Connect with us

Инфо +

Бугарите гневни : Македонскиот јазик се најде на листа на 10. најстари јазици во светот кои се зборуваат и денес

Еволуцијата на јазикот е како еволуцијата на биологијата – се случува постепено, генерација по генерација, па затоа и не постои точка на „кршење“ помеѓу еден јазик и следниот јазик што се развил од истиот. Така, секој од доленаведените јазици има нешто посбено, нешто античко, што го прави различен од другите, пишува авторката Лени Селингер во текстот споделен на угледниот сајт посетуван од милиони корисници годишно, The Culture Trip (во превод: „Културно патување“) во 2018 година.

Во нејзината листа на 10 најстари јазици кои се зборуваат и ден-денес, таа ги вброи:

Хебрејски

Хебрејскиот јазик е интересен случај, откако престанал да се користи околу 400. година од нашата ера и оттогаш е зачуван како литургиски јазик што го користат Евреите ширум светот. Сепак, со подемот на Зионизмот во 19. и 20. век, хебрејскиот јазик оживеа и стана официјален јазик на Израел. Иако модерната верзија на јазикот се разликува од библиската, оние лица чиј мајчин јазик е хебрејскиот, можат да сфатат се што пишува во Стариот тестамент и сите поврзани текстови.

Баскијски

Linguists have postulated over the decades about what it could be related to, but none of the theories have been able to hold water. The only thing that’s clear is that it existed in that area before the arrival of the Romance languages—that is, before the Romans got there with the Latin that would eventually develop into French and Spanish.

Баскијскиот јазик е „ултимативна лингвистичка мистерија“. Мајчин јазик е на Баскијците што живеат во Шпанија и Франција, но нема никаква поврзаност со кој било латински јазик (францускиот и шпанскиот јазик важат за латински јазици) или генерално со кој било друг јазик што се зборува низ светот. Последниве децении лингивистите се обидуваа да пронајдат некаква поврзаност со друг јазик, но ниту една од теориите засега „не држи вода“. Едиствено може да се потврди само дека баскијскиот јазик постоел пред пристигнувањето на латинските јазици – односно, пред да дојдат Римјаните на овие територии со латинското писмо, кое со тек на времето се развило во француски и шпански јазик.

Тамил

Тамилскиот (или само Тамил) јазик е зборуван од 78 милиони луѓе ширум светот, официјален јазик во Тамил Наду и службен јазик во Шри Ланка и Сингапур. Ова е едиствен пример за класичен јазик што „преживеал“ до модерната ера, а доаѓа од дравидското семејство на јазици. Истражувачите дошле до пронајдоци кои вклучуваат натписи на тамилски јазик датирајќи од 3. век п.н.е, а оттогаш е во континуирана употреба. За разлика од стариот индоевропски јазик санскрит кој прекинал да се употреува околу 600. година п.н.е и станал литургиски јазик, тамилскиот јазик продолжил да се надоградува и денес е 20. најзборуван јазик во светот.

Литвански

Повеќето јазици што се зборуваат на европската територија припаѓаат на индо-европското семјество на јазици, но започнале да се „отцепуваат“ околу 3500. година п.н.е. Почнале да се менуваат, што придонело до „раѓањето“ на многуте јазици како германскиот, италијанскиот, англискиот… полека но сигурно губејќи ги заедничките лигнвистички карактеристики. Сепак, еден европски јазик што припаѓа на балтичката гранка од индо-европското јазично семејство, ги зачувал  повеќето карактеристики на она што лингвистите го наркуваат Прото-Индо-Европски (ПИЕ / PIE),  јазик за кој се претпоставува дека го зборувале и пред 3500 години п.н.е. Литванскиот јазик ги има зачувано повеќето звуци и граматички правила од прото-индо-европскиот јазик за разлика од кои било други негови лингвистички братучеди, па затоа и може да се нарече еден од најстарите јазици во светот кој се зборува и денес.

Фарси

Доколку не сте слушнале за фарскиот јазик, станува збор за јазик што се употребува во Иран, Авганистан и Таџикистан, а распостранет е и на други места. Сигурно сте слушнале за персискиот, што е всушност истиот јазик, но под друго име. Фарскиот јазик има директно потекло од стариот персиски јазик, што бил зборуван и познат како јазикот на Персиската Империја. Модерните Персијци го презеле околу 800. година во нашата ера, а она што го прави различен од другите јазици е фактот дека оттогаш овој јазик претрпел малку промени. Луѓето што говорат персиски денес би можеле да земат натпис од 900. година од нашата ера и да го прочитаат со значително помалку потешкотии за разлика од лице што зборува на англиски јазик, се обиде да прочита нешто од Шекспир (16. век).

Исландски

Исланскиот е уште еден индо-европски јазик, овој пат од северно германската гранка (за споредба, англискиот е исто така германски јазик, но од западно германската гранка). Иако повеќето германски јазици ги имаат изгубено карактеристиките што другите индо-европски јазици ги имаат, исландскиот јазик еволуирал многу конзервативно, а тоа придонело до нивно зачувување. Ниту данското раководење со државата од 14. до 20. век немало значително влијание на говорот, што значи дека исланскиот јазик останал непроменет од моментот кога нордиските доселеници го донеле говорот кога се преселиле на тоа копно, а лицата што зборуваат исландски јазик без потешкотии можат да читаат натписи на ислански стари со векови.

Фински

Финскиот јазик можеби не бил пишуван се до 16. век, но како и секој друг јазик, има постара историја од „официјалниот“ датум. Овој јазик е дел од фино-угричката јазична фамилија, во која припаѓаат и естонскиот, унгарскиот и други јазици кои се зборуваат од малцинства низ Сибир. Освен тоа, финскиот јазик вбројува многу позајмени зборови од други јазични фамилии што низ вековите биле адаптирани во фински. Во повеќето случаи, финскиот јазик ја зачувува оригиналната изворна форма на позајмените зборови, како на пример за зборот мајка – аити (aiti) доаѓа од готскиот јазик, кој одамна не се зборува. Зборот кунингас (kuningas) што значи крал, доаѓа од старогерманскиот збор kuningaz и истиот повеќе не постои во ниту еден германски јазик.

Грузиски

Кавкаскиот регион е вистински бунар за лингвисти што бараат „тешки“ јазици. Главните јазици од трите јужни кавкаски држави, Ерменија, Азербеџан и Грузија доаѓаат од три сосема различни јазични семејства – индо-европско, турско и картвелско (или јужнокавкаско). Грузискиот јазик е најголемиот картвелски јазик и единствен кавкаски јазик со античка литературна традиција. Неговата уникатна азбука е исто така многу стара – се верува дека е адаптирана од арамејскиот јазик уште во третиот век. Постојат четири карвелски или јужнокавкаски јазици и сите се зборуваат во малцинства низ Грузија, а исто како и баскијскиот јазик, не се поврзани со ниту еден друг јазик низ светот.

Ирско-галски

Иако ирско-галскиот јазик во денешно време е мајчин јазик само на мало ирско малцинство, има навистина долга историја. Овој јазик е член на келтската јазична гранка од индо-европските јазици, а се зборува на територијата на денешна Велика Британија и Ирска многу порано пред пристигнувањето на германското влијание. Од ирско-галскиот јазик се развил и шкотско-галскиот и манкс (јазик што се зборува на островот Ман), но вистинската причина поради што се наоѓа на оваа листа е фактот дека најстарата народна литература во западна Европа е испишана токму на овој јазик. Додека остатокот од Европа зборувал на свој јазик и пишувал на латински, Ирците решиле дека сакаат да пишуваат на нивен јазик.

Македонски

Словенското јазично семејство, кое го вклучува рускиот, српскиот, полскиот, чешкиот и други јазици, е релативно „младо“ споредбено со другите јазици. Познатите браќа Кирил и Методиј го стандардизирале стариот словенски јазик, создавајќи го она што денес е познато како црковен старословенски јазик. Во 9. век сесловенските браќа го однеле јазикот со нив, кога отпатувале на север на мисијата за преобразување на словенското население во христијанско. Македонскиот јазик (заедно со сличниот бугарски) е најблискиот јазик на старословенскиот јазик.

Целосната статија прочитајте ја на Слободен печат

Advertisement

Свет

Најголемата нуклеарна централа во светот повторно стартува во Јапонија

nuklearna centrala

Гувернерот на префектурата Ниигата, Хидеи Ханазуми, денеска доби ново „зелено светло“ од локалното собрание, само еден месец откако ја поддржа повторната работа на најголемата нуклеарна централа во светот – Кашивазаки-Карива. Оваа одлука значи дека централата, затворена по катастрофата во Фукушима во 2011 година, ќе се врати во работа, предизвикувајќи бурни реакции меѓу граѓаните.

Пред зградата на собранието, околу 300 демонстранти, претежно постари граѓани, го изразија својот глас на протест против нуклеарната енергија. Со транспаренти на кои пишуваше „Не за нуклеарно оружје“ и „Се спротивставуваме на рестартирањето на Кашивазаки-Карива“, тие ги искажаа своите стравови од можни несреќи – како трагичната катастрофа во Фукушима, што значи дека стравовите постојат и по 12 години од немилиот настан.

Реакторот Кашивазаки-Карива, сместен 220 километри северозападно од Токио, беше еден од 54-те јапонски реактори кои беа затворени по разорниот земјотрес и цунами во 2011 година. Од тогаш, Јапонија постепено ги рестартира своите нуклеарни централи, како дел од напорите да ја намали зависноста од увозот на фосилни горива, но сеочите стравови од катастрофи како Фукушима и понатаму будат силни реакции кај јавноста.

Со рестартирањето на Кашивазаки-Карива, Токиската електроенергетска компанија (ТЕПКО) повторно ќе управува со реактор што се смета за клучен за енергетската независност на Јапонија. Според НХК, планираното активирање на првиот од седумте реактори е закажано на 20 јануари, отворајќи ново поглавје во историјата на јапонската нуклеарна енергија.

Continue Reading

Европа

Лувр опустошен за над 8.000 дијаманти и 200 бисери – откриени шокантни детали за грабежот на векот

luvr

Во октомври, Луврот бил мета на една од најсмелите кражби во историјата на уметничките музеи. Според најновите детали од истрагата до кои дошла француската телевизија БФМТВ, двајца маскирани крадци упаднале во Галеријата Аполон и за помалку од четири минути се збогатиле со богатство од над 8.000 дијаманти, 35 смарагди, 34 сафири и 212 бисери – вредност што се проценува на околу 88 милиони евра.

На 19 октомври, точно во 9:24 часот наутро, осомничените XH1 и XH2 со брусилица го скршиле прозорецот и го извршиле својот план. XH1 бил маскиран со црна фантомка, темна јакна и црни ракавици, додека XH2 носел сив шлем. Накитот го зграбиле и го ставиле во торба и џебови, по што побегнале со скутери.

Но, крадците не биле сами. Уште две лица ги чекале на Кејот Франсоа Митеран, веднаш до Сена. Четворицата потоа се разделиле – две лица со скутерите и две со мистериозното бело комби, кое никогаш не било пронајдено и за кое се сомнева дека служело за транспорт на пленот. Едната група се упатила кон западниот, а другата кон источниот дел на Париз.

Француската полиција успеала да ги идентификува и уапси четворицата осомничени, на возраст меѓу 30 и 40 години, врз основа на ДНК траги и оставена опрема. Сите се во притвор и се обвинети, додека законот ги смета за невини додека не се докаже нивната вина.

Сè уште не е пронајден украдениот накит, оставајќи зад себе мистерија и неверување – како е можно ваква смела пљачка да се изведе во срцето на еден од најпознатите музеи во светот.

Continue Reading

Свет

Данска го опомена Вашингтонпо по назначувањето на пратеник за Гренланд од Трамп: Почитувајте ги нашите граници

danska

Данска јасно ја стави до знаење својата позиција кон Соединетите Држави, поради неодамнешното назначување на специјален пратеник за Гренланд од страна на поранешниот претседател Доналд Трамп. Гренланд, кој ужива автономија, не сака да стане дел од САД, а неговиот територијален интегритет останува неприкосновен.

По враќањето во Белата куќа во јануари 2025 година, Трамп постојано истакнуваше дека островот богат со природни ресурси е од критична национална безбедност за САД и дури не ја исклучи можноста за употреба на сила за да го обезбеди. Рано во понеделник, Трамп објави дека гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, ќе ја преземе улогата специјален пратеник за Гренланд.

„Џеф целосно ја разбира стратешката важност на Гренланд за нашата национална безбедност и ќе ги унапредува интересите на нашата земја, но и на нашите сојузници и светот“, напиша Трамп на својот профил на Truth Social. Ландри, пак, одговори на платформата X: „Чест ми е да ја извршувам оваа волонтерска функција за да го направиме Гренланд дел од САД.“

Меѓутоа, анкета од јануари покажа дека огромното мнозинство од 57.000 жители на островот се залагаат за независност од Данска, но не сакаат да бидат дел од Соединетите Американски Држави. Лидерите на Данска и Гренланд повторно потврдија дека островот не е на продажба и дека самиот ќе ја одреди својата иднина.

„Именувањето ја потврдува постојаната американска заинтересираност за Гренланд, но инсистираме дека сите – вклучително и САД – мора да го почитуваат територијалниот интегритет на Кралството Данска“, изјави данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, за АФП.

Гренланд има клучна стратешка позиција помеѓу Северна Америка и Европа, особено во време на зголемен интерес на САД, Кина и Русија за Арктикот, каде што се отвораат нови морски патишта поради климатските промени. Исто така, неговата локација го поставува на најкратката рута за ракети помеѓу Русија и САД.

Данска повика на разговор вршителот на должноста амбасадор на САД во август, поради извештаи за обид за мешање во Гренланд. Повеќе американски функционери блиски до Трамп беа забележани во Нуук, главниот град на островот, обидувајќи се да идентификуваат поддржувачи и противници на зближувањето со САД.

САД веќе го отворија својот конзулат во Гренланд во јуни 2020 година, што дополнително ја потврдува нивната стратегиска заинтересираност за регионот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг