Connect with us

Инфо +

Вакцината против Ковид-19 кај нас во јануари или февруари

Published

on

Очекувањата се дека во јануари или февруари ќе ја имаме вакцината против Ковид-19 согласно сегашната динамика на одвивање на работите, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

И втората компанија после „Астра Зенека“ и компанијата „Фајзер“, посочи министерот, аплицираше да добие дозвола за употреба во Европската агенција за лекови. Појасни дека вообичаено тоа е процедура која трае неколку месеци и кога ќе завршат сите клинички фази на испитувањето почнува административата процедура.

Верувам дека ќе дадат одобрување по таа т.н.ургентна постапка и дека некаде до Нова година, такви се очекувањата, ќе добие дозвола и двете вакцини да бидат дистрибуирани. Ние ги очекуваме преку Ковакс механизмот, од чиј дел се овие две компании. Како ќе ја добијат дозволата за употреба таму ги даваат дозите и тие еднакво се распределуваат на сите земји кои учествуваат во него. Секоја следна компанија која влегува во тој механизам ги дава на располагање своите дози на вакцини. Ние го потпишавме договорот, Владата даде согласнот, обезбеден е буџет, така што ги очекуваме вакцините преку Ковакс механизмот, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на пунктот за брзи тестови во поликлиниката „Јане Сандански“.

Европа

ИЛИ ВРЕДЕН ИЛИ ИЗМАМНИК – Работник во Германија заработувал дополнителни 150.000 евра годишно од прекувремена работа и дежурства

Published

on

Јавното обвинителство во Брауншвајг и полицијата истражуваат неколку случаи на злоупотреба на довербата во раководството на Бад Сакс. Изминатава недела, 45 полицајци претресоа девет згради, вклучувајќи ја градската управа, неколку владини канцеларии и два локални бизниси.

Во фокусот на истрагата се некои градски функционери. Според германските медиуми, еден работник, долгогодишен вработен, наводно лажно пријавил прекувремена работа и дежурства низ годините.

До 150.000 евра годишно за прекувремена работа и дежурства?

Според договорот, неговата годишна плата изнесувала околу 50.000 евра, со додатоци за прекувремена работа и дежурства.

Наводно, овој работник покажувал и наплатувал дури 150.000 евра годишно за прекувремена работа, со што неговата годишна заработка се зголемила на околу 200.000 евра.

„Тоа не може да биде вистина“, изјави портпаролот на јавното обвинителство за германските медиуми. Тоа би значело дека човекот морал да работи 400 часа прекувремена работа секоја недела..

Доколку се потврдат наводите, се поставува прашањето кој одобрил плаќања од таков обем и колку време траело.

Уште два сомнителни случаи

Дополнително, се истражуваат два други случаи кои се однесуваат на прекршување на законите за јавни набавки и можна корупција.

Меѓу другото, се тврди дека градот доделил договори на локална градинарска фирма без претходен процес на јавни набавки, велат од обвинителството. Претставникот на компанијата и градскиот службеник наводно се тесно поврзани.

Третиот случај се однесува на сомнеж дека услугите што ги врши услужна компанија се наплаќале по нереално високи цени. Се истражува и сомнителната врска на градскиот функционер со компанијата, објавија германските медиуми.

Continue Reading

Македонија

Вечерва православните христијани ја слават Стара нова година

Published

on

Вечерва православните христијани ја слават Стара нова година

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Стара нова година, која почнува утре на Василица (1 / 14 јануари).

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

По повод празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

Continue Reading

Македонија

БРАВО ЦУК! – УСПЕШНО СПАСЕНИ НЕКОЛКУ МАЛОЛЕТНИЦИ: Биле заглавени во завеаното село Рајчани

Published

on

Центарот за управување со кризи (ЦУК) објави дека акцијата за спасување на шест лица, кои беа заглавени поради обилниот снег во село Рајчани, Општина Кочани, е успешно завршена.

„Во 09:53 преку број за итни повици 112 добиена е пријава за 5 малолетни лица и 1 возрасно лице кои поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани“, соопштија од ЦУК.

По добивањето на пријавата, веднаш беше активирана координирана акција со СВР Штип, Полициската станица Кочани, лицето за контакт од Општина Кочани, градоначалникот и Доброволната спасителна служба Осогово.

Благодарение на брзата реакција и соработката на сите инволвирани страни, сите шест лица се успешно извлечени. Според информациите, тие се во добра состојба, а акцијата заврши без дополнителни компликации.

Обилните снежни врнежи продолжуваат да предизвикуваат проблеми низ земјата. Граѓаните се советуваат да избегнуваат непотребни патувања, особено во критичните региони каде што временските услови се најлоши.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк