Connect with us

Македонија

Ковачевски не знаел кој е бугарскиот европратеник Џамбаски кој посака крај на македонизмот

Published

on

Бугарија треба својата поддршка да ја насочува кон оние здруженија кои што градат мостови помеѓу нашите две држави. Постојат имиња кои што можат да зближуваат, кои што можат да бидат мост помеѓу двете држави и сметам дека сите треба да инвестираме во такви имиња кои што се покажале со своите активности во овој регион, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Секоја држава финансира различни проекти кои што се однесуваат на граѓани кои се самоопределуваат како нивното доминантно население. И ние како Cеверна Македонија финансираме проекти во Албанија, во делот на Поградец и другите делови каде што живеат Македонци. Меѓутоа, сметам дека Бугарија треба својата поддршка да ја насочува кон оние здруженија кои што градат мостови помеѓу нашите две држави. Доколку се финансираат, а јас не знам кои здруженија се финансираат, ќе повторам третпат дека здруженија кои што носат имиња на личности од историјата кои штои ги повредуваат чувстата на Македонците, на Евреите, на Ромите, на Албанците и на сите други кои живеат тука, а кои во историјата се означени како личности кои се дел од најцрниот период на Европа, а тоа е фашизмот во Втората светска војна, сметам дека тоа не се личности кои што треба да бидат имиња на здруженија на граѓани, бидејќи ги повредуваат чувстата на граѓаните, рече Ковачевски, на новинарско прашање дали во духот на добрососедството би побарале од бугарската влада да ги прекине финансиите за здруженија со провокативни имиња за земјава како што е тоа на „Цар Борист Трети“ во Охрид.

Тој нагласи оти користењето вакви провокативни имиња е за осуда и не гради никакви пријателски односи помеѓу двете држави, туку напротив, при тоа ја издвои еврејската заедница која, рече, од една бројна респектирана заедница е сведена само на неколку членови на заедницата од потомците на тие што случајно се спасиле од Холокаустот.

Постојат имиња кои што можат да зближуваат, кои што можат да бидат мост помеѓу двете држави и сметам дека сите треба да инвестираме во такви имиња кои што се покажале и на полето на културата, на споротот и на полето на многу други активности кои што се одвивале во овој регион, рече Ковачевски потенцирајќи дека може да се разговара, и веќе разговарал за тоа дека треба да се градат мостови помеѓу државите и помеѓу граѓаните на двете држави, но не и за официјално барање во однос на буџетирање на процес во друга држава.

За изјавата на бугарскиот европратеник од редовите на ВМРО-БНД Ангел Џамбаски околу тоа дека „Југославија се распадна, време е да се урне нејзиниот последен бастион – македонизмот“, Ковачевски рече дека не знае кој е тој човек и не ја слушнал изјавата, а македонизмот вели секогаш ќе го има.

Македонизмот секогаш ќе го има затоа што Македонците се тие кои имаат своја историја, имаат свој идентитет. Ние зборуваме на македонски јазик, ние негуваме свои обичаи, своја култура и ние сме граѓани, народ кој што до 2030 година ќе ја збогати Европската унија со тоа што ќе станеме нејзина членка, рече Ковачевски.

Македонија

На празник си заминуваат праведните: По долго боледување, почина таткото на Тоше Проески

Published

on

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

–Светол патот, татко мој! – напиша таа на социјалните мрежи. 

Continue Reading

Македонија

Ќе ве расплаче! Објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

Published

on

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo

Continue Reading

Македонија

Денеска ќе наполнеше 43 години: На денешен ден е роден Тоше Проески

Published

on

Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески.

Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Ангел си ти (Life)“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што дефинитивно прерасна во најголема регионална музичка ѕвезда на некогашните ЈУ простори.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ – хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од преработки на 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Речиси секоја негова песна беше хит како што се: „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера за своја промоција во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион ( Арената Филип Втори) во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Постхумно државата Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Владата на Република Македонија во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк