Connect with us

Македонија

Лажни профили шират бугарска пропаганда во Македонија

Published

on

Македонско – бугарските односи ги вжештуваат и социјалните мрежи. Бројот на профили кои ги промовираат ставовите на Софија во односот кон Скопје е се поголем. Дејствуваат на повеќе начини – со директни пораки, со коментари на објавите од мејнстрим медиумите, преку цели страници кои се обидуваат да не убедат дека од двете страни на границата живее ист народ. Во сето ова се вклучени бројни лажни профили а очигледно се трошат и доста пари.

Убава девојка или симпатично момче, ве додаваат на Фесбук или Инстаграм и најпрвин почнуваат неврзан муабет, а потоа се префрлаат на политика и на македонско – бугарските односи. Започнуваат да ви праќаат линкови и текстови кои според нив докажуваат дека Македонците и Бугарите се еден народ. Прават се да ве убедат во тоа. Ова е само една од стратегиите на лажните профили на социјалните мрежи кои во последно време ги има се повеќе.

Освен преку директни пораки тие бугарската вистина за македонското потекло ја шират и преку безброј коментари. Речиси и не постои објава на мајнстрим медиумите под која тие не пишуваат како Македонија не постои, како Македонците се измислена нација и слично.

И бројот на страници кои шират бугарска пропаганда е се поголем, а нивните постови најчесто се и спонзорирани за да допрат до се повеќе луѓе.

Само една од нив е таканаречената „Фондација Македонија“ која не крие дека троши пари за промоција на своите објави.

  • „За 28 дена допревме до 155 илјади луѓе во Македонија. Следниот месец ќе стигнеме до 400 илјади“ пишува на Фејсбук, Виктор Стојанов, претседател на Фондација Македонија.

Ова здружение, меѓу другото, добива финансирање и од бугарската Влада.

Тие на социјалните мрежи често објавуваат провоцирачки постови кон Македонија и Македонците. Еден од нив е и географска карта каде се избришани границите меѓу двете држави, а Македонија е претставена како бугарска територија.

  • „Ќе бидеме пак едно, за тоа работиме, за тоа живееме, за тоа се трудиме“, се вели во објавата.

Како и за многу други потези и за овие на „Фондација Македонија“ повторно молк од македонските власти, на многу пати досега поставените прашања дали ќе реагираат, како по обичај одговор никогаш нема.

Македонија

Зошто некои работници добиваат само неколку илјади денари за К-15?

Published

on

Во Општиот колективен договор за стопанството е наведено дека работодавачите кои се соочуваат со потешкотии во работењето можат да исплатат регрес за годишен одмор во помал износ од оној утврден со колективниот договор. Многу работодавачи ја користат оваа недореченост и исплаќаат К-15 од само неколку илјади денари, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Оттаму истакнуваат дека секој работодавач и јавна институција мора да го исплати пропишаниот минимум за К-15, кој изнесува 11.000 денари за јавниот сектор и околу 16.800 денари за приватниот сектор.

Continue Reading

Македонија

Пожар во хотел „Манастир“ во Берово

Published

on

Пожар избувнал во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово. Според информации на “Курир”, зафатен е дел од поткровјето на овој комплекс.

Целиот град мириса на чад, изјавија жителите на овој град.

Continue Reading

Македонија

Илија Димовски и Сања Божиновска разговараа со младите за одржлив развој во организација на УМС ВМРО-ДПМНЕ Битола

Published

on

Во рамките на третиот модул од политичката академија, организиран од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Битола, младите учесници имаа можност да се сретнат и да разговараат со Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, како и со поранешниот пратеник Илија Димовски. Главната тема на дискусијата беше одржливиот развој — концепт кој ги обединува економските, социјалните и еколошките аспекти за задоволување на тековните потреби, без притоа да се загрозат можностите на идните генерации.

Божиновска и Димовски истакнаа дека изградбата на одржлива држава бара соработка помеѓу институциите, бизнисите и граѓаните, потенцирајќи ја важноста од активното учество на младите во овие процеси кои водат кон подобра иднина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк