Connect with us

Здравје

Пановски: Го проколнувам денот кога го донесов Сумамедот во Македонија

Published

on

Доктор Никола Пановски е професор на Институтот за микробиологија и поранешен директор на Фондот за здравство. Тој во интервју за „Фокус“ објаснува како за време на целата ковид пандемија граѓаните се „трујат“ со непотребни антибиотици, кои воошто не делуваат на вирусна инфекција. Исто така, доктор Пановски тврди дека до крајот на годината за сумамед и панцеф се препишани повеќе од 600.000 рецепти, а буџетот на Фондот за здравство е оштетен за околу половина милион евра.

Разговараше Ирена МУЛАЧКА

ФОКУС Докторе веќе одреден период алармирате дека за време на пандемијата со Ковид 19 се пијат многу антибиотици. Можете ли да ни објасните што се случува?
ПАНОВСКИ Се случува пандемија на полипрагмазија, односно дел од специјалистите и дел од матичните лекари, препишуваат антибиотици за вирусна болест, на која тие воопшто не дејствуваат, а и други лекови кои јас не би ги коментирал, тоа го оставам на оние кои се постручни од мене за тие лекови. Излегоа некои рани студии дека азитромицинот, па потоа цефиксимот, можеби имаат антивирусни својства. Тоа беше во март. Тоа дејство кое го имаа во лабораторија не се потврди во клиничките студии. Тоа се два достапни лекови кај нас, под заштитените имиња Сумамед и Панцеф. Од сосема непознати причини, почнаа пациентите да ги бараат, а лекарите да ги препишуваат. Масовно, дури тоа си го нарекоа „стандардна терапија или профилакса“ за ковид 19, непозната во науката. Во Хрватските протоколи за третман на ковид, нема збор за нивниот сумамед во лекување на оваа болест. За жал се препишуваат и други антибиотици, како што е моксифлоксацин, кој инаку не е на позитивната листа на ФЗО, па не ја знаеме точната бројка на потрошени пакувања.РЕКЛАМА

ФОКУС Кои според вас антибиотици најмногу се користат и имате ли податоци колку досега се потрошени?
ПАНОВСКИ На прво место е лекот азитромицин, најчесто како Сумамед таблети од 500 мг, за кој оваа година ќе заврши со најмалку 200.000 реализирани рецепти повеќе во однос на 2019 година, што во проценти изнесува 122% зголемување. На второ место е лекот цефиксим, под заштитено име Панцеф таблети од 400 мг, со зголемување од 60.000 реализирани рецепти повеќе од лани, или во проценти 64% зголемување, на трето место е антибиотикот ципрофлоксацин со 30% зголемување. Реализиран рецепт значи рецепт на терет на ФЗОМ, препишан од матичен лекар и подигнат во аптека. Тука не се бројат и нема точни податоци за истиве лекови, купени во аптека со лични средства на граѓаните, пропишани на обичен рецепт. Се смета дека тоа се уште најмалку 100.000 пакувања за азитромицин подигнати на овој начин. Често се пропишуваат и лекови кои не се на позитивната листа на Фондот и за нив нема податоци од ФЗО, односно тие антибиотици пациентите сами ги купуваат на обичен (розов) рецепт напишан од било кој дипломиран лекар кој има факсимил.

ФОКУС Кои се тие лекови?
ПАНОВСКИ Тоа се лековите: цефподоксим (Трицеф), моксифлоксацин (Моксирал, Моксилам Авелокс), левофлоксацин (Флексид) итн. Интересно, кај другите антибиотици има стагнација, па и намалување на рецептите, а тоа пред се се однесува за формите на антибиотици за деца. Значи, очигледно е кој е мотивот за препишување, тоа е вирусната болест ковид, а намалувањето на рецепти за деца и за другите антибиотици е логично, оваа година другите инфекции се многу поретки поради рестриктивните мерки и мерките за лична заштита.

ФОКУС Зошто матичните лекари речиси на секој позитивен пациент на Ковид 19 му препишуваат антибиотик?
ПАНОВСКИ Тоа е прашање за психолозите и социолозите. Имено, не постои матичен лекар кој не знае дека за вирусна болест не се даваат антибиотици. Ниту за профилакса, ниту за терапија. Поминале низ многу обуки. Нема поедуцирани лекари од матичните. Една причина, притисок од страна на пациентот да добие нешто. На комшијата му препишаа и јас сакам. Што повеќе толку подобро. Ако не ми дадеш, ќе одам кај друг лекар. Втора причина, ако не му препишам, а му се случи нешто, кој ќе објаснува дека јас не сум виновен (инаку знае дека не би бил виновен). Трета причина, немам време да го прегледам, да му објаснам, да направам лабораторија, дел од лабораториските прегледи како Ц реактивен протеин (ЦРП) не се покриени од ФЗОМ, пациентот сам треба да ги плати. Ако не му дадам, треба секојдневно да го следам, вака ќе му препишам, бар неколку дена нема да ми се јавува. Четврта причина, специјалистот, најчесто интернист или инфектолог предложил, што е многу честа појава, а матичниот е во незгодна позиција да му објасни на пациентот дека специјалистот не е во право. Дел од матичните лекари, во овие времиња на страв и паника, правилно ги водат пациентите, не брзаат со терапија, ги следат, ја стекнале довербата од пациентите и не препишуваат непотребни лекови. За жал, мој впечаток е дека тие се малцинството.
за повеќе детали тука… ФОКУС

Здравје

ЕДНА ИСПУШЕНА ЦИГАРА КРАТИ 20 МИНУТИ ОД ЖИВОТОТ Дали пушењето е поштетно за мажите или за жените?

Published

on

Најновото истражување заклучува дека пушачите не само што губат години од животот, туку и нивниот здравствен профил се влошува побрзо. Така, 60-годишен пушач има здравје на 70-годишен непушач.

Најновото истражување открива дека пушењето сериозно го скратува животниот век, при што секоја испушена цигара им го намалува животот на мажите за 17 минути, а на жените за дури 22 минути. Ова се значително повисоки бројки од претходните проценки кои сугерираа загуба од 11 минути по цигара, објави британски Гардијан.

Истражувачите од „Јуниверзити колеџ“ (University College) во Лондон објавија дека штетата е кумулативна – колку порано пушачот ја остави оваа навика, толку повеќе животни години ќе добие. Анализата покажува дека ако пушач, кој консумира 10 цигари дневно, се откаже на 1 јануари, до 8 јануари ќе спречи губење на цел ден од животот.

До средината на февруари животот може да се продолжи за цела недела, а до август – за еден месец.

Студијата, нарачана од британското Министерство за здравство, заклучува дека пушачите не само што губат години од животот, туку и нивниот здравствен профил се влошува побрзо. Така, 60-годишен пушач има здравје на 70-годишен непушач.

Експертите апелираат – откажувањето од пушење на која било возраст носи значителни здравствени придобивки. Колку побргу се прекине оваа штетна навика, толку подолг и поздрав живот можат да очекуваат пушачите.

Continue Reading

Здравје

ЗДРАВСТВЕНИ БЕНЕФИТИ ОД ТИКВАТА: ПРИРОДЕН ИЗВОР НА ВИТАМИНИ И АНТИОКСИДАНСИ

Published

on

Тиквата е многу здрава храна, богата со витамини А и Ц, антиоксиданси и влакна. Таа помага за подобро варење, го зајакнува имунитетот, го штити срцето и го подобрува здравјето на кожата. Поради ниската калоричност и високата содржина на хранливи материи, е одличен избор за здрава исхрана. Еве некои од најважните придобивки од тиквата:

pumpkins 457716 1280
  •     Богата со витамини: Тиквата е одличен извор на витамин А, кој е важен за здравјето на очите, кожата и имунолошкиот систем. Исто така содржи витамин Ц, кој помага во подобрување на имунитетот и брзо заздравување на рани.
  •     Ниска калоричност: Тиквата е нискокалорична храна со висока содржина на вода, што ја прави идеална за луѓе кои сакаат да одржуваат здрава тежина.
  •     Антиоксиданси: Тиквата содржи антиоксиданси како бета-каротен, кои помагаат во заштита на телото од слободни радикали и го намалуваат ризикот од хронични заболувања, вклучително срцеви болести и рак.
  •     Добар извор на влакна: Со високата содржина на влакна, тиквата придонесува за подобро варење, регулирање на нивото на шеќер во крвта и поддршка на здравјето на цревата.
  •     Подобрување на здравјето на срцето: Калиумот кој се наоѓа во тиквата е важен за одржување на здрав крвен притисок и заштита на срцевото здравје.
  •     Подобрување на кожата: Витаминот А и антиоксидансите од тиквата можат да помогнат во намалување на знаците на стареење и заштита на кожата од оштетување предизвикано од сонцето.
pumpkin 2519423 1280

Тиквата може да се користи во различни рецепти, како супи, пире, печива и десерти, и е многу флексибилна храна.

Continue Reading

Здравје

Ако сакате да се вратите во друштвото на непушачи, ова е бројот на кој од ДЕНЕС може да се јавите за помош

Published

on

Од денеска се отвора телефонската линија на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за одвикнување од цигари.

Од денеска се отвора телефонската линија на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за одвикнување од цигари.

Телефонската линија ќе биде достапна секој понеделник и среда од 11 до 13 часот на телефонскиот број 078 285 873.

Македонија е меѓу земјите во светот со најмногу активни пушачи. Според истражувања на Институтот за јавно здравје, бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45.4 отсто, со многу низок процент на луѓе – пет проценти, кои успешно се обиделе и откажале од пушење во последните години.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк