Connect with us

Македонија

Бујар Османи се сретна со Зеленски: „Ја повикувам Русија веднаш да стави крај на агресијата“

Published

on

Во рамки на посетета на Киев, Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи денес оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски на која ја изрази својата поддршка за украинската Влада, акцентирајќи дека ОБСЕ го поддржува украинскиот народ и напори за враќање на мирот и стабилизација на регионот.

„Импресивна е пожртвуваноста и посветеноста на Претседателот Зеленски во заштита на украинскиот народ и храброста во соочувањето со предизвиците и последиците од агресијата на Руската Федерација врз Украина. Ја повикувам Русија веднаш да стави крај на агресијата. ОБСЕ го поддржува украинскиот народ и ќе продолжи одблизу да ја набљудува состојбата. Неопходна е оваа поддршка на украинските напори да се врати мирот и да изгради стабилна иднина за нејзините граѓани”, истакна Османи.

Османи порача дека ОБСЕ ги има механизмите и капацитетот да им помогне на луѓето од конфликтните подрачја преку работата на терен.

“Еден од првите чекори треба да биде итното враќање на теренска мисија на ОБСЕ во Украина. Мисијата ќе направи голема разлика на терен за обезбедување на стабилност, безбедност и почитувањето човековите права за секој граѓанин”, порача Османи.

Посетата на Османи на Украина е во рамките на реализацијата на еден од главните приоритети на Претседавањето на  Македонија со ОБСЕ во 2023 година, во кое фокус се става кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија, велат од МНР.

Македонија

Почна реконструкцијата на водоводната линија Битола – Поешево – Логоварди

Published

on

Во Битола започна реконструкцијата на водоводната линија која ги поврзува градот со населените места Поешево и Логоварди, во должина од 6 километри. Проектот опфаќа и вградување на нови приклучоци за домаќинствата, а вкупната инвестиција изнесува 29.349.605 денари.

Средствата за реализација се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски и Владата на Република Македонија, како дел од првиот повик на кој општина Битола аплицираше со вкупно 16 проекти.

Со оваа интервенција ќе се заменат старите азбестно-цементни цевки со нови полиетиленски (HDPE) водоводни цевки, што значително ќе го подобри водоснабдувањето и ќе ги реши долгогодишните проблеми на жителите во овие рурални населби.

Проектот е дел од пошироката стратегија за модернизација на водоводната инфраструктура и унапредување на условите за живот во руралните заедници на подрачјето на општина Битола.

Continue Reading

Македонија

СОРАБОТКА ЗА ОДРЖЛИВА ПРИРОДА – ПОРАКАТА НА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ ОД ТЕТОВО

Published

on

Тетово, 18 јуни 2025 година Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, учествуваше и се обрати на Регионалниот форум со тема: „Добро управување и меѓуинституционална соработка во заштитените подрачја во Северна Македонија, Албанија и Косово“, кој се одржа во градот под Шара, Тетово.

Во своето обраќање, министерот Меџити истакна дека природните ресурси како водата, воздухот и шумите не познаваат политички или административни граници, додека начинот на нивно управување ја одразува капацитетот на државата и на регионот во целина.

„Водата што тече од нашите планини, воздухот што циркулира низ долините и шумите што ги покриваат нашите природни граници не ја познаваат администрацијата, ниту политичките бариери. Но, начинот на кој ги штитиме овие природни ресурси, особено управувањето со заштитените подрачја и националните паркови, претставува директен одраз на нашите институционални капацитети – како држави и како регион“, изјави Меџити.

Министерот посочи дека заштитените подрачја се најчувствителните и највредни делови од територијата, каде што се зачувува загрозената биолошка разновидност, се штитат природните ресурси и се обезбедува еколошка стабилност.

‘Како дел од конкретните активности, Министерството за животна средина и просторно планирање ја зголеми заштитената површина од 11,5% на 13,9%, со прогласувањето на Националниот парк Шар Планина и подготовките за заштита на регионот Јабланица. Во фокус се и подготовките за хармонизација со европската мрежа Natura 2000 и Конвенцијата CITES, преку инвестиции во обуки, дигитални системи и платформи за управување со податоци’, додаде Меџити.

Министерот Меџити потенцираше дека природата е целина, а нејзината заштита е заедничка одговорност. Заштитените подрачја како Шар Планина, Маврово, Галичица и Преспанско-Охридскиот регион се природни мостови што ги поврзуваат нашите држави и народи.

Во рамки на форумот беа презентирани и добри практики, како поставувањето на соларни огради во Шар Планина за заштита на земјоделските култури од диви животни – решение засновано на природата и одржливоста.

На крај, министерот повика на понатамошна координација меѓу институциите на Северна Македонија, Албанија и Косово, како и со европските партнери, за да се обезбеди ефективно управување со заштитените подрачја и да се изгради здрава, зелена и одржлива иднина за сите.

Continue Reading

Македонија

Метео предупредување: Еве какво време ја очекува Македонија до петок

Published

on

Од денеска до петок попладне и навечер се очекува нестабилно време со пороен дожд, силни грмежи и засилен ветер, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На некои места е можно да се појави и локално невреме со град.

Во Скопје, делови од котлината ќе бидат погодени од пороен дожд и грмежи, проследени со силни налети на ветер.

Метеоролозите апелираат на внимателност при електрични празнења и советуваат да се избегнуваат отворени простори и засолништа под осамени дрвја.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг