Connect with us

Инфо +

Бројката расте! 378 нови случаи на коронавирус, почина едно лице

Published

on

Почитувани,

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 7.647 тестирања, а регистрирани се 378 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 118, Тетово – 114, Гостивар – 51, Кичево – 20, Куманово – 18, Струмица – 16, Битола и Охрид – по 9, Кавадарци – 6, Велес – 4, Кочани – 3, Струга и Радовиш – по 2, Прилеп, Штип, Ресен, Берово, Виница и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 25 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Тетово – 7, Куманово – 4, Битола, Гостивар и Кавадарци – по 1.

Пријавено е едно починато лице од Скопје (71г), починатo во болнички услови.

Направени се 7.647 тестови преку: ИЈЗ-119, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-124, ЦЈЗ Прилеп-74, ЦЈЗ Тетово–70, ЦЈЗ Куманово–88, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 7, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–47, Жан Митрев (Филип Втори)-122, Авицена-332, Биотек-506, Систина-144, лабораторија Лаор-1.236, Синлаб-174, Ремедика-33, Плодност–51, Генеа–17, Никоб лаб-1.322, ВФВ Медикал-45, Ели Медика-54, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.019.

Досега во земјата се направени вкупно 1.012.809 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 157.627 бројката на оздравени пациенти е 150.506, на починати е 5.503, а бројот на активни случаи изнесува 1.618.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 69261, Активни 474
Куманово 9035, Активни 128
Прилеп 8351, Активни 21
Тетово 7838, Активни 486
Битола 6358, Активни 46
Велес 5486, Активни 10
Гостивар 5374, Активни 176
Кавадарци 5170, Активни 13
Охрид 5048, Активни 27
Штип 4975, Активни 11
Струмица 4176, Активни 46
Струга 3007, Активни 24
Кочани 2814, Активни 18
Кичево 2658, Активни 50
Гевгелија 2197, Активни 1
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1528, Активни 3
Ресен 1236, Активни 2
Крива Паланка 1227, Активни 0
Радовиш 1172, Активни 10
Берово 1043, Активни 11
Делчево 974, Активни 0
Дебар 980, Активни 36
Виница 892, Активни 6
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 674, Активни 5
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 365, Активни 6
Пехчево 276, Активни 7
Македонска Каменица 250, Активни 1
Дојран 132, Активни 0

Македонија

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение

Published

on

Црковниот одбор на манастирот „Свето Преображение Христово“ во населбата Циглана во Гостивар, информира за немил настан што се случил ноќеска, на 14 јануари 2025 година по одбележувањето на Православна Нова година.

Ја известуваме јавноста дека на 14 јануари 2025 година, околу 2:30 часот по полноќ, лице од Циглана беше затекнато и фатено на лице место, како неовластено зема пари од црковната каса во манастирот. Црковниот одбор остро го осудува овој чин и апелира за поголема свест и почитување на црковниот имот“ рекоа од Одборот за Gostivarpress.mk.

Одборот нагласува дека ќе преземе дополнителни мерки за заштита на манастирот и црковните добра, со цел спречување на слични инциденти во иднина. Истовремено, упатува апел до сите верници и жители на населбата за одговорност и заеднички напори во зачувување на светиот простор.

Continue Reading

Македонија

Како ќе работи системот „сејф сити“: Ќе се казнува и за минување на жолто, „врски“ не проаѓаат

Published

on

Ако пишува 50, а вие возите 80, или пак веќе е жолто, а вие давате гас за да поминете побрзо, казната ќе ве стигне и и ќе ви стигне порака, а ќе ја добиете и во поштенското сандаче. Залудни ќе бидат сите вртења по телефон на пријатели бидејќи бројот на системот ќе го немате. Таков не постои.

Камерите од Сејфт сити ќе снимаат околу 100-тина булевари и крстосници, помали и поголеми улици. 90 проценти од поставувањето и инсталацијата веќе е завршено, а за помалку од два месеца, полицијата ќе го постави целосно системот Безбеден град.

Поминување на црвено и прекорачена брзина ќе бидат главните прекршоци кои ќе се санкционираат преку видео наздзорот и никој нема да може да избегне казна доколку не се придржува до сообраќајните правила и прописи, вели за Алфа, началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски.

Continue Reading

Македонија

Осуденик претепал затворски полицаец

Published

on

На 13.01.2025 во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот В.М. физички нападнал затворски полицаец, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк