Connect with us

Македонија

Од утре прекин на железничкиот сообраќај поради неисплатена плата на вработените

Published

on

Железничкиот сообраќај од утре во 7 часот ќе биде во прекин поради неисплатен втор дел од платата за октомври, најавија претседателите на синдикатите на машинскиот и извршен персонал во Железници на РСМ Транспорт, Тони Димовски и Душко Чакаровски.

Како што изјави Чакаровски за МИА, со овој чекор всушност се реализира нивната најава за прекин на работата доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатен вториот дел од платата за претходниот месец.

Машинскиот и извршниот персонал во Железницата го прекинаа железничкиот и товарниот сообраќај и на 1 ноември, поради неисплатен втор дел од септемврриската плата. По исплатата наредниот ден ја прекинаа блокадата, но до раководството на железничкото претпријатие доставија одлука дека доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата од 7 часот наредниот ден.

Во одлуката е наведено и надоместот за материјални трошоци да се исплаќа најдоцна до 10-ти во месецот, како и дека во спротивно, нема да работат веќе од наредниот ден. 

Македонија

Meџити го поддржува Мицкоски за УСТАВНИ ИЗМЕНИ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО

Published

on

Во однос на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за поддршка од повеќе земји членки на идејата за уставни измени со одложено дејство, и дали во Владата се разговара околу тоа, Меџити рече, дека тоа е потврда дека Владата е европски ориентирана и е во врвот на приоритетите.

– Секојдневно работиме во таа насока. Јас сум оптимист дека сме на прав пат, изјави Меџити.

Continue Reading

Македонија

Тепачка на Меѓународниот аеродром Скопје

Published

on

Вчера околу 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.30 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, по претходна расправија две лица се испотепале меѓу себе.

„Јавниот ред и мир бил нарушен со физичка пресметка помеѓу А.Р.(33) од с.Марино, скопско и А.Д.(30) од с.Зелениково, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, се вели во полицискиот билтен.

Continue Reading

Македонија

Пожар во Адвокатската комора на Македонија: Непознато лице насилно влегло

Published

on

Адвокатската комора на Република Северна Македонија најостро го осудува насилниот напад кој се случи ноќеска, на 25 ноември 2024 година, околу 3:30 часот по полноќ, кога непознато лице насилно влегло во Комората и предизвикало пожар.

Пожарот, како што соопштија од комората брзо бил изгаснат од противпожарните екипи, но била предизвикана значителна материјална штета.

„Најважно е што, благодарение на брзата реакција на надлежните, нема човечки жртви. Овој акт на насилство не само што претставува сериозна закана за безбедноста на вработените во институцијата, туку и на граѓаните кои живеат во непосредната близина на деловниот простор на Комората. Нападот врз Адвокатската комора не е само напад врз еден правен субјект, туку е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во Република Северна Македонија. Поради ова ја изразуваме нашата најдлабока осуда за ваквото насилство и нагласуваме дека ваквиот напад е апсолутно неприфатлив. Овој чин на насилство и вандализам е сериозна закана за јавната безбедност и правниот поредок во земјата, и не може да се оправда под никакви околности“, се нагласува во официјалното соопштение.

Ги повикуваат надлежните органи да дејствуваат брзо и ефективно за да се идентификуваат и приведат одговорните за овој напад.

Ваквиот напад, според нив, не смее да остане неказнет, а одговорните мора да се соочат со последиците од своите дејствија и да бидат
најстрого казнети.

Комората, како што е истакнато во информацијата, останува посветена на заштитата на правата на адвокатите, граѓаните, како и на создавање на опкружување во кое сите институции ќе можат да работат без страв и загриженост, а притоа правото и правдата ќе останат неприкосновени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк