„Газпром“ ја сопира доставата на гас во Бугарија, а со тоа и на Македонија, имајќи во предвид дека нашата економија влечеше количини на гас преку конекторот кој во 2014. година беше направен во Клечовце, а го отвори тогашниот премиер Никола Груевски.
На оваа гасоводна цевка, конектори имаат Македонија и Србија.
Денес, како што соопштуваат бугарските медиуми, „Булгаргаз“ добил известување дека доставата на природен гас од „Газпром Експорт“ ќе бидат запрени, заклучно од 27. април 2022. година.
Бугарската страна, пренесуваат тамошните медиуми ги има исполнето сите должности и ги има извршено сите плаќања кои произлегуваат од набавката на гас според склучените договори, и тоа, согласно со сите клаузули потпишани со „Газпром“.
Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, дал исказ во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Соравија“, објави порталот Република, повикувајќи се на свои извори во Обвинителството.
Како што пишува порталот, Дрин Ахмети вчера бил во просториите на Јавното обвинителство, дал исказ и си заминал.
Дрин Ахмети во последно време беше во Америка заедно со својот брат и со својот татко, кој, впрочем е брат на Али Ахмети.
Неофицијално, тој во САД заминал веднаш по промената на власта во Македонија.
Дрин ѝ стана познат на јавноста откако беше објавено дека станал сопственик на Трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје. Но, по притисокот од јавноста и од медиумите, кон крајот на минатата година тој објави дека компанијата ќе биде преземена од „Тексас американ интернешнл холдингс“ на бизнисменот Ник Назар Мехмеди од САД.
Тогаш беше објавено и дека на фирмите на Ахмети „Тхор Индустрис“ и на „Соравиа Инвест“, им се блокирани сметките, но и за тоа нема потврда.
Утре 17.01.2025 година (петок) со почеток во 12:30 часот по повод завршување на градежните работи на делницата Куманово – Бељаковце (Коридор 8 Источна делница) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува и ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце.
Пругата Куманово – Бељаковце е со должина од 30.8 километри и на неа се изградени 3 нови железнички станици (Ново Куманово, реконструирана постоечката железничка станица Куманово, 6 стојалишта, 5 мостови, 1 тунел, пропусти со различен дијаметар, заштита на наклони, одводни канали, пристапни патишта, звучни бариери, потпорни ѕидови, горен строј и сигнализација и телекомуникација.
На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално -телекомуникациска опрема во вредност од 10.000.000 евра, алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеи, лед осветлување.
Свој говор пред присутните ќе одржи премиерот Мицкоски.
Јавна тајна е дека двете експресни сообраќајници не беа завршени, а можеби и никогаш немаше да бидат завршени заради фактот што ДУИ немаше интерес во делниците Страцин-Крива Паланка и Градско-Дреново. Причината е јасна и бизарна – немале членство таму, односно не би добиле гласови со овие експресни патипшта. Потврда на сомнежот во емисијата „За или против“ со новинарот Љупчо Цветановски даде и директорот на ЈПДП Коце Трајановски, кој во рок од десетина дена и по само шест месеци на функцијата со многу работа и труд успеја да ги пушти во употреба делниците Страцин – Крива Паланка и Градско – Дреново.
-„Може и од тој аспект да се гледа, со оглед на тоа дека директорот на Јавното претпријатие за државни патишта беше од ДУИ. Во една прилика, ова е неофицијално има речено „Па слушај, ние немаме гласови таму, нека си оди работата, нека си тече, ама без голем притисок.“ Значи, без голем притисок кон изведувачите, кон надзорот, кон подизведувачите и сето тоа, така што и тука можеме да најдеме некоја поента во незавршувањето на патиштата“ посочи Трајановски, кој цени дека главната поента е дека оние луѓе кои што биле на власт од СДСМ, кои биле задолжени за работите, ресорното министерство и функционерите од тој крај можеле да направат еден поголем притисок за да тоа се заврши. Но, никогаш не го сториле тоа.
-„Велат дека асфалтото бил направен во нивно време на Страцин-Паланка, но јас бев многу јасен и прецизен во својот говор – во делот на компанијата „Штрабак“ од 15.5 километри, немаше ниту еден сантиметар квадратен асфалт! Дури и земјените и тампонските работи не беа завршени“, потенцира Коце Трајановски.
На фалбите на СДСМ дека тие цели завршиле цели 92 насто од правецот Градско-Дреново, Трајановски посочува дека малку е комично по една година целосен застој да тврдите дека само осум насто останале за пуштање на експесниот пат.
-„Малку е смешно, ако вие само за тие осум насто не сте успејале да го завршите за година дена, во тој случај се рпашуваме кога би ги завршиле тие 8%, со оглед на тоа дека година дена пред јас да дојдам за директор на ЈПДП, година дена компанијата „Штрабак“ беше повлечена од оваа траса – значи немаше вработени, немаше опрема, немаше механизација, се’ беше оставено. Имаше два анекси, не беа потпишани, а бидејќи ова е преку ИПА фондовите, 71% е од ИПА грант, односно 28 милиони евра од вкупно 37,5 милиони, а останатото е финансирање од државата. Кога дојдовме на позиција, со ангажирање на министерството за финансии, на министерството за транспоорт и министерот Николоски и мое ангажирање, успејавме да го надминеме тој проблем, тие два анекси да се потпишат, работеше еден голем тим на луѓе 20 до 30 дена и заедно со ЕК делегацијата тоа се прифати и почна да се плаќа. Во прашање беа околу 13.5 милиони евра, не беа ни исполатени. Сега, како можеш ти да кажеш дека си завршил 92%, а само 8% не си завршил, а практично година дена не се работеше, беше стопиран тој пат“ објасни Трајановски во емисијата на ТВ Алфа.