Connect with us

Скопје

Муцунски стартуваше со Акција за ЧИСТ и зелен Аеродром

Published

on

– Со сезонските работници денеска излеговме на терен каде што имавме работен состанок и веднаш се фативме за работа. Во нашата програма ветивме дека Аеродром ќе биде почист и зелен, а со овие прекрасни луѓе верувам дека ќе го постигнеме тоа. Местото на градоначалникот и советниците е меѓу граѓаните. Почнуваме со решавање на проблемите на граѓаните, целиме кон чист и зелен Аеродром. Во наредниот период сезонските работници ќе се грижат за зеленилото за тревниците и дрвјата во Аеродром на редовна основа, ќе се грижат за хигиената на јавните површини во општината, како и училиштата и градинките. Одржувањето на хигиената во општина Аеродром е наш приоритет, бидејќи граѓаните заслужуваат да живеат во една хумана средина, изјави Муцунски.

Тимчо Муцунски вчера ја презеде функцијата градоначалник на Аеродром и уште од првиот ден почна со работа. Според Муцунски, местото на градоначалникот и на советниците е помеѓу граѓаните. Во наредниот период градоначалникот на Аеродром најави интензивни средби со граѓаните за изнаоѓање решенијата во секое маало.

Скопје

Каков народ, таква елка на плоштад… (Фото)

Published

on

Елката во Скопје иако крива, но и недокитена – стана популарната во Македонија. Ги засени сите декорации направени во другите делови од Македонија, но и другите општини во Скопје. Никој не знае зошто не е целосно украсена, а ниту која е фирмата која ја поставува за што ќе треба да платат скопјани. За нејзината популарност зборуваат бројните коментари и фотографии со неа.

„Каков народ, таква елка на плоштад: сиромашен, ужасен, грд за гледање“, стои во коментар на „Х“.

Да видиме што велат граѓаните:

Continue Reading

Скопје

О.У. Песталоци во тишина: Прости ни Вања, не знаеме како да се поздравиме…

Published

on

Тага и молк во основното училиште на убиената Вања Ѓорчевска. Во Ј.Х.Песталоци отворена книга на жалост. Се потпишуваат родители, познаници, но и соученици.Наместо детски џагор, тишина низ школскиот двор.

-Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања.
Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме…
Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца.
Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!- стои во објавата.

Continue Reading

Македонија

Умре и Флопи – Зоолошка Скопје остана без жирафи

Published

on

Умре и третата жирафа во скопската Зоолошка градина Флопи. Како што дозна САКАМДАКАЖАМ.МК од  вработени во градината, единствената жирафа која остана во градината починала вчера попладне.

Сега во градината нема ниту една жирафа. Во мај годинава умре Каспер, а во јануари 2021 година Тобого.

Жирафите Тобого, Каспер и Флопи беа омилените жители на посетителите во скопската зоолошка градина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк