Connect with us

Uncategorized

Кај нас помали тенџериња – А во Чешка владата ќе им ги плаќа сметките на граѓаните ако надминат 30 отсто од приходите

Published

on

Поради поскапените енергенси, чешкиот премиер Петр Фијала вети компензација за граѓаните преку станбен додаток, за сите оние чии сметки надминуваат 30 отсто од нивните приходи, а во Прага штом се над 35 проценти од приходите.

– Владата нема да дозволи кој било да пропадне. За домување граѓаните ќе плаќаат максимално 30 отсто од своите приходи, во Прага 35 проценти и тоа вклучувајќи ги сите плаќања за енергија. За сите трошоци над 30 отсто од приходите, државата е подготвена да плати, истакна Фијала, јави телевизијата ЧТ.

Станбениот додаток во Чешка не е новост. Досега беше вид социјална помош за најсиромашните семејства. Фијала сега апелираше граѓаните да не се срамат да го бараат и оние кои до зголемените трошоци за енергија годинава, немале право на додатокот, пренесе Бета.

Во првата половина од годинава, државата преку станбен додаток исплати околу 208 милиони евра. Кон крајот на август ќе бидат познати и деталите за посебна поевтина тарифа за струја и гас за домаќинства, во чии рамки државата со 2,5 милијарди евра ќе ги субвенционира трошоците за идната грејна сезона на граѓаните за скапата енергија.

Министерството за индустрија и трговија почнува со проверка на авансните плаќања што енергетските компании им ги испраќаат на потрошувачите, затоа што се множат информациите за злоупотреба на поскапувањето, потрошувачи плаќаат аванси повисоки од крајните трошоци.

Uncategorized

ЗАХАРИЕВА: Ново дно во РСМ – се гони учител оти носел деца да цртаат во Бугарија, тоа го има само во Русија, Белорусија и С. Кореја

Published

on

Владата на С. Македонија стигна до ново дно: министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ѝ нареди на полицијата да започне предистражна постапка против наставник затоа што носел деца да цртаат во Бугарија, пред Народниот театар и во Пловдив, а потоа ги посетиле бугарскиот парламент и претседателството, се вели во реакцијата објавена на Фејсбук поранешната шефица на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева.

– Не знам дали колегите разбираат како изгледа ова – како да прават очајнички потези за да се приклучат кон еден многу фамозен светски клуб. Учител може да биде гонет за такво дело само во Русија, Белорусија и Северна Кореја. А сите си мислевме дека на Балканот сме ја затвориле таа мрачна страница од историјата, напиша Захариева на својот профил на Фејсбук.

Оваа реакција доаѓа откако вчера, како што објавивме, деца од Македонија биле злоупотребени за политички цели во Бугарија. Станува збор за деца од ликовно студио Мал битолски Монмартр кои без знаење на родителите биле однесени на средби со Претседателот Румен Радев и Симеон Втори, синот на бугарскиот цар Борис Трети.

За истово пишува ДЕНЕШЕН

Continue Reading

Uncategorized

ХАОС ВО БРИСЕЛ! Повици да се излезе на улица како во Франција

Published

on

Запалени автомобили и хаос на улиците на Брисел по вчерашните немири што избија по полициската рација во која биле приведени 10 млади лица.

Портпаролката на полицијата Илсе Ван Де Кеир, изјави дека во текот на денот на социјалните мрежи кружеле повици да се излезе на улица „како во Франција“.

Противпожарната бригада во Брисел ја опиша ситуацијата како „екстремно напната“, а белгиските власти најавија дека на улиците ќе бидат испратени дополнителни 40.000 полицајци.

Во Брисел моментално се одржува дводневен самит на шефови на држави и влади на ЕУ посветен на ситуацијата во Украина и миграциските прашања.

Во Франција избија немири откако полицијата уби 17-годишен тинејџер во едно париско предградие.

Continue Reading

Uncategorized

Македонците во албанско Стеблево-Клење сами го поправија патот и ги поканија политичарите: „Може да дојдат за глас“

Published

on

Македонците од селото Клење област Голо Брдо деновиве самоиницијативно реализираа активност за уредување на патот што го поврзува со село Стеблево, што бил во многу лоша состојба.

-Сега, драги политичари можете да дојдете да го побарате гласот! Момчиња од Клење во припомош со две момчиња од Стеблево завршија колосална работа со пополнување на многуте ударни дупки и попесочување на патниот сегмент Стеблево-Клење, стои во објавата на Фејсбук страната на село Клење.

Во име на жителите месната заедница од Клење изразуваат голема благодарност до младите од нивното село, неколкуте од село Стеблево како и до иселениците Елион Форгали и Дурим Зуна кои во неможност лично да учествуваат испратиле други лица.

Областа Голо Брдо ја сочинуваат 22 села, главно населени со Македонци. Се вбројува во најнеразвиените области во земјата, каде и денес повеќето од населените места се поврзани со макадамски патишта.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк