Connect with us

Македонија

Од УТРЕ летно СМЕТАЊЕ на времето, стрелките ОД 2 ги ПОМЕСТУВАМЕ НА 3 ЧАСОТ

Published

on

Летното сметање на времето започнува ноќва кон недела на 27 март во два часот со поместување за еден час нанапред. Времето во два часот ќе се смета како три часот.

Со оглед на тоа што земјите-членки на ЕУ не се договорија за предложеното укинување на часовникот, овој режим останува на сила.

Иако Европската комисија пред неколку години предложи да се укине сезонското поместување на часовникот, земјите-членки се уште не се договориле за тоа, а се чини дека нема да се договорат во догледно време.

Европската комисија испрати предлог до Европскиот парламент и Советот на Европската унија во септември 2018 година според кој земјите-членки би можеле самостојно да одлучуваат за понатамошниот постојан избор на нивното стандардно време, односно дали трајно ќе го задржат зимското или летното сметање на времето, но ќе бидат обврзани да ја известат Комисијата за нивниот избор најмалку шест месеци пред промената да стапи на сила.

Во дебатата започната во есента 2018 година, земјите-членки истакнаа дека примената на хармонизиран и добро координиран пристап низ ЕУ, во однос на изборот на стандардно време, ќе биде од клучно значење за да се избегне поделеноста и нееднаквоста на временските.

Македонија

По четври пат одложено судењето за тетовската модуларна болница

Published

on

По четврти пат се одложи повтореното судење по пожарот во тетовската модуларна болница откако такво решение донесе Апелацискиот суд Гостивар по јавната седница во април 2024 година, а по првичната пресуда од 5 јуни 2023 година. Како и на 5 ноември 2024 и денес рочиштето се одложи поради отсуство на судијата Јордан Велковски, кој е на боледување. Судијката која го заменуваше го закажа почетокот на судењето за 18 март 2025 година во 10 часот.

Првиот обид за повтореното судење беше на 26 јуни 2024 година, па се одложи за 25 септември кога исто така не се одржи јавна расправа.

Апелацискиот суд во април 2024 година донесе решение со кое наложи да има повторно судење за поранешните директори на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми, како и Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово како правен субјект. За докторот Бобан Вучевски, Апелацискиот суд во април 2024 година ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената ослободителна пресуда за него.

На 5 јуни 2023 година Основен суд Тетово одреди условна осуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“ во судскиот процес по пожарот во модуларната болница во Тетово во 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. Судот тогаш одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.

Според пресудата, на обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми им беше утврдена казна затвор од по една година и шест месеци, условна осуда и утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетите секој за себе во време од по три години не сторат ново кривично дело. Правно лице требаше да плати парична казна во висина од еден милион денари, 30 дена по правосилност на пресудата.

Првиот судски процес се водеше откако на 8 септември 2021 година 14 луѓе ги загубија животите во пожарот во модуларната болница во рамки на Клиничка болница Тетово.

Continue Reading

Македонија

Тони Коњановски на терен со службите за расчистување на снегот во Битола

Published

on

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, вечерва заедно со директорите на јавните претпријатија изврши увид во тековните активности за расчистување на снегот од клучните локации во градот.

Во своето обраќање, Коњановски ги потенцираше напорите на зимската служба, кои без застој работат на обезбедување нормално функционирање на градот:

• Широк Сокак и плоштадот Магнолија беа расчистени за непречено движење на граѓаните.

• Паркингот пред Центарот за култура и отворениот паркинг кај саат-кулата беа приоритет за ослободување од снежните наноси.

• Активности се спроведуваат и низ населените места во општината.

„Нашата цел е сите улици и јавни површини да бидат целосно проодни, со што ќе се обезбеди безбедност и функционалност за граѓаните,“ истакна Коњановски, додавајќи дека тимовите на зимската служба остануваат на терен и во текот на ноќта.

Општина Битола ја продолжува својата посветеност за брза и ефикасна реакција во интерес на граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Божиновска: Соработката со Чешка отвора нови можности за Македонија

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, преку активна иницијатива и со поддршка од амбасадорот на Чешка, г. Лудва, воведува значајни чекори кои ветуваат подобрување на односите меѓу Македонија и Чешка.

Божиновска ги истакна трите главни проекти кои се во фокусот на оваа соработка:

Организација на заедничка седница на министрите на Македонија и Чешка, со цел продлабочување на билатералните односи и создавање нови можности за партнерства.

Воведување директен авионски лет Скопје–Прага, кој наскоро ќе биде достапен, што ќе придонесе за полесна бизнис и туристичка соработка.

Сезонски летови Прага–Охрид, кои ќе го позиционираат Охрид како клучна дестинација за чешките туристи.

„Овие иницијативи не само што ја олеснуваат комуникацијата и соработката, туку и отвораат врати за нови инвестиции во различни сектори како енергетиката, туризмот и трговијата“, изјави Божиновска.

Оваа соработка претставува значаен чекор напред кон зајакнување на врските помеѓу двете земји и обезбедување нови можности за одржлив економски раст.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк