиљановска.

Таа нагласи дека Северна Македонија е подготвена за натамошно унапредување на севкупната соработка во интерес на граѓаните на двете земји. Според неа, добрососедските односи и заедничките цели за европска интеграција се клучни фактори за одржлив развој и стабилност во регионот.

Националниот ден на Албанија, кој се слави на 28 ноември, има посебно значење за албанскиот народ и претставува симбол на независноста и ослободителната борба. Оваа година одбележувањето е дополнително значајно поради јубилејот од ослободувањето на земјата од фашизмот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк