Connect with us

Инфо +

Нова иновација за снег во Ѓорче Петров: Рачно фрлање сол на улица (ФОТО)

Published

on

Откако градоначалникот на општина Ѓорче Петров се пофали на Фејсбук дека е активирана дежурна екипа која ја контролира ситуацијата со снегот, граѓаните од скопската општина се пошегуваа дека „луѓето се качија на месечината, во Ѓорче рачно се фрла сол“.

https://www.facebook.com/gjorcePatriotsko/posts/4970970886308670

Македонија

Тепачка на Меѓународниот аеродром Скопје

Published

on

Вчера околу 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.30 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, по претходна расправија две лица се испотепале меѓу себе.

„Јавниот ред и мир бил нарушен со физичка пресметка помеѓу А.Р.(33) од с.Марино, скопско и А.Д.(30) од с.Зелениково, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, се вели во полицискиот билтен.

Continue Reading

Македонија

Пожар во Адвокатската комора на Македонија: Непознато лице насилно влегло

Published

on

Адвокатската комора на Република Северна Македонија најостро го осудува насилниот напад кој се случи ноќеска, на 25 ноември 2024 година, околу 3:30 часот по полноќ, кога непознато лице насилно влегло во Комората и предизвикало пожар.

Пожарот, како што соопштија од комората брзо бил изгаснат од противпожарните екипи, но била предизвикана значителна материјална штета.

„Најважно е што, благодарение на брзата реакција на надлежните, нема човечки жртви. Овој акт на насилство не само што претставува сериозна закана за безбедноста на вработените во институцијата, туку и на граѓаните кои живеат во непосредната близина на деловниот простор на Комората. Нападот врз Адвокатската комора не е само напад врз еден правен субјект, туку е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во Република Северна Македонија. Поради ова ја изразуваме нашата најдлабока осуда за ваквото насилство и нагласуваме дека ваквиот напад е апсолутно неприфатлив. Овој чин на насилство и вандализам е сериозна закана за јавната безбедност и правниот поредок во земјата, и не може да се оправда под никакви околности“, се нагласува во официјалното соопштение.

Ги повикуваат надлежните органи да дејствуваат брзо и ефективно за да се идентификуваат и приведат одговорните за овој напад.

Ваквиот напад, според нив, не смее да остане неказнет, а одговорните мора да се соочат со последиците од своите дејствија и да бидат
најстрого казнети.

Комората, како што е истакнато во информацијата, останува посветена на заштитата на правата на адвокатите, граѓаните, како и на создавање на опкружување во кое сите институции ќе можат да работат без страв и загриженост, а притоа правото и правдата ќе останат неприкосновени.

Continue Reading

Македонија

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара

Published

on

Раде Трајковски-Штекли по настанот со експлозија пред неговиот дом одлучи побезбедно да се движи надвор, па на социјалните мрежи објави дека нуди работа во износ од 3.000 евра, за работна позиција обезбедување.

Во постот наведено е дека потребни му се четворица, лица кои поседуваат морално, воено или полициско искуство, како и да поседува дозвола за оружје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк