Connect with us

Инфо +

Македонија и вечерва се гуши: Екстремно загадено во Лисиче, 6 пати над дозоволеното

Published

on

Поради ПМ 10 честичките се потешко се дише. И вечерва мерните станици за мерење на загаденоста на воздухот измерија висока вренодст на аерозгадувањето во повеќе општини ширум државата.

Највисока концентрација на опасни ПМ10 честички има во Лисиче. Како и деновиве, така и вечерва во Лисиче мерните станици покажаа 354 ПМ 10 честички или над 6 пати повеќе од дозволеното ниво. Веднаш потоа е општина Кавадарци со 296 ПМ 10 честички или над 5 пати повеќе, Тетово со 281, Куманово со 220 ПМ 10 честички на метар кубен, додека пак во општина Гостивар и Кичево се измерени 195 и 188 ПМ 10 честички или над 3 пати повеќе од дозволеното ниво.

Покрај тоа што сме на самиот почеток на зимото, алармот веќе е вклучен, но надлежните претежно остануваа на празните ветувања.

Европа

УШТЕ ЕДЕН ПОПУЛАРЕН СИНЏИР ЗА МЕБЕЛ ЈА НАПУШТА ДРЖАВАТА: По повеќе од 15 години ќе ги нема на овој пазар, а работниците остануваат на улица

Published

on

Трговската компанија за мебел Вејфер се повлекува од Германија и укинува стотици работни места. Во светот се очекува да бидат укинати околу 730 работни места.

Популарниот продавач на мебел „Вејфер“ се повлекува од Германија и укинува стотици работни места ширум светот. Трговецот на мебел сака во иднина да се фокусира на други пазари, јавуваат германските медиуми.

Weifer се повлекува од германскиот пазар по 15 години и околу 730 работни места ширум светот ќе бидат укинати- што е еквивалентно на околу три проценти од вкупната работна сила.

Оваа одлука е дел од стратешката преориентација на групацијата, која ќе се фокусира на стационарната малопродажба и други области на раст во иднина. Ова го соопшти компанијата во петокот.

.Тешка ситуација на германскиот пазар

Основачот и извршен директор Нирај Шах објасни дека проширувањето во Германија бара премногу време и пари.

Тој напиша:

Се покажа дека е тешко да се зголеми нашиот удел на пазарот и да се подобрат единечните трошоци на германскиот пазар. Парите на компанијата би биле подобро потрошени за други иницијативи за раст, рече Шах.

Вејфер очекува високи трошоци за реструктуирање

Најавените отпуштања особено ги погодуваат работниците во магацините, услугите на клиентите и корпоративните сектори.

Околу половина од засегнатите работници би можеле да останат во компанијата доколку сакаат да се преселат на локации како Лондон или Бостон, рече финансиската директорка Кејт Гуливер. Таа додаде:

– Длабоко се грижиме за тимот во Германија и ја цениме нивната работа. Сепак, веруваме дека ова е вистинскиот следен чекор за компанијата.

Компанијата очекува реструктуирањето да ги чини меѓу 102 и 111 милиони долари. Трошоците вклучуваат отпремнина, социјални бенефиции и трошоци за затворање на објектот.

Вејфер планира поголемиот дел од идните заштеди од реструктуирањето да ги реинвестира во своите физички планови за малопродажба и проширување на преостанатите меѓународни локации. Според германските медиуми, од 2020 година компанијата не може да забележи никаква годишна нето добивка.

Извор: Фактор.мк

Continue Reading

Инфо +

Средба на Сиљановска-Давкова со Бранко Азески: Партнерство за економски развој и зајакнување на стопанството

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, продолжува со својата визија за поттикнување на економскиот раст и унапредување на соработката меѓу бизнис-секторот, дијаспората и државните институции.

На инспиративна и конструктивна средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, Сиљановска-Давкова беше информирана за актуелните состојби во националната, европската и глобалната економија, како и за предизвиците со кои се соочува македонското стопанство.

Фокус на соработката и унапредување на претприемништвото

Разговорите се осврнаа на плурализмот во здружувањето на претприемачите и неопходноста од соработка заснована на меѓусебно разбирање и почит. Претседателката истакна дека владата има клучна улога во создавање здрав и компетитивен општествен амбиент за бизнис-натпревар, како и во привлекувањето странски инвестиции и зајакнување на домашните компании.

Вклучување на дијаспората во економскиот развој

Гордана Сиљановска-Давкова ја потенцираше потребата од поинтензивно вклучување на македонската дијаспора во развојот на националната економија. Претседателката објави иницијатива за формирање Совет за соработка со дијаспората, нагласувајќи дека таа ќе биде важен столб за спојување на домашните и глобалните деловни интереси.

Компаниите како чувари на наследството

На средбата беше актуелизирана и важната улога на компаниите во заштитата и промоцијата на природното, културното и историското наследство на Македонија. Претседателката ја истакна потребата од одржлив развој кој ќе биде во хармонија со овие вредности.

Со иницијативи за подобрување на бизнис-амбиентот, зајакнување на националната економија и вклучување на дијаспората, Гордана Сиљановска-Давкова се позиционира како лидерка која активно работи на создавање просперитетна и одржлива иднина за Македонија.

Continue Reading

Македонија

Во Фондот за иновации е откриен криминал од неколку милиони евра

Published

on

Во синоќешното гостување на „ТопТема“, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека неколку минати раководства на ФИТР, работеле криминално и направиле бројни финансиски злоупотреби и криминали, за кои се поднесени и се поднесуваат кривични пријави.

„Се покажа дека Фондот за иновации со сите негови претходни директори во последните 6 години работел многу криминално. Неколку милиони евра штета се во прашање направени. Оваа недела ќе има и нови кривични пријави, за различни проекти кои што никогаш не се реализирале, а биле исплаќани”, потенцираше Андоновски.

Тој додаде дека Фондот за иновации го има изгубено кредибилитетот поради оние кои што додека раководеле со фондот давале пари за непостоечки иновации, оценети негативно и од ревизорски извештаи.

„За жал, Фондот за иновации го изгуби кредибилитетот кај граѓаните и ние ако отвориме нова програма утре во Фондот за иновации, луѓето ќе речат вие сте исти како претходните. Како што претходните делеа пари за хулахопки, за пица рецепти, за небинарен тоалет, така и вие сега ќе правите за некои нови. Тоа не можеме да го дозволиме.”

Министерот додаде дека планот е постапно Фондот да се затвори, а надлежностите да ги преземат Министерството за дигитална трансформација, МОН и други соодветни институции.

„Идејата е Фондот да се затвори и тоа ќе се случи во текот на 2025 година, а надлежностите во поглед на технолошкиот развој, иновациите да ги преземат институциите кои што се соодветни на тоа, во поглед на технолошкиот развој, дигиталните иновации тоа е нашето министерство, во научните проекти и иновации министерството за образование. Планот за тоа ќе биде постапен”, појасни Андоновски.

Андоновски испрати и поттикнувачка порака до моменталното раководство на ФИТР, да работи уште понапорно на ревизијата како би се открило сè што се случувало внатре.

„Го поттикнувам Фондот да работи уште понапорно на ревизијата. Кога ќе го исчистиме процесот од овој неквалитет и криминал што му се случува на ФИТР, ќе имаме отворено поле да дискутираме која е следната патека. Според мене тоа се  Европските Дигитални Иновациски Хабови (EDIH) како иновативен начин да одиме напред, за кој што обезбедивме еден милион евра кофинансирање, за проекти кои ќе финансираат дигитализација на малите и средните претпријатија. И тоа е вистинска инјекција за бизнисот”, дециден беше Андоновски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк