Connect with us

Забава

Најубави новогодишни честитки и пораки

Published

on

Топлината и убавината на новогодишните празници е во магијата на споделувањето среќа, а таа се шири и пренесува само со убави зборови. Затоа овие денови не штедете на убави мисли. Без да се двоумете напишете убава порака и споделете ја со оние кои ги сакате.

Ова се нашите новогодишни предлози:

Кога се менуваат години две, нека ви донесат сѐ. Секоја желба што во срце ви се кова, нека ви ја исполни годината нова! Среќна Нова Година!

Среќата нека биде вечност во вашиот дом, љубовта вечен пријател, здравјето – непресушно богатство. Среќна Нова Година!

Нека Новата година ти ја осветли душата, ја исполни со најубави чувства и нека Бог ти подари сѐ што немаш а сочуваш сѐ што имаш и сакаш. Среќна Нова Година!

Во Новата 2022 ви посакуваме многу подароци под вашата елка, многу среќа во вашиот дом и уште повеќе љубов во вашите срца. Среќни празници!

Ако здравјето е најважно, среќата најпотребна а љубовта неопходна, искрено посакувам тоа да биде дел од вашиот живот во оваа Нова 2022 година!

Честито! Туку што добивте Нова Година, модел 2022, боја – урнебесно среќна, гаранција – 12 месеци, развива 365 дена во годината. Користи ја со љубов, радост и здравје! 

Во Новата 2022 година ви посакуваме многу незаборавни моменти на среќа, радост и успех заедно со вашите најблиски. Среќни празници!

Нека Новата 2022 година ви биде бисер чија школка ќе го чуваат вашето здравје, љубов и спокојство во душата и домот. Среќна Нова Година!

Спокоен сон, ведра мисла, добро здравје и љубов од саканите нека бидат само дел од убавите нешта кои ти ги посакувам во Новата година. Среќна Нова!

Во новата година имајте повеќе време за себе и своите блиски, бидете исполнети со љубов и здравје и имајте прекрасни доживувања. Нека е Среќна и бериќетна!

Ти испраќам стихови обвиени со снегулки и добрина, ти испраќам најубави желби
во оваа ноќ што се капе во убавина *Среќна Нова Година!*

Забава

Дамјан Стоименовски настапи на Макфест со новата песна ,, Исти сме”

Published

on

На 25 и 26 Октомври се одржа 39 издание на најпознатиот и најстар музички фестивал во Македонија – Макфест


На првата вечер свое учество зема младиот и талентиран Дамјан Стоименовски. Дамјан има 23 години. Со музика се занимава уште од најмала возраст. Има учествувано на голем број престижни музички натпревари од кои Студенско лето во БиХ, Waf awards и има добиено голем број на награди. Покрај љубовта кон музиката младиот Дамјан е дипломиран правник и моментално е на мастер студии по казнено право.


Тој се претстави со песната ,,Исти сме”. Музиката и аранжманот се на Гоце Симоновски, а текстот на Ивана Карајановска.
Дамјан исто така имаше и одличен сценски перформанс.

Линк од видеото:
https://youtu.be/9lHCLHK2_5M?si=fMeL33PEmujUEPFN

Continue Reading

Забава

Лозано стана татко – Пејачот доби син

Published

on

Нашиот познајт пејач Влатко Лозановски стана татко

Извор близок до Лозано ја споделил радосната вест дека пејачот на  македонски забавни мелодии, Влатко Лозановски – Лозано станал татко.

Пејачот добил наследник, а бебенцето го добило името Марко. 

Засега пејачот нема објавено ништо на своите социјални мрежи во врска во ова. Инаку тој е познат дека го крие приватниот живот далеку од очите на јавноста. 

Continue Reading

Забава

КЛУЧНИ СЕ ВИКЕНДИТЕ – Бред Пит откри „тајна“ за младешкиот изглед 

Published

on

Бред Пит со години важи за еден од најпосакуваните актери, а сега ја откри тајната на својот изглед на прагот на седмата деценија од животот.

Веќе подолго време се шпекулира дека холивудскиот заводник решил да оди „под нож“, што се уште не го потврдил, но инсистира дека за неговиот младешки изглед е заслужен само здравиот начин на живот.

„Тајната на убавината? Хм, вие живеете здраво во работните денови, а потоа за време на викендот „грешите како луд“. Избирам пица“, одговори Бред Пит на прашањето за тајната на неговата младост.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк