Connect with us

Македонија

Прилепчанец создаде турбина која создава енергија од најмал провев (Видео)

Published

on

И додека целиот свет во моментов се бори за енергија плус, особено онаа бесплатната од обновливи извори, нашите иноватори за своите креации се одбивани од Фондот за иновации токму за вакви проекти. Прилепчанецот Зоран Тодороски – Sнда, по втор пат е одбиен од Фондот за својот проект ветерна турбина која може да создава енергија и од најмал провев преку т.н. вентури ефект. Ако турбината би се произведувала масовно, не би чинела повеќе од 500 евра и лесно може да ја монтира секое домаќинство.

„Да нема потреба од ангажирање од посебен инженерски тим за изградба, да нема посебни конструкции во различни ситуации туку едноставно да дојде универзален производ што може секој да го купи да речам од супермаркет и да го постави во својот двор. Користени се материјали од автомобили, од индустрии кои можат лесно да бидат заменети од било кој тим, да не треба специјални нарачки, чекање и слично“, истакна Зоран Тодороски – Ѕнда, иноватор.

Оваа турбина е планирано да произведува еден киловат на час. Колку пак турбината се зголемува толку ќе биде поголема и нејзината моќност. Оваа иновација особено може да биде многу корисна за разни објекти лоцирани на отворено поле или планини каде има повеќе ветар. За најоптимална заштеда Тодороски вели едно домаќинство треба да има комбинација од соларни панели во ваква турбина.

„За влог од 500 евра да се вади 1 киловат на час енергија знаеме дека не можи од ниту еден друг вид на обновливи извори на енергија, ниту од соларни панели, ниту од ништо. Зборувам дека комплетниот производ на крајот би требало да биде комплет со сите контролери, акумулаторски батерии, со инвертери, за да може директно да се приклучи на електричната мрежа. Едноставно замислите тука да имаме само штекер од 220 волти и во него веќе има акумулирано енергија. Електричата енергија планирано е да се складира во акумулатори, што исто така се предвидени да бидат од автомобилска индустрија, да нема потреба од некои специјални делови“, вели Тодороски.

Разочаран е бирократијата на нашиот Фонд за иновации и сега размислува своите со своите проекти да конкурира во странски Фондови.

„Ги работам и техничките цртежи, ја правам и анализата и буџетот и сите тие работи, не ангажирам од предложените Агенции од страна на Фондот што треба да го изработат тоа. И најчесто сум одбиван поради некоја анкета на странскиот пазар, јас до крај нема да го работам тоа бидејќи јас мислам дека како иноватор јас треба да направам иновација, а не да се занимавам со економија“, потенцира Тодороски.

Освен оваа Тодорски има уште голем број други иновации, како „Неврофон М1, помагало за глувите лица кое се носи на глава, модуларната мобилна ЦНЦ машина која може да се залепи на ѕид и да гравира, работи и на конструкција на роботи, а дури има разработено и идеја како би функционирал мотор за вселенска станица кој не бара гориво, освен струја.

Македонија

На празник си заминуваат праведните: По долго боледување, почина таткото на Тоше Проески

Published

on

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

–Светол патот, татко мој! – напиша таа на социјалните мрежи. 

Continue Reading

Македонија

Ќе ве расплаче! Објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

Published

on

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo

Continue Reading

Македонија

Денеска ќе наполнеше 43 години: На денешен ден е роден Тоше Проески

Published

on

Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески.

Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Ангел си ти (Life)“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што дефинитивно прерасна во најголема регионална музичка ѕвезда на некогашните ЈУ простори.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ – хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од преработки на 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Речиси секоја негова песна беше хит како што се: „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера за своја промоција во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион ( Арената Филип Втори) во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Постхумно државата Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Владата на Република Македонија во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк