Connect with us

Забава

Најдобриот стрелец на Вардар Чичко ДОНЧО слави 86-ти роденден 🎉

Published

on

Денес 86-ти роденден прославува Андон Дончевски, најдобриот стрелец во историјата на најтрофејниот македонски клуб. На вкупно одиграните 335 натпревари, од кои 187 првенствени средби, има постигнато 217 погодоци.

Во 1961. година беше дел од вардаровиот состав кој го освои Купот на Југославија, додека во сезоната 1986/87 ја предводеше од клупата и „златната“ Вардарова генерација, до шампионската титула во југословенското првенство.

Андон Дончевски е првиот селектор на Македонската фудбалска репрезентација која ја предводеше во првиот квалификациски циклус.

Роден е на 19 ноември 1935 година, во Кавадарци. За првиот тим на Вардар дебитираше во сезоната 1953/54 и неговиот дрес го носеше во наредните 12 години.

Тренер на нашиот клуб беше во периодот од 1985 до 1988 година.ФК Вардар на “чичко Дончо” му го честита роденденот со најискрени желби за добро здравје и долг живот.

Забава

Почина кралот на сарказмот – Метју Пери (Видео)

Published

on

Познатиот актер Метју Пери, кој беше еден од ѕвездите на „Пријатели“, е пронајден мртов во својот дом, објавија американските медиуми. Тој имаше 54 години.

Извори од полицијата изјавиле за „Лос Анџелес тајмс“ дека Пери бил пронајден од екипите за итни случаи онесвестен во џакузи во неговиот дом во Лос Анџелес. Обидите за реанимација биле неуспешни.

Полицискиот службеник во Лос Анџелес, Дрејк Медисон, рекол дека отишле таму „поради истрага за смртта на маж на возраст од 50 години“.

Портпаролот на противпожарната служба на Лос Анџелес, Брајан Хемфри, рекол за „Ен-би-си“ дека тие први реагирале во куќата во Пацифик Палисадес во 16:07 часот поради „итна опасност од вода“ од непознат вид. Никој не бил пренесен во болница, додал тој.

Пери беше најпознат по тоа што го играше саркастичниот Чендлер Бинг во многу популарната серија на „Ен-би-си“ „Пријатели“, која се емитуваше 10 сезони, од 1994 до 2004 година. Улогата му донесе номинација за наградата Еми во 2002 година.

Во таа серија тој глумеше заедно со Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Мет Лебланк, Лиза Кудроу и Дејвид Швимер.

Видео:

https://youtu.be/QjnmPazw9EI?feature=shared

Continue Reading

Забава

Анастасија ја претставува Македонија пред светот на најубавиот можен начин (ВИДЕО)

Published

on

Анастасија Анастасова со своето семејство живее во Хамбург, Германија. Но, Македонија живее во нејзиното срце.Loading…

Ова девојче, кое следниот месец ќе наполни 11 години, имаше прекрасна идеја, за чија реализација се вложи максимално и затоа со гордост може да каже дека успеа.

Нејзина мотивација се љубовта кон родната земја и убавините кои Македонија ги поседува. Не мислеше дека е доволно за тие убавини да знае само таа, па сакаше да ги сподели со светот.

https://youtu.be/qBPj51IJx-M?feature=shared

Бесценето е да ги погледнете македонските богатства низ детските очи бидејќи нема нешто поискрено од детските емоции. Токму тоа стана успехот на Анастасија.

Оваа Македонка има свој канал на Јутјуб, кој го води на два јазика – германски и македонски. За да допре до срцата на сите, видеата имаат и англиски превод.

Семејството е нејзина најголема поддршка, па тие заедно работат снимање и монтажа, вложуваат свои средства, но пред сè – многу љубов.

Скопје, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Кратово, Охрид се само дел од локациите каде Анастасија направи свои мини документарци. Пред снимање се подготвува со информации кои од срце им ги пренесува на сите што ја гледаат. Снима интервјуа со славни личности од Македонија, кои наидуваат на голем интерес од страна на публиката

https://youtu.be/_Ms9ztkcYrQ

Цел текст: https://kurir.mk/magazin/mladi-talenti/poglednete-gi-makedonskite-ubavini-niz-detskite-ochi-anastasija-ja-pretstavuva-makedonija-pred-svetot-na-najubaviot-mozhen-nachin-video/

Continue Reading

Забава

Ѕвезда која вечно ќе сјае: 16 години од смртта на Тоше Проески

Published

on

Македонија имала и има повеќе музички таленти кои биле познати надвор од нејзините граници. Еден од тие Тоше Проевски. Неговата популарност е без граници.

За жал, денеска се навршуваат 16 години од загинувањето на нашата и балканска голема музичка ѕвезда, кој го загуби својот живот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска.

По тој повод денеска ќе заврши и 16-ти маратон во чест на Проески, а кој стартуваше на 14 октомври од Нова Градишка во Хрватска кон Крушево. Пред да тргнат на пат долг 900 километри, маратонците положија цвеќе пред споменикот на Тоше кај Новоградското електротехничко-економско училиште. Во петокот ја посетија македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ каде беа пречекани од македонскиот амбасадор во Хрватска. Тие трчаа низ целата територија на Хрватска и на Србија, па до Скопје. Оттука ќе тргнат на пат за Крушево, каде треба да пристигнат денеска, 16 октомври, околу пладне, на годишнината од загинувањето на Тоше.

Спомен-куќата на Тоше на Гумење и денеска ќе ги пречека бројните посетители и фанови кои и годинава ги има од сите краишта. Во Куќата ќе биде претставена Тактилната изложба на музејски предмети, со објаснување со Брајовото писмо.

-На овој начин на денот кога пред суровата реалност затвораме очи пред фактот дека Тоше го нема, заедно со слепите лица ќе имаме можност да ги допреме, тактилно, неговиот лик, неговиот манастир, неговите гитари и многу други музејски предмети, дел од поставката во Спомен-куќата, вели директорката на Спомен-куќата „Тодор Проески“, Лефкија Гажоска.

Во Спомен-куќата,  која е најпосетуваниот музеј откако е изграден во 2011 година, ќе биде презентирано и видео на знаковен јазик и ќе биде поставено на веб-страницата на Спомен-куќата.

Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Албумот „The Hardest Thing“ на англиски јазик што го подготвуваше беше постхумно промовиран.

Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче” (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест” во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници” беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007 година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк