Connect with us

Македонија

Внимавајте на ваквите ИЗМАМИ,може да ги вмешаат и членовите на вашето семејство

Published

on

На 12.09.2021 во 17:30 часот во Полициската станица Кичево, 40-годишен жител на кичевско село пријавил дека едно лице се обидело да го измами за сума од 300 евра.

Според пријавеното, околу 17:00 часот на неговиот број му се јавило лице кое се претставило дека се познавал со неговиот татко и дека со неговиот брат се во Косово. Како што е пријавено, тој побарал од него да ги даде парите на негов внук за да плати казна која им била напишана на граничен премин при транспорт на неговата почината сестра од Република Албанија во Република Македонија.

Исто така, според пријавеното, во 18:18 часот му се јавило лице кое му кажало дека околу 18:30 часот ќе дојде во село Колари да ги земе парите.

Во меѓувреме, тој го пријавил настанот, а по наредба на Јавен обвинител околу 18:30 часот кај с.Колари од слобода бил лишен Р.М.(45) од Тетово.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија

Битола на точак за 500.000 евра! Што градоначалникот Коњановски подготвува за своите сограѓани?

Published

on

За реконструкција на двата тротоари на булеварот „Партизанска“ и на една страна од улицата „Васко Карангелевски“, во вкупна должина од од речиси 5,4 километри градоначалникот на Битола ќе плати половина милион евра. Тоа е најдобрата понуда што во конкуренција на шест фирми ја дала компанија од соседниот Демир Хисар

Битола претендира да биде првиот македонски вело-френдли град. Започнува градежна офанзива односно на реконструкција на тротоарите од левата и десната страна на булеварот „Партизанска“ како и на една страна на улицата „Васко Карангелевски“. Општината Битола планира на реконструираните тротоари на овие главни битолски сообраќајни артерии да изгради велосипедски патеки и во нив ќе вложи 497.000 евра (со вклучен ДДВ).

Најдобар понудувач на тендерот е фирмата „Јоскатранс Трејд“ од соседниот Демир Хисар. Оваа компанија се обврзала во рок од 120 работни денови откако ќе биде воведена во работа во целост да ги заврши сите градежни активности и да ги опреми двете улици со нови тротоари кои всушност ќе бидат и површини за возење велосипед.

Според податоците од договорот и од спецификацијата кои се достапни на сајтот на Бирото за јавни набавки „Јоскатранс Трејд“ од Демир Хисар треба да изврши подготвителни работи, работи на долен строј, работи на горен строј и останати работи за двете страни (лева и десна) на булеварот „Партизанска“. За тоа компанијата изведувач со вклучен ДДВ ќе наплати 425.000 евра. Станува збор за реконструкција на тротоари во должина од околу 4,5 километри на двете страни на булеварот (според податоците од понудата на „Јоскатранс Трејд“)

За истите ставки за улицата „Васко Карангелевски“ потегот од „Педагошка“ до кружен тек Веро ќе бидат изработени работи во вкупна вредност од околу 72.000 евра. Станува збор за траса долга нешто помалку од 800 метри.

Сите детали за набавката вредна речиси 500.000 евра се достапни на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/e9309aa8-a47c-4487-8a01-d550b6ca1542

Вредно за истакнување е тоа што на тендерот се пријавиле дури шест изведувачи, а како најповолна е избрана понудата на фирмата од Демир Хисар. Заради големата конкуренција цената е намалена за 18 отсто од почетната односно највисоката цена.

Периодот на истек на договорот е 12 месеци, а ефективно ќе се работи 120 работни денови. 

Continue Reading

Македонија

Специјалистите и келнерите земаат иста плата – Доктор Даниловски со интересна констатација

Published

on

Познатиот доктор Драган Даниловски со реакција на социјалните мрежи за основната плата што ја земаат лекарите, судиите и келнерите. 

– Како е можно основната плата на специјалист во секундарното ниво на здравствената заштита да е 55 000 денари, на судија во Основен суд 120 000 денари, а на келнер 50-60 000!? – праша тој на својот фејсбук профил. 

Коментарите на оваа тема се бројни. 

– Во земја во која најголем бизнис се кафани и кладилници што да се каже понатаму? Поразително колку се изместени вредностите, а согласно тоа и платите на најбитните сегменти на едно општество, му реплицираше еден фејсбук пријател на доктор Даниловски. 

Друг сподели слично свое искуство: 

– Покрај девијацијата, срамотата, извитопереноста која ја констатирате во постот, само да се надоврзам со податокот дека стручен работник-воспитувач кој работи со деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение, со работно време во три смени, секој ден од годината, има 34.000 нето основна плата, значи за дури 150 евра под просечната плата. 

Continue Reading

Македонија

Шабан Трстена му врачи награда на Изет Меџити

Published

on

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ја прими наградата „Златен олимписки Оскар“ од ветеранот на борењето и олимписки шампион, Шабан Трстена.

Меѓу пријатели, љубители на спортот од земјава и регионот, академици и спортисти, олимпискиот шампион Шабан Трстена на 8-мата по ред церемонија на доделување на „Златниот олимписки оскар“, посветена на спортистите и поддржувачите на спортот, му се заблагодари на вицепремиерот Меџити за се што направил низ годините за борењето и спортот во целина.

„Додека луѓето постигнуваат успеси во животот на поодминати години, Трстена тоа го постигна на своите 19 години, добивајќи го најважниот олимписки медал, златниот, на главниот спортски настан во светот, Олимписките игри и стана дел од светската историја на спортот, што не прави исклучително горди“, рече вицепремиерот Меџити на церемонијата.

Олимпискиот шампион Шабани Трстена е спортистот кој како 19-годишник во 1984 година, од Чаир, отпатува на Олимписките игри во Лос Анџелес каде блесна со последователни победи и се закити со златниот олимписки медал.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк