Connect with us

Хуманост

„Ништо посебно не барам само шанса да живеам и преживеам, Човек сум, ќерка, сестра, жена, мајка на две малолетни деца и трето за некој месец “

Published

on

Дали на оваа држава, целта и’ е да останат само најздравите луѓе, сите останати пополека да си починат? Каде ни се лековите? Каде ни е рефундацијата на парите кои ги даваме по лекови?! Каде се термините за прегледи вон ковид услови? – овие прашања во очај ги поставува скопјанката Елена.

Таа е мајка на две дечиња и бремена со своето трето дете. Но, наместо спокојно да ужива во бременоста, таа поминува низ голгота!

Нејзиното сведоштво, КУРИР го пренесува во целост! Апелираме до сите надлежни ИТНО да превземат мерки. Елена заслужува да добие здравствена заштита, нејзините деца заслужуваат ЗДРАВА мајка.

Ваквите сведоштва се СРАМ и БЕДА за системот и сите надлежни мора да превземат одговорност!

Сведоштвото на Елена прочитајте го во продолжение. Истото е превземено во согласност од неа:

Бремена сум со трето дете.

-Користам клексан две инјекции на ден (1 чини околу 250 денари), НЕМА НИКАДЕ. Ни под дрво, ни под камен. Користев Фраксипарин до скоро, ама дозволивте да стане од 180 на 268 денари. Пази, зборувам за есенцијален лек без кој јас и моето дете може да завршиме кобно. Од вие си знаете кои причини не одат на рецепт, туку ги плаќаме приватно па молиме како да ни давате нешто ваше после за да ни ги рефундира социјално. Чекаме по месец и кусур, со што да ги купиме наредните?! Ставете ги на позитивна листа, банкротиравме!

-Дијабетичар сум, користам инсулин кој касни редовно. Со тој инсулин, ми следува апаратче за мерење шеќер и лентички за истото. НЕМАЛО, ЗДРАВЈЕ ПОСЛЕ НОВА ГОДИНА викаат од инсулинските аптеки. Шеќерот морам да го мерам 7 пати на ден минимум. Едно апаратче е 800 денари, 50 ленти се 550 денари. Сами направете математика колку ме чини еден ден.

-Имам хипертензија од 2013-та година, цела, ама ЦЕЛА делотворна терапија ја плаќам приватно. Сега во бременост плаќам Метилдопа по 130 и кусур денари, а пред и после Копренеса од 300 денари затоа што друго не ми делува. Зошто не се на позитивна листа? Едно пакетче Метилдопа има 20 апчиња, јас пијам 6 на ден. Одлична математика имате, секоја чест.

И сега почитувани Министер, Советници, Службеници, Директори, Премиери и кои и да сте сите таму во удобните фотељи, кажете ми: каде да купам Клексан, и со што да го платам бидејќи ни претходните не ми се рефундирани? Зошто Фраксипарин од 180 е на 268 денари? Кога ќе добијам лентички за мерење шеќер кои се ЕСЕНЦИЈАЛНИ за да преживеам? Кој ќе ми гарантира дека и нареден месец ќе имам инсулин на време?

Ништо посебно не барам, ништо специјално. Само шанса да живеам и преживеам. Човек сум, ќерка, сестра, жена, мајка на две малолетни деца и трето за некој месец. Дајте ми шанса!

Хуманост

„ВТОРА ШАНСА ЗА АЛЕКСАНДАР!“: потребна му е поддршка за лекување во Турција

Published

on

На младиот Александар Планојевиќ му е потребна помош од сите хумани граѓани за да замине на лекување во Турција. Александар има 26 години и боледува од Lymphoma Hodgkin, канцер на лимфни жлезди, болест со која еднаш успеал да се избори, но сега се појавила повторно. 

– Драги пријатели, хумани луѓе, се викам Александар и имам 26 години. Боледувам од Lymphoma Hodgkin, sclerosis nodularis т. е. канцер на лимфни жлезди. Потребните 35.000 евра за лекување и трансплатација на коскена срж во Турција. Првиот пат ми ги обезбедивте сите вие и успешно го завршив своето лекување таму. Неколку месеци подоцна, при рутинска контрола во Белград, откриена ми е нова формација во мојата глава, која повторно бара дијагностика и целосно нов третман исто така во Турција, третман за кој јас немам средства. 

Желба за живот ми е преголема и ќе се борам до самиот крај, но повторно без ваша помош јас нема да успеам. Ве молам кој колку може од 100 до 6000 денари да донира и да ми помогде да издвојувам победа и во оваа втора битка за мојот живот – пишува во огласот кој го споделува здружението „ Ecrowd“, Фондацијата за развој и унапредување на филантропијата.

Сите хумани граѓани може да донираат преку веб страната на фондацијата

Но и дирекно на банкарска сметка на Фондација Икрауд (молиме да се користи само за суми над 6000 денари): 

Име: Фондација Икрауд 

Сметка: 270078016610134 

Банка: Халк Банка 

Опис: За Александар Шифра: 562 

Поддршката за Александар може да ја дадете и преку телефон. 

Телеком: 143 999    – 100 денари од повик.

Поддршка за младиот Александар побара и доктор Ненад Лазаров преку својот Фејсбук профил. 

https://www.facebook.com/share/1A23Z7hs3m/?mibextid=wwXIfr

Continue Reading

Хуманост

„Те сака мама бесконечно“: Младиот Бошко ја загуби најтешката битка

Published

on

Почина 19-годишниот Бошко Јанкулов, за кој цела Македонија собираше пари во надеж дека ќе успее да се спаси од тешката болест. Боледуваше од малиген канцер на коски, карлица и бели дробови.

Жалната вест за неговата смрт ја објави неговата мајка, која со потресна порака се прости од своето чедо.

Единец на мајка. Ѕвездо наша најсјајна, душа чиста како ангел, срце пречисто како солза радосница, светлино наша, ни ги исполни животите со спомени што за навек ќе се паметат. Дете полно разбирање, емпатија, простување, без осуди кон никого. Иако се чувстуваше тажно и неприфатено од околината, сепак на крајот се запрепасти во тешките твои битки колки си сакан и почитуван и подржуван. Биди спокоен чедо наше, таму каде што одиш нема болки, нема патење само мир вечен. Вечен спокој на душата твоја, те чека бога со раширени прегратки. Прости ни сине, не можевме да те сочуваме! Биди ангел на небото исто како што беше на земјата. ВЕЧНА ТИ СЛАВА ЈУНАК НАШ, НАРОДЕН ХЕРОЈУ. ДО СЛЕДНО ВИДУВАЊЕ. МАМА ТЕ САКА БЕСКОНЕЧНО, напиша таа на социјалните мрежи.

Continue Reading

Македонија

Сите сме потребни за ова мало ангелче: Двегодишниот Марко од Прилеп се бори со ретко заболување

Published

on

Maрко Мицески од Прилеп е двегодишно ангелче кое се бори со ретко заболување и поради кое и во моментов е во болница.

Неговото лекување е возможно во Турција, но за истото е потребни 19.000 евра – средства кои неговите родители не се во можност целосно да ги обезбедат.

-Ве молам помогнете им за да можам и јас да учам, да се развивам и играм, да се радувам на животот како сите мои врсници, стои во апелот за помош.

Во апелот има трансакциски сметки за донации за Македонија и Германија, па доколку сте во можност помогнете со ваш прилог за ова мало ангелче да добие шанса за здраво и безгрижно детство.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк