Connect with us

Инфо +

Филипче: Oди сè потешко, се исцрпуваат капацитетите, вирусот однесе многу животи

Published

on

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување во вестите на телевизија Сител предупреди дека со оваа динамика многу брзо ќе се исполнат и дополнителните кревети во Ковид центрите.

-Обезбедуваме кревети и кадар, но тоа оди сè потешко. Спремни се дополнителни капацитети, но со оваа динамика може за кратко време и тие да се пополнат. Веќе предвидуваме места и на хируршките одделенија. Но, тоа значи дека сите доктори и сестри ќе работат со пациенти со Ковид и ќе запрат сите други прегледи и Мој термин. Обезбедувањето на кревети и кадар оди сè потешко, вели Филипче.

Се исцрпуваат капацитетите, вели Филипче.

-Ако оди во оваа динамика, ако продолжи овој тренд, ќе почнат да се откажуваат закажаните редовни операции, едноставно сите доктори, сестри да бидат посветени на пациенти со ковид-19. Ова е криза насекаде, вели Филипче.

Вирусот е непредвидлив, однесе многу животи, вели Филипче.

-Матичниот лекар е обврзан 24 часа, тие треба да ги прегледуваат пациентите, тоа не е од сега, тоа е години наназад, 24 часа треба да бидат на располагање за пациентите- рече Филипче.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1683 тестирања, а регистрирани се 591 нови случаи на ковид-19, починаа 40 лица.

Балкан

Радев се сретна со претседателот на бугарскиот клуб од Битола

Published

on

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во Софија се сретна со Љупчо Георгиевски, претседател на згаснатиот бугарскиот клуб „Иван Михаилов“ од Битола, Според соопштението од кабинетот на радев, Љупчо Георгиевски изразил надеж дека бугарската заедница во Македонија што поскоро ќе биде вклучена во уставот, со што ќе се создадале уставни гаранции за заштита на нивните права, ќе се отвори патот на државава за почеток на преговори за членството во ЕУ, како и да се стимулира културна и образовна размена меѓу двете земји.

Радев очекува Македонија „во најбрз можен рок да се вклучат Бугарите во уставот на земјата и да се продолжи со имплементација на билатералниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, кој е составен дел од преговарачката рамка. Ова е очекуван и важен чекор за развој на полноправна соработка меѓу Бугарија и РСМ, како и за стабилноста и просперитетот на целиот регион“.

Пред два дена во Битола продолжи судењето на Љупчо Георгиевски. Клубот „Ванчо Михајлов“ е избришан од Централниот регистер, ама сега членовите регистрираа нов клуб под името „Една роза“ и ги задржаа просториите во објектот на улица „Рузвелтова“ во Битола во некогашното еврејско маало. Адвокатот на Георгиевски, Насер Рауфи го одолговлекува судењето во недоглед. Следното рочиште е закажано за 28 јануари следната година.

Continue Reading

Македонија

Нови хуманитарни паркинг места во Битола – Сите приходи одат за добротворни цели

Published

on

Во Битола наскоро ќе започне со работа нова хуманитарна иницијатива на Јавното претпријатие Паркинзи Битола, со која се поставени пет нови паркинг места, од чиј приход целосно ќе се поддржуваат хуманитарни цели. Паркинг местата се лоцирани веднаш до крстосницата на улицата 11-ти март со улицата Филип Втори Македонски, наспроти локацијата на поранешниот Јавор.

Оваа иницијатива доаѓа по едногласната одлука на претпријатието и е дел од напорите на ЈП Паркинзи Битола да ја вклучи локалната заедница во поддршка на добротворните активности. Со користење на овие паркинг места, граѓаните директно придонесуваат за благосостојбата на најзагрозените во заедницата, што ја покажува солидарноста и грижата на Битолчани кон најпотребните.

Наплатата на овие места ќе започне наскоро, а очекувањата се дека средствата собрани преку оваа иницијатива ќе бидат значајни и ќе обезбедат поддршка за различни добротворни проекти и активности.

Со оваа одлука, ЈП Паркинзи Битола испраќа силна порака за социјална одговорност и го повикува секој граѓанин да го даде својот придонес во овој важен хуманитарен проект.

Continue Reading

Македонија

Филмска потера: Додека се бркал со полицијата од „мерцедесот“ фрлил „калашников“ со вграден бајонет

Published

on

Поведена е истражна постапка од страна на Јавното обвнителство Гостивар против лице кое пред два дена учестувало во брканица со полицијата на магистралниот пат Маврово – Гостивар. Ова лице се товари за извршило кривично дело „Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или експлозивни материи, согласно член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик“.

Како што соопштуваат од обвинителството се работи за 30-годишен гостиварец, кој на 6 ноември управувал автомобил „Мерцедес –А класа“ по магистралниот пат А2, во правец Маврово-Гостивар.

„Кај асфалтната база – каменолом „Јефута“ полициски службеници му дале знак да застане заради контрола и преглед на возилото. Но, тој не ја почитувал дадената наредба и со голема брзина се упатил кон Гостивар. Полицајците се впуштиле во потера и го следеле со службени возила и во близина на Здуњски мост забележале дека преку прозорот на автомобилот фрлил автоматска пушка. Осомничениот подоцна бил запрен и приведен, а била пронајдена и автоматската пушка со вграден бајонет, чие поседување за граѓаните е целосно забрането, како и рамка со два куршуми со калибар 7,62 милиметри“, се вели во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка предложил на ова лице да му се определи мерка притвор зошто пости опасност осомничениот да се даде во бегство.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк