Connect with us

Инфо +

Ќерката на Горан Пандев денес полни 9 години

Published

on

Тоа веројатно ќе биде и најголем подарок на ќерката на Горан Пандев која е горда на својот легендарен татко и која денеска полни 9 години. За таа цел тато сподели две фотографии од својата принцеза, една на која позираат заедно и друга на која ги дува свеќичките на тортата.

Под фотографијата тој на италијански напиша „Среќен роденден принцезо моја!“ а во коментарите со честитки се надоврзаа голем број на негови пријатели и фанови.

Скопје

Приведени двајца скопјани, агресивно се однесувале кон полицајци

Published

on

Вчера полицискиот билтен бележи две приведувања од страна на полицијата поради агресивно однесување кон полициски службеници.

Првиот настан се случил во 22:20 часот во општина Аеродром каде полицијата го привела 55-годишниот Т.Ј од Скопје. Тој се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија

Вториот настан се случил во 23:25 часот во општина Центар каде бил приведен 46-годишниот Д.К од Скопје. И тој се однесувал агресивно кон полициските службеници.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Кривична пријава за тинејџер, оставил торба со марихуана во автобус

Published

on

18-годишно момче од Велес доби кривична пријава откако, според полицијата, на 3 јануари оставил торба со марихуана во автобус кој сообраќал на линијата меѓу Скопје и Велес.

„СВР Велес поднесе кривична пријава против П.К.(18) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.01.2025 на седиште во автобус кој сообраќал на релација Скопје – Велес, пријавениот оставил торба со марихуана која била пронајдена и одземена од полициски службеници при СВР Велес“, пишува во полициското соопштение.

Continue Reading

Македонија

Тешка сообраќајна несреќа има повредени

Published

on

Велешанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила по полноќ на наплатната станица Сопот. 

– На 13.01.2025 во СВР Велес било пријавено дека околу 00.06 часот на автопатот Скопје – Велес, на наплатна станица Сопот, патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Велес, удрило во столб од наплатната станица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.М.(41) од Велес, сопатник во возилото, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Велес, информираа од полицијата. 

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк