Connect with us

Инфо +

Храбрата Михаела: “Колку пропусти за еден пациент според Вас се нормални господине Ален Георгијев и министере Венко Филипче”

Published

on

Господине Alen Georgijev,
Ќе погодите што правевме денес? ПОВТОРНО ги поправавме Вашите и грешките на Вашиот персонал. Со цел да добиеме извод од матична книга на умрени, бевме да ја земеме потврдата за смрт и лекарскиот извештај за причината за смрт и погодете што? На самиот извештај БЕШЕ ПОГРЕШЕНА датата на смрт на мојата мајка ( место да стои 14.11.2020, пишуваше 14.10.2020 ), но секако дека НЕ БЕШЕ САМО ТОА. Дури и местото на раѓање на мојата мајка не беше точно ( место Берово, пишуваше Делчево ). Погрешена дата на смрт за еден месец, погрешено место на раѓање на документ на кој се имаат потпишано ДВАЈЦА доктори и на кој стои ПЕЧАТ. Покрај целата ситуација во која се наоѓаме, НИЕ денес требаше ПОВТОРНО да укажуваме на Вашите грешки. Да, отидовме на Инфективната клиника, ги поправија грешките и знаете како? Со корегирање со пенкало. Корегирање со пенкало на документ со печат. Пишување едно врз друго. Корегирање кое можев да го направам дури самата јас, но си помислив ,, Не, како може да се вршат такви корекции на документ на кој стои печат. ” Ете, можело. Потоа да, успеавме да го внесеме барањето затоа што на луѓето им беше јасно во каква ситуација се наоѓаме и во таква ситуација од каде доаѓаме. Во прилог ќе Ви доставам и докази секако.

Во мојата прва објава имам кажано дека ,, нема да се занимавам со точноста и прецизноста на Вашите тестови “, но поради тоа што Вие сте тие што ме ТЕРАТЕ да зборувам еве уште неколку прашања до Вас господине Alen Georgijev и истовремено и до министерот Венко Филипче. Од отпусната листа на мајка ми и Вие можете да видите дека мајка ми е примена на инфективното одделение со отежнато дишење, изнемоштеност, кашлица и болки во грбот. Мајка ми беше тестирана во четвртокот ( 5.11.2020 ), од наши сознанија резултати од тестот излегле на 7.11.2020 ( сабота ) и резултатот бил НЕГАТИВЕН. Во ред е. Знаеме дека се случуваат грешки и во тестовите. Разбирам дека наодот бил во прилог на билатерална вирусна пневмонија, но ЗОШТО Вам ви беа потребни 4 дена за повторно да ја тестирате мајка ми и да ја утврдите точноста на тестот. ЗОШТО мајка ми не беше тестирана во саботата кога сте ги добиле резултатите од претходниот тест туку сте чекале до вторник ( 10.11.2020 ) чувајќи го пациентот во Ковид центар? ЗОШТО дури тогаш го имате повторено тестот? Не тврдам и не ја исклучувам можноста на грешка во тестот и погрешен прв негативен тест, НО ЗОШТО тоа не беше проверено веднаш? ЗОШТО се чекаше до вторник за повторно земање на брис од мајка ми, затоа што самата таа ми кажа дека во вторник и бил земен брис, а гледаме и од самиот резултат на отпусната листа – стои датумот 9.11.2020. ЗОШТО?

Уште ова, отпосле дознаваме дека Вие сте знаеле дека мајка ми е во тешка ситуација уште од почетокот и дека НЕ СМЕЕ да се дозволи да остане без кислород НИТУ ЕДНА МИНУТА. ЗОШТО мајка ми тоа утро што го спомнав во претходниот статус БИЛА НА ДВЕ ИНФУЗИИ МЕСТО НА КИСЛОРОД и ЗОШТО ВЕ БАРАЛА НА ТЕЛЕФОН 5 ПАТИ ВО 15 МИНУТИ знаејќи го тој факт? Знам, не може една медицинска сестра да седи до мајка ми постојано, но ако Ви била потребна дополнителна помош за неа и за којзнае колку вакви пациенти, ЗОШТО ја немате побарано од нејзиното семејство затоа што пример јас БЕЗ РАЗМИСЛУВАЊЕ би облекла скафандер и би влегла да бидам покрај мајка ми 24/7 и не би дозволила да дојде до ситуација таа да нема кислород. Таа или кој било друг пациент во таква состојба, а не би дозволил ниту било кој друг волонтер. Како Вие господине Ален Георгијев можете да ни објасните мене и на целата јавност КАКО можете да дозволите Вашата болница да снема боци со кислород кога знаете дека на Вашето одделение имате пациентка која НЕ СМЕЕ да остане без кислород ниту 1 минута, а верувам не била само мајка ми. Зошто Вие и Вашиот персонал ако сте знаеле дека може нема да можете да се носите со ситуацијата на мајка ми, ЗОШТО не не побаравте нас или не и кажавте на мајка ми, па ние да се обидевме да ја спасиме на друго место? ЗОШТО Вие и Вашиот персонал ни го кажувате предлогот за Скопје кога дојде до ситуација во која Вие ни велите ,, Ако ја однесете да знаете дека таа со сатурација 48 НЕМА да издржи до Скопје “. ЗОШТО требаше да чекате момент кога ќе треба да ни кажете ,, ако сакате да почине на Ваша одговорност носејќи ја во Скопје – однесете ја “? ЗОШТО?

Само сакам да знаете дека ЈАС СЕ ОБИДОВ да имам разбирање, но Вашите грешки и пропусти секојдневно ме демантираат. Вие самите го правите сево ова и Вие самите го предизвикувате мојот револт. Ова секако нема да биде мое последно обраќање кон Вас, затоа што само се прашувам со што ќе ме изненадите утре. Верувам дека сега можеби некој ќе си каже ,, Ах, па и ќерка и се фаќа за секој детал, голема работа дека згрешиле една бројка и еден град “, но НЕ Е ТАКА. Можеби да беше само ова и ќе премолчев, но не е. Пропуст во кревање на телефон, пропуст во немање кислород, пропуст во датата на смрт, пропуст во местото на раѓање, пропуст во навремето повторување на тест, пропуст во навремено соопштување на реалната состојба на една 41 – годишна мајка и сопруга. ПРОПУСТ, ПРОПУСТ, ПРОПУСТ !! Колку пропусти за еден пациент според Вас се нормални господине Ален Георгијев и министере Венко Филипче? Колку? Кажете ми бројка за да знам кога да престанам со броење и набројување.

Сител ТВ
Вечер
Телевизија 24
Press24.mk
Kurir
Vesti.mk
Vesti24.mk
TV Telma
Теодора Цветковска
Alfa Televizija
Mence Toci
Klinička Bolnica Stip
Furkan Saliu
Miroslava Byrns

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2760033150926289&id=100007588927905

Македонија

Им требаат келнери, возачи, месари…: Кои профили се недостасуваат во Германија?

Published

on

На Германија ѝ недостасува речиси секој профил на квалификувани работници.

Им требаат од возачи на автобуси и камиони, до градинари и ѕидари, месари и келнери, пишува германската новинска агенција (ДПА).

На пример, 44 отсто од сите возачи на автобуски и железнички јавен превоз имаат најмалку 55 години. Меѓу сите вработени во Германија, секој четврти има над 55 години. Уделот на постарите работници од 27 отсто е нешто над просекот во здравството, пренесува Феникс магазин.

Continue Reading

Македонија

Сиљановска-Давкова: Нашите ракометари покажаа борбеност и дух на вистински шампиони!

Published

on

Сиљановска-Давкова: Нашите ракометари покажаа борбеност и дух на вистински шампиони

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитки до македонската ракометна репрезентација поради значајното реми на отворањето на Светското првенство во ракомет.

„Горда сум, а верувам дека сте и вие, на нашите ракометари кои покажаа нескротлива борбеност и нескршлив дух. Светското првенство го започнавме како вистинска ракометна сила, докажувајќи дека сме рамноправен противник на најдобрите,“ истакна Сиљановска-Давкова.

Таа нагласи дека ракометарите уште еднаш потврдиле дека во спортот нема мали и големи држави, туку дека победничките адути се спортската стаменост, посветеноста, решителноста и храброста.

Претседателката упати благодарност до македонската публика која, со своето страстно навивање, на ракометарите им дала „вулканска енергија“ за постигнување на успехот.

„Верувам во нивната сила и им посакувам витешка игра во следните натпревари. Моите мисли и емоции се со нив,“ порача Сиљановска-Давкова, изразувајќи надеж дека тимот ќе продолжи со одлични резултати и понатаму.

Continue Reading

Инфо +

Норвешка не е во ЕУ но целосно ги разбира македонските позиции, средба Сиљановска – Матисен

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска остварила средба со специјалниот претставник на Кралството Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен.

Двајцата соговорници го поздравиле сојузништво во НАТО а претседателката изразила благодарност за норвешката континуирана поддршка на македонските евроинтеграциски процеси.

Сиљановска Давкова на средбата уште еднаш истакнала дека географски, историски и културно, отсекогаш сме биле дел од Европа и дека на нашето пристапување кон Унијата гледа како на реинтеграција.

Претседателката на средбата потенцирала дека како држава Македонија сторила многу, па дури и го смени државното и уставно име, и укажала на неопходноста од почитување на волјата на граѓаните, како и на политичкото достоинство. 

Претседателката, исто така, упатила на одредбите од договорот за ЕУ, Лисабонскиот договор, Повелбата за фундаменталните права, како и другите релевантни документи со кои се гарантираат националниот и културниот идентитет, како и еднаквоста на државите, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.

Потенцирајќи дека нашиот Устав гарантира сеопфатна заштита на малцинските права, претседателката Сиљановска-Давкова ја квалификува билатерализацијата на процесот на пристапување кон Европската Унија како опасен преседан, што нема да остане осамен.

На средбата претседателката ја изразила својата лична заинтересираност за норвешката литература, филозофија и уметност. За неа норвешката демократија е инспиративен политички систем, се вели во соопштението. 

Оттука таа го нагласила задоволството што двете држави повеќе од три децении негуваат одлични билатерални односи, како и очекувањето дека соработката континуирано ќе се зајакнува и унапредува во сите сфери од заемен интерес, а особено во економската област, рефлектирајќи ги потенцијалите на двете држави.

Специјалниот претставник Матисен на средбата истакнал дека и покрај тоа што Норвешка не е членка на ЕУ, целосно ги разбира македонските позиции. 

Тој дополнително подвлекол дека, денес, кога постојано се соочуваме со нови предизвици, посветеноста на принципите на меѓународното право и мултилатерализмот е поважно од кога било, стои во соопштението.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк