Connect with us

Инфо +

Убавината ќе згасне со времето, но срцето и душата секогаш ќе бидат исти

Published

on

Маж се оженил со убава девојка. Многу ја сакал. Еден ден ѝ се појавила ретка кожна болест и таа полека почнала да ја губи убавината. Само што се случило ова, нејзиниот сопруг заминал на турнеја. По враќањето, кога ја погледнал го изгубил видот. Сепак, нивниот брачен живот продолжил како и обично. Како што поминувале деновите, таа ја губела убавината, ама слепиот сопруг не го знаел тоа и немало разлика во нивниот заеднички живот. Тој продолжил да ја сака.
Еден ден таа починала. По погребот, го прашале тажниот сопруг како сега ќе се движи сам кога повеќе не е неговата сопруга на овој свет да го придржува и да му помага?
Тој одговорил: „Не сум слеп. Глумев затоа што ако знаеше дека можам да ја гледам ќе беше уште потешко за неа. Не ја сакав само поради нејзината убавина, се заљубив во нејзината грижлива и сакана природа. Затоа се преправав дека сум слеп. Само сакав таа да биде среќна”.
Наравоучение: Кога вистински сакате некого, одите до крај за да го задржите вашиот сакан среќен. Понекогаш е добро за нас да се правиме слепи и да ги игнорираме работите. Убавината ќе згасне со времето, но срцето и душата секогаш ќе бидат исти. Сакајте ја личноста поради она што е внатре, а не поради надворешната убавина.
Ако го читате ова до крај, споделете ја во некоја група оваа прекрасна приказна ❤

Македонија

Вечерва православните христијани ја слават Стара нова година

Published

on

Вечерва православните христијани ја слават Стара нова година

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Стара нова година, која почнува утре на Василица (1 / 14 јануари).

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

По повод празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

Continue Reading

Македонија

БРАВО ЦУК! – УСПЕШНО СПАСЕНИ НЕКОЛКУ МАЛОЛЕТНИЦИ: Биле заглавени во завеаното село Рајчани

Published

on

Центарот за управување со кризи (ЦУК) објави дека акцијата за спасување на шест лица, кои беа заглавени поради обилниот снег во село Рајчани, Општина Кочани, е успешно завршена.

„Во 09:53 преку број за итни повици 112 добиена е пријава за 5 малолетни лица и 1 возрасно лице кои поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани“, соопштија од ЦУК.

По добивањето на пријавата, веднаш беше активирана координирана акција со СВР Штип, Полициската станица Кочани, лицето за контакт од Општина Кочани, градоначалникот и Доброволната спасителна служба Осогово.

Благодарение на брзата реакција и соработката на сите инволвирани страни, сите шест лица се успешно извлечени. Според информациите, тие се во добра состојба, а акцијата заврши без дополнителни компликации.

Обилните снежни врнежи продолжуваат да предизвикуваат проблеми низ земјата. Граѓаните се советуваат да избегнуваат непотребни патувања, особено во критичните региони каде што временските услови се најлоши.

Continue Reading

Инфо +

СНЕГОТ НЕ УСПЕА ДА ЈА „ОКОВА” МАКЕДОНИЈА Сите магистрални и регионални патишта се проодни, екипите на „Македонија пат” работат неуморно

Published

on

Министерството за транспорт и врски соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по чисти коловози со актуелни забрани за движење на тешки товарни возила на превоите и одделни гранични премини. Патничкиот железнички сообраќај се одвива нормално и без прекин, со минимални задоцнувања кои брзо се надминуваат благодарение на интервенциите од дежурните екипи од ЈП „Инфраструктура“ кои се на терен.

-Посебен акцент е ставен на интервенции кај критичните точки, обезбедувајќи непречено и безбедно движење на патничките возови. Товарниот железнички сообраќај се одвива со мали застои, кои главно се предизвикани од заснежени или замрзнати свртници. Јавното претпријатие „Инфраструктура – Железници“ исто така со дежурни екипи континуирано работат на расчистување и одржување на свртниците, овозможувајќи континуитет во сообраќајот. „Железници на Северна Македонија – Транспорт“ и ЈП „Инфраструктура“ остануваат посветени на обезбедување квалитетна и сигурна услуга за сите корисници велат од Министерството за транспорт.

Оттаму додаваат дека јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта „Македонија пат“, со целокупната механизација и работна сила е на терен и во континуитет врши расчистување на државните патишта.

– Од информациите од терен од страна на сообраќајните служби, воведена е забрана за тешки товарни возила на следниве патни правци и планински превои: Крива Паланка – ГП Деве Баир, ГП Делчево кон Бугарија за возила над 7.5 тони  Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, Тетово – Попова Шапка, Пресека, Плетвар, Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос , додека  на автопатот Пријателство кај с.Миравци, тешките товарни возила се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија – велат од Транспорт.

Исто така на располагање се ставени и „трети лица” (компании кои соработуваат со ЈП Македонија пат)  и истите се вклучени во расчистување на снегот на магистралните и регионалните патишта.

Од Министерството апелираат возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби.

– Сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови со кашест снег на коловозот и затоа апелираме да се следи временската состојба и сите граѓани кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта. ЈП Македонија пат во континуитет ја следи состојбата на државните патишта и соодветно реагираат со целокупната механизација на терен – велат од Министерството за транспорт.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк