Connect with us

Македонија

РАКОПИСИ СТАРИ по 500 ГОДИНИ од Институтот за МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК со ДИГИТАЛИЗАЦИЈА СЕ СПАСЕНИ

Срцето на македонскиот идентитет – дијалектите, во дигитална форма стигнаа во 14 водоотпорни и огноотпорни куфери од Архивскиот дата центар „Инбокс“ (Inbox) до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, зачувани се и на безбедно место во наредните 500 години години. Благодарение на проектот за дигитализација на картотеките на Институтот, документите веќе нема да се чуваат во кутии и во плакари. Вработените и научниците нема да имаат потреба рачно да ги листаат картотеките, туку ќе си ги симнуваат од компјутерски фолдери.

Дваесетина вработени од фирмата, која постои од 2011 како иновативен модел за архивирање и управување со физички и електронски документи, точно една година внимателно и со високо ниво на безбедност работеа на скенирање и архивирање на ракописите каде е содржан целиот дијалектолошки и ономастички материјал на македонскиот јазик собиран со децении на терен.

Има законска постапка за тоа како се водат процедурите, од преземањето на документацијата до изработката на документација и целиот процес завршува со вклучување на елементи на самите документи, т. е. печат и временски жиг. (Фото: Ѓ. Личовски)

Станува збор за проект на Министерството за култура и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), кој го изработи „Инбокс“. Проектот почна лани, кога го најави тогашната министерка за култура Ирена Стефоска, и по точно една година од преземањето на првите документи на 30 декември 2021, вратени се во дигитална форма на 29 декември 2022.

Дигитализирани се 12 збирки, од кои излегле околу 4,5 милиони страни. Збирките се дигитализирани на микрофилмови, сместени во куфери, кои штитат од вода, прашина и од пожар, и кои ќе овозможат заштита без разлика на просторот каде се чуваат.

САКАМДАКАЖАМ.МК разговараше со Јорданчо Митровски, финансиски директор и управител во „Инбокс“, кој детално ни го објасни процесот на дигитализација.

Цел текст ТУКА

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг