Connect with us

Инфо +

Првпат во 57 години Атиџе слави роденден, Турунџиева ѝ подготви големо изненадување

Published

on

Протагонистката од хит-документарецот „Медена земја“ наполни 57 години.

Она што го прави нејзиниот роденден особено значаен е фактот што Атиџе за првпат ги дувна свеќите на роденденската торта.

Сузана ѝ приреди вистински празник на Атиџе во еден скопски ресторан, бидејќи самата никогаш во својот скромен живот тоа го нема доживеано.

„Кога некој првпат во животот слави роденден и првпат дува роденденски свеќички заслужува (минимум) тридневно славење“, порачува Турунџиева.

Инаку, веќе неколку месеци Турунџиева активно се дружи, ја поддржува и ѝ помага на Атиџе.

Токму пред новогодишните празници, познатата Сузана се потруди со сите можни средства да ѝ помогне на Атиџе, организирајќи хуман настан.

Македонија

Зајкова упати повик за смирување на страстите и обединување на редовите на ЛДП

Published

on

Конкретна стратегија за подобри резултати со повеќе влијание во локалната самоуправа од претходно и подготвено да се влезе во локалните избори наредната година, ова се дел од заклучоците кои произлегоа од средбите помеѓу претставници од општинските организации во Источна Македонија и раководството на Либерално-демократската партија (ЛДП), предводено од претседателката Моника Зајкова.

„Има политички предлози, има организациски предлози, има предлози и за кандидати за градоначалници и советници, а има и такви кои повикуваат на предвремен конгрес. Овие последните се како обично, побучни и без конкретен предлог како тоа се прави во развиените демократии, најчесто заради лични, а не колективни интереси“, посочи претседателката Зајкова.

Зајкова додава дека треба да се водиме од колективниот и партиски интерес, а тој е подобри политики за граѓаните и подобри резултати.

„За разлика од малкумина бучни, мнозинството, потивките, се оние кои излегуваат со политички предлози, и тоа јасно либерални и идеолошки закотвени. И понекогаш, добро е да бидат потивки, затоа што мора да бидеме внимателни, веќе им прејде во навика на поголемите партии да прават copy&paste на наши предлози“, истакна Зајкова и повторно упати повик за смирување на страстите и обединување на редовите.

На средбата со претставниците од општинските организации од истокот на државата се разговараше и за идните чекори на партијата, нејзиното позиционирање и моменталните активности на партијата, особено по парламентарните избори годинава. На средбата претседателката Зајкова со присутните разговараше и за предлогот на ЛДП за намалување на данокот на добивка на 9%, за укинувањето на непотребните банкарски трошоци на граѓаните, но и за евроатлантската интеграција и за други решенија на проблеми и предизвици со кои граѓаните секојдневно се соочуваат.

Continue Reading

Свет

Иран го повика Трамп да ја преиспита политиката на „максимален притисок“ кон Техеран

Published

on

Иран го повика новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја преиспита политиката на „максимален притисок“ што ја спроведуваше против Техеран за време на неговиот прв мандат, изјави денеска иранскиот потпретседател за стратешки прашања Мохамед Џавад Зариф.

– Мора да сфати дека политиката на максимален притисок што тој ја иницира доведе до збогатувањето ураниум за нуклеарна бомба на Иран да достигне 60 отсто од 3,5 отсто, рече тој.

Зариф истакна дека Трамп треба да ги погледне и предностите и недостатоците на оваа политика, како и дали сака „да ја продолжи или промени оваа штетна политика“.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багај, во четвртокот изјави дека се надева дека враќањето на новоизбраниот претседател во Белата куќа ќе му овозможи на Вашингтон да ги „ревидира погрешните пристапи од минатото“.

Претходно денеска Багај изјави и дека тврдењата дека Иран планирал да го убие новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се неосновани, наведувајќи дека тоа е заговор чија цел е да ги усложни прашањата меѓу Техеран и Вашингтон.

За време на неговиот прв мандат, Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор на Вашингтон и Техеран од 2015 година и нареди убиство на командантот на Иранската револуционерна гарда Касем Сулејмани во Багдад во јануари 2020 година.

Continue Reading

Македонија

Три нови случаи на голема кашлица во Македонија

Published

on

Три нови случаи на голема кашлица се регистрирани во периодот од 01-07.11.2024 година, објави Институтот за јавно здравје.

Пријавени се два случаи од Скопје и еден од Кратово. „Двата од случаите се на возраст под една година, невакцинирани деца, и едно лице над 50 години, со непознат вакцинален статус“, соопштија од ИЈЗ и додаваат дека двете лица се хоспитализирани.

досега годинава се регистрирани 1.154 лица заболени од голема кашлица.

Најголем број од заболените се регистрирани на територијата на Скопје (70,5%), а заболени имало регистрирано и во 22 други градови низ Македонија.

„Од вкупниот број на случаи (1.154), 731 случаи, односно 63,3%, не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација“, стои во известувањето од Институтот за јавно здравје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк