Connect with us

Скопје

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ СОБОРНА: Судрени биле повеќе возила, едно и во споменикот на св. Климент (ФОТО)

Published

on

Тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје кај Соборен храм. Судрени се повеќе возила на раскрсницата  помеѓу булеварите „Паризански одреди“ и „Св. Климент Охридски“, а едно од возилата е удрено и во споменикот на свети Климент Охридски.

Во моментов на терен е полицијата која го регулира сообраќанот, но има и возило на брзата помош.

Вчера вечер немаше информации дали има сериозно повредени лица.

Скопје

ВО ТЕК СЕ АНКЕТИ ВО ВМРО-ДПМНЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ – Орце Ѓорѓиевски не ги крие своите градоначалнички амбиции

Published

on

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на општина Кисела Вода, одговарајќи на новинарски прашања на вчерашната прес конференција, зборуваше и за претстојната трка за челната градоначалничка позиција во главниот град Скопје.

Неговата амбиција, како што рече, е јасно изразена две години наназад и смета дека тоа што го сработил во неговата Општина е можност да го искористи личниот и потенцијалот на неговиот тим.

„Што се однесува на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ има повеќе кандидати, тоа говори за демократскиот капацитет на нашата политичка партија, добро е секогаш да има конкуренција. Сега во тек се анкети коишто ги спроведува нашата политичка партија, оној којшто ќе има најдобри резултати на тие анкети, а притоа и ќе претставува најсоодветен кандидат, дали јас ќе бидам тоа, дали ќе биде некој друг, многу е важно да направиме промени во Град Скопје и многу е важно да дојде човек којшто ќе се занимава со решавање на проблемите на граѓаните. Градоначалник не значи да се занимаваш со висока политика и да навлегуваш во високи политики, градоначалник значи да бидеш човек којшто треба да ги решава секојдневните проблеми на граѓаните. Во Град Скопје имаме стагнација… Кој е најсоодветен кандидат, ќе биде поддржан“, изјави Ѓорѓиевски.

Continue Reading

Скопје

НАЈНОВА ВЕСТ: Дојави за бомби во неколку училишта утрово во Скопје – родителите информирани да си ги земат децата

Published

on

najnova vest

Дојави за бомби во неколку училишта утрово ги вознемирија жителите на Аеродром.

Учениците се евакуирани, а наставниците веќе ги информираа родителите да си ги земат децата.

Како што дознава Курир, дојави за бомби има во „Димитар Македонски“, „Александар Македонски“, „Љубен Лапе“….

Извор: https://newz24live.com/

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Доколку станам кандидат за градоначалник на Скопје, очекувам победа во прв круг!

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ја истакна својата подготвеност и визија за иднината на главниот град, најавувајќи дека доколку стане кандидат за градоначалник на Скопје, очекува победа уште во првиот круг.

Во ексклузивното интервју за неделникот „Фокус“, Ѓорѓиевски ја претстави својата стратегија за модерно, уредено и европско Скопје, истакнувајќи дека неговата амбиција не е тајна, туку резултат на континуирана работа и реализирани проекти.

„Веќе повеќе од година и пол работам на концептот за подобар град. Досега, во општината Кисела Вода, реализиравме речиси 100% од изборната програма, што е доказ дека знаеме како да испорачаме резултати“, изјави Ѓорѓиевски.

Во својата програма, тој најави конкретни решенија за проблемите на Скопје, меѓу кои се:

✅ Генералка – темелно расчистување и уредување на јавните простори

✅ Лесно метро – современо и ефикасно урбано решение за транспорт

✅ Гасна централа – подобро енергетско снабдување за градот

✅ Комунална полиција – повисоки стандарди за јавниот ред и дисциплина

Според Ѓорѓиевски, во наредниот период ќе следуваат анкети, како што најави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, од кои ќе се утврди кој ќе биде кандидатот за градоначалник на Скопје.

„Граѓаните ја препознаваат работата и поддршката што ја добивам секојдневно ми дава дополнителен мотив. Верувам дека Скопје може да биде модерна метропола на 21-от век, горд град со кој сите ќе се пофалиме“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје се подготвува за нови предизвици, а Ѓорѓиевски останува еден од имињата кои најгласно ја истакнуваат својата визија за неговата иднина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк