Connect with us

Македонија

Тројца охриѓани го претепале секретарот на бугарскиот клуб ,,Цар Борис Трети”

Published

on

Секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид бил претепан, јавија бугарските медиуми, а случајот го потврди и македонското МВР.

Тројца напаѓачи почнале да го удираат секретарот на бугарскиот културен клуб, го навредувале и му се заканувале дека ќе го убијат бидејќи е Бугарин и работи во културниот центар. Веднаш ги известив бугарското и македонското МНР. Контактирав со министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи и го повикав веднаш да се позанимава со случајот, а по половина час тој ми напиша дека сите тројца напаѓачи се идентификувани, изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за емисијата BulgariaOnAir.

Според него, состојбата на претепаниoт не е добра.

„Мислам дека неговите физички повреди се сериозни, но и психичките“, истакна тој.

Ковачев потсети дека пред само неколку дена во медиумите на РСМ беа дистрибуирани фотографии од оние кои учествуваа во прославата на Мара Бунева со повик „да им се згорчи животот“.

„Османи ми рече дека сите тројца напаѓачи се идентификувани. Тие не можат да останат неказнети. Предметните млади ги учеле на училиште дека Бугарите се фашистички окупатори и асимилатори. Дознав дека едно од момчињата е спортист кој освоил некоја титула. Знаеме и кои се тие формации – противници на клубот“, резимира Ковачев, додавајќи дека синоќа тој се обидел да разговара со истепаното момче, но не успеал, бидејќи жртвата е скршена вилицата.

Случајот со нападот на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид го потврди и македонското МВР, од каде излегоа со соопштение за настанот:

 Дваесет и едно годишниот Х.П. од Охрид синоќа бил нападнат од тројца охриѓани во угостителски објект на кеј „Македонија“, соопшти утрово СВР Охрид.

Лицето, како што е наведено, било физички нападнато од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид.

– Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид, појасни за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Нападот во полиција бил пријавен околу 22 часот и 30 минути. Известен бил јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Македонија

Специјалистите и келнерите земаат иста плата – Доктор Даниловски со интересна констатација

Published

on

Познатиот доктор Драган Даниловски со реакција на социјалните мрежи за основната плата што ја земаат лекарите, судиите и келнерите. 

– Како е можно основната плата на специјалист во секундарното ниво на здравствената заштита да е 55 000 денари, на судија во Основен суд 120 000 денари, а на келнер 50-60 000!? – праша тој на својот фејсбук профил. 

Коментарите на оваа тема се бројни. 

– Во земја во која најголем бизнис се кафани и кладилници што да се каже понатаму? Поразително колку се изместени вредностите, а согласно тоа и платите на најбитните сегменти на едно општество, му реплицираше еден фејсбук пријател на доктор Даниловски. 

Друг сподели слично свое искуство: 

– Покрај девијацијата, срамотата, извитопереноста која ја констатирате во постот, само да се надоврзам со податокот дека стручен работник-воспитувач кој работи со деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение, со работно време во три смени, секој ден од годината, има 34.000 нето основна плата, значи за дури 150 евра под просечната плата. 

Continue Reading

Македонија

Шабан Трстена му врачи награда на Изет Меџити

Published

on

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ја прими наградата „Златен олимписки Оскар“ од ветеранот на борењето и олимписки шампион, Шабан Трстена.

Меѓу пријатели, љубители на спортот од земјава и регионот, академици и спортисти, олимпискиот шампион Шабан Трстена на 8-мата по ред церемонија на доделување на „Златниот олимписки оскар“, посветена на спортистите и поддржувачите на спортот, му се заблагодари на вицепремиерот Меџити за се што направил низ годините за борењето и спортот во целина.

„Додека луѓето постигнуваат успеси во животот на поодминати години, Трстена тоа го постигна на своите 19 години, добивајќи го најважниот олимписки медал, златниот, на главниот спортски настан во светот, Олимписките игри и стана дел од светската историја на спортот, што не прави исклучително горди“, рече вицепремиерот Меџити на церемонијата.

Олимпискиот шампион Шабани Трстена е спортистот кој како 19-годишник во 1984 година, од Чаир, отпатува на Олимписките игри во Лос Анџелес каде блесна со последователни победи и се закити со златниот олимписки медал.

Continue Reading

Македонија

Јакимовски почна да се извинува

Published

on

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски јавно и се извини на министерката за образование Весна Јаневска затоа што вчера ја нарече „северџанка“, и истовремено ја повика на средба на која би ги разгледале можностите за решавање на проблемот околу долговите за греење на училиштата во Карпош.

– Имам високо мислење за госпоѓата Јаневска. Јавно и се извинувам за тоа што ја нареков „северџанка“. Мислам дека госпоѓата не го заслужува тоа. Но, ние мораме да разговараме. Не можеме да кажеме „ние сме ги исплатиме парите, а општината треба да знае да менаџира со нив“. Замолувам за наредниот буџет да се расчистат овие работи. Станува збор за околу 16 милиони денари, токму тие пари ни недостасуваат. Минатата година плативме 6 милиони денари, годинава имаме 8,3 милиони денари за греење. Тоа се големи пари за локалната самоуправа. Од друга страна имаме општини кои се бањаат со пари. Замислете општина Желино ќе финансира академија на науки и уметности. Жал ми е што мораме вака во јавност да се препукуваме. Вистински одговор е „да, има помалку средства за училиштата во Карпош, ама се надеваме со наредниот буџет дека тие средства ќе се контрибуираат за да се платат тие сметки“. Во спротивно треба да се фрлиме на штедење. Со задоволство би сакал да се видам со министерката. Таа е релативно кратко во тоа министерство. Знам дека има многу проблеми. Има преку 400 училишта. Но, сите како општество треба да видиме што можеме да направиме за да обезбедиме услови за нормално функционирање на училиштата во општината, изјави градоначалникот Јакимовски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк