ДОКТОР што НЕ СЕ ИЗБАЊАЛ 5 ГОДИНИ – експериментирал врз себе еве зошто (ВИДЕО)

Докторот и предавач на Јејл за неговата книга Clean: The New Science of Skin решил да спроведе експеримент врз себе.

Имено, Хамблин во книгата решил да се фокусира на нашиот најголем орган – кожата. Преку експериментирање и истражување дошол до неколку важни лекции. Прво, тој вели дека опсесијата со сапун може да предизвика алергии.

„Целото патување преку истражување и учење во мојата книга за микробиомот на кожата и историјата на верувањата за хигиената и чистотата навистина ме натера да ги променам моите навики“, вели тој.

Според него, микробите се присутни во околината и тоа нема да се промени ако човек се истушира. Наместо тоа, тој верува дека микробите се неопходни за одржување на здрава рамнотежа, на пример во дигестивниот систем.

„Знаете дека обидот да се искоренат микробите во цревата не е најдоброто нешто што можете да го направите“, истакнува тој.

Иако не користи шампон или гел за туширање, Хамблин ги мие рацете со сапун. Покрај тоа, одржува одредени навики, а водата е сепак важен дел од нив.

“Сè уште понекогаш ја влажнам косата. Кремите, пилинзите и дезодорансите ги нема во мојата бања. Но, сепак ги мијам забите. Го правам само она што сметам дека е задоволително или навистина медицински неопходно”, заклучил тој.

Милионер војува со староста, сака повторно да биде 18-годишник – Ова е неговата неверојатна дневна рутина

За својата секојдневна рутина технолошкиот могул троши по 2 милиони долари годишно за повторно да се чувствува како да има 18 години.

Брајан Џонсон (45), тврди дека темпото на стареење му се забавило за 24 отсто благодарение на тешката дневна рутина.

Брајан којшто „тежи“ стотици милиони долари, вработува „војска“ од 30 доктори и експерти кои му помагаат да изгледа помладо.

Што би дале за повторно да имате тело на тинејџер?

Брајан мисли дека тоа може да го направи за околу 2 милиони долари годишно. Тој предводи нова војна против стареењето во која милијардерите и славните лица се обидуваат да го вратат времето.

Овој милионер сега има „војска“ лекари и експерти во тоа што тој го нарекува „Operation Blueprint“.

Конечната цел е да направи пресврт во биологијата и секој од неговите 78 органи – вклучувајќи ги и мозокот, срцето, белите дробови и бубрезите – да го направи медицински стар 18 години.

Детално го опишал својот ригорозен, а некои го нарекуваат и бизарен режим за „Bloomberg Businessweek“.

Тоа вклучува ставање очила за блокирање на сината светлина на два часа пред спиење, што секоја вечер го прави во исто време.

Потоа се буди во пет наутро и вежба еден час со 24 вежби, консумира 10-на додатоци во исхраната кои вклучуваат креатин.

Држејќи се до строгата веганска диета, јаде по 1.977 калории дневно, вклучувајќи бадемово млеко, ореви, ленено семе и многу мешан зеленчук.

Својата млада кожа ја одржува со седум видови креми, со киселински пилинзи и ласерска терапија.

Според неговиот лекарски тим се чини дека се функционира којшто вели дека сега има кондиција и капацитет на белите дробови како 18-годишник, а кожа на 28-годишен маж.

Неговото срце иако малку заостанува, добро е и моментално има 37 години.

На својата веб-страница каде ја забележува својата потрага по вечна младост, Џонсон наведува дека неговото вкупно темпо на стареење се забавило за 24 отсто и тврди дека тоа е рекорд.

Исто така тој иницирал и Олимпијада за подмладување на која се пријавиле 1.750 учесници.

Тој исто така навел дека неговата мисија започнала откако ја продал својата фирма за 800 милиони долари. Тој додал и дека сега се чувствува посреќно, поживо и поисполнето за разлика од порано.

Телесната маснотија на господин Џонсон се намалила на пет отсто, а медицинскиот тим на Џонсон го предводи д-р Оливер Золман, 29-годишен човек којшто ја истражува терапијата против стареење во Кембриџ, Англија.

Пронајдена МУМИЈА прекриена СО ЗЛАТО – Затворена во саркофаг кој не е отворен 4.300 години

Египетски археолози соопштија дека е пронајдена мумија со златни лисја на себе, затворена во саркофаг којшто не е отворен 4.300 години. Се работи за посмртни останки на човек по име Хекашепес, и се сметаат за еден од најстарите скоро целосни невладетелски тела откриени во Египет.

Мумијата е откриена во окно длабоко 15 метри, на антички гробишта јужно од Каиро – во Сакара, каде што се пронајдени уште три гробници. А, едниот гроб му припаѓал на „чуварот на тајните“… Тој е именуван Мери – висок функционер во државата кој ја добил таа титула која му дозволувала да врши посебни верски обреди.

Се верува дека најголемата од мумиите откриени на овие древни гробишта е извесен Хнумџедеф – свештеник, инспектор и надгледник на благородниците. А пак, во четвртиот гроб бил погребан судија и писател по име Фетек. Тука е откриена збирка од она што се верува дека се најголемите статуи кои некогаш се пронајдени во целата оваа област.

Ископани се и повеќе предмети, вклучително и ќерамика. Археологот Захи Хавас, поранешен министер за антиквитети на Египет, смета дека сите наоди датираат од околу 25. до 22. век п.н.е.

– Ова откритие е прилично важно, бидејќи ги поврзува владетелите со луѓето што живеат околу нив, изјави Али Абу Дешиш, друг археолог вклучен во ископувањата.

Сакара е некропола што содржи гробови кои се датираат во временски распон од над 3.000 години. Сместена во древниот египетски главен град Мемфис, таа е дом на повеќе од 12 пирамиди – вклучувајќи ја и Степенестата пирамида, во близина на местото каде што се пронајдени и новооткриените мумии. Подрачјето е прогласено е за светско наследство на УНЕСКО.

Египет со овие големи археолошки откритија последниве години, цели, меѓу другото – да го заживее и својот туризам.

ВИДЕО: Славната манекенка падна на ревија, се изнервира од чевлите

Супермоделот Кристен МекМенами падна на пистата за време на ревијата на високата мода на Валентино на овогодинешната модна недела во Париз.

Манекенката, која беше незаменлива на меѓународните модни писти во 80-тите години, се мачеше додека шеташе со дизајнерските потпетици на споменатата модна куќа.

Откако се бореше да направи неколку чекори, МекМенами изгуби рамнотежа и падна на колена. Присутните од публиката веднаш дојдоа да и помогнат.

Меѓутоа, пред да стигнат до неа, МекМенами, видно исфрустрирана од ситуацијата, ги соблече чевлите и боса бесно ја напушти пистата.

Видеата од тој момент станаа вирални и собраа милиони прегледи на различни платформи.

Денеска е преподобен Гаврил Лесновски – Основа манастир близу Кратово кој и денеска источува чуда

 Гаврил Лесновски живееше во XI век. Се роди во местото Осиче, крај Крива Паланка. Потекнуваше од семејство на богати и благородни родители кои долго време беа бездетни, та синот им се јави како Божјо благоволение кон нив, по многуте молитви и солзи. Детето доби добро образование, и со Божја помош ги изучи „сите писанија“, и тоа на многу јазици, а Евангелието не го испушташе од рацете.

Кога порасна, родителите му најдоа девојка од добар род, за да се ожени со неа. Тој тоа не го сакаше и Му се молеше на Бога да го запази девството. Девојката умре пред да се земат, а Гаврил наследувајќи од родителите големо богатство, се замонаши.

Основа манастир на Лесновската планина, близу до Кратово, а црквата ја посвети на светиот Архангел Михаил. Собра монаси, постави игумен и таму го остави сиот свој имот. Тој самиот се оддалечи во планината во отшелнички живот.

Се подвизуваше со сеноќни бденија и деноноќни молитви и претрпе многу искушенија од демоните. Бог, во одговор на неговата вера, љубов и подвиг, уште во текот на животот го удостои со дар на чудотворење. На тоа место поживеа 30 години, а потоа се врати во манастирот каде што и почина, на 15 јануари. 30 години по неговото упокојување, му се јави на сон на еден руски монах по име Јосиф, кој се подвизуваше во Софија, па тој заедно со софискиот митрополит отидоа во Лесновскиот Манастир и ги најдоа моштите на светителот, та ги поставија за целивање во црквата.

Од моштите постојано се источуваа разни чуда и многу луѓе добија исцеление. Кога Балканот беше нападнат од Турците, бугарскиот патријарх, за да ги заштити од уништување, ги пренесе моштите во столицата на тогашното царство, во Трново, каде што останаа до 1393 година, кога Трново паѓа под турска власт, и потоа им се губат трагите.

Грозоморен настан во Велес – 14 годишно девојче силувано од пет лица

Четворица мажи од Велес и еден од Тетово завршија во притвор бидејќи со месеци сексуално злоупотребувале 14-годишно девојче.

Голготата, според наводите на истражните органи, започнала кон крајот на 2021 година.

Првоосомничениот, 25-годишен велешанец, ја запознал малолетничката на Инстаграм. По неколкунеделна интензивна комуникација ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба направиле снимка од интимниот однос, со која осомничениот ја присилувал жртвата повторно да се среќаваат ако не сака видеото да се објави на социјалните мрежи. Изнајмувал станови на различни локации во Велес, каде доаѓале останатите четворица осомничени кои прво пиеле и користеле дрога па потоа вршеле полови дејствија врз жртвата и ги снимале.

„С.Д.(25) од Велес во временскиот период од 09.12.2021 година и во текот на 2022 година вршел продолжени кривични дела трговија со дете, користејќи закани, принуда за користење дрога и алкохол, и со уцена дека јавно ќе објави експлицитен материјал, овозможил малолетничката да биде злоупотребена за сексуални услуги и изготвување на порнографски материјал,“ истакна Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Од анксиозност до страв од социјализација – психолозите децидни дека при ваква тешка форма на насилство последиците се огромни. Според Елена Димушевска, сега е најважно жртвата да ја добие потребната психолошка грижа.

На осомничените им се става на товар кривичното дело Трговија со деца. За него е предвидена казна затвор од осум години.

Колку личиш на ИЛИНА :) – Видео од Џамбазов од минатиот век

Игор Џамбазов објави старо видео од телевизиско гостување и напиша „Телевизиска мода од минатиот век…“.

Она што е смешно е коментар на истово видео „Колку личиш на Илина“ :))))))

Погледнете па одлучете 🙂

СКАНДАЛ ВО СРБИЈА: Мртви кучиња кучиња без глави во замрзнувач !!! (Видео)

Мртви кучиња во замрзнувач, кучиња без глави, и кучиња кои воопшто не треба да бидат во прифатилиштето, вчера се пронајдени во Градското прифатилиште за напуштени животни во Бор, пишуваат српските медиуми.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат замрзнати трупови на две кученца и едно поголемо куче без глава.

Сликите од прифатилиштето Бор ја вознемирија јавноста во Србија.

Пред само неколку дена, една жена пронашла куче во близина на викендица на периферијата, на кое сите четири нозе биле тешко повредени, претходно врзано, веројатно со жица. На нозете биле видливи тешки рани, едната нога била скршена.

По ужасните слики од прифатилиштето во Бор, надлежното министерство најави дека ветеринарната инспекција ќе излезе да ги контролира сите прифатилишта за кучиња.

По наредба на министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јелена Танасковиќ, ветеринарната инспекција ќе излезе на терен и ќе изврши вонреден и сеопфатен преглед на сите прифатилишта за кучиња на територијата на Србија.

ВИДЕОТО може да го погледнете ТУКА

Од министерството за „Новости“ додаваат дека ветеринарната инспекција врши редовен надзор на прифатилиштата за кучиња, а имајќи предвид дека во последниот период добила голем број поплаки за работата и условите во одредени прифатилишта, како што е наведено, ќе врши и дополнителни вонредни контроли на секое засолниште.

Тепачка на паркинг меѓу сестрите пејачки Едита и Инди Арадиновиќ (Видео)

Познатите српски пејачки и сестри Индира Арадиновиќ и Едита Арадиновиќ се степале на сред улица.

Имено, на видеото објавено од српски Информе може да се види како сестрите физички се пресметуваат на еден паркинг додека едно непознато момче се обидува да ги раздели.

Во еден момент постарата сестра Инди ѝ вика на Едита „дај ми го телефонот“, на што следи реакција од Едита која го зема телефонот и го фрла неколку метри подалеку. ПО што сестрите продолжуваат да се туркаат меѓусебе се до моментот кога пресметката ја прекинува нивната мајка.

По што Едита се упатува кон станот, а Инди влегува во автомобилот.

Познато е дека двете сестри од претходно не биле во добри односи, но според медиумите тие во последниот период се обидувале да ги решат своите несогласувања, но евидентно е дека не успеале во тоа. Екипата на порталот Информер стапи во контакт со Инди, која даде краток коментар за немилиот настан: – Немам коментар во врска со видеото што беше објавено, со Едита имам одлични односи.

Едита по тепачката се огласи на социјалните мрежи каде напиша.

– Браќа и сестри! Пријатели. Непријатели, особено вие. Сè е во ред. Вие најдобро знаете како функционираат и не функционираат семејствата. Се лажете ако мислите дека таа или јас ќе дадеме некакви изјави и ќе се вклучиме во оваа глупост. Можеби дотогаш пак ќе се караме, но валидно, со оглед на тоа што сме тука како двајца пијани пред супермаркет – напиша Едита.

По неа се огласи и Инди :

– Драги мои следбеници и медиуми, за да не одговорам на секој поединечно: Во врска со новосоздаденото видео кое кружи по порталите и мрежите. Секое семејство има добри и лоши моменти. Знаејќи дека и двете сме емотивни, енергични, темпераментни и што е најважно, искрени, родени во ист знак, логично е понекогаш да се случува семејна караница. И ова ни е многу смешно на крајот на краиштата. Ние две сме вечни сестри, секогаш ќе бидеме тука една за друга, затоа што се сакаме повеќе од се на светот. Во нормални односи сме, но не ветуваме дека нема да има уште една „тепачка“, можеби и во живо. Ве сакаат сестрите Арадиновиќ – напиша Инди на Инстаграм.

Заради нејзе ГО НАПУШТИ МОНАШКИОТ ЖИВОТ

Оваа српска актерка беше во брак со 11 години помлад монах, а потоа РАЗВОДОТ ГО КРИЕШЕ СО ГОДИНИ.

Ивана Жигон на Видовдан во 2006 година се омажи за поранешниот монах Григори Брковиќ, кој беше 11 години помлад од неа, кој заради неа го остави монашкиот живот.

Свадбата се одржа на 6-годишнината од поменот на таткото на Ивана, Стеви Жигон, а актерката и нејзиниот сопруг Григорије во јули добија наследник Стеви.

Сепак, нивниот брак пропадна во 2011 година, но уметничката тоа го криеше од јавноста три години.


По разводот таа и нејзиниот син заминаа да живеат неколку месеци во Аранѓеловац, за да ја преболат оваа животна фаза и смртта на нејзината мајка Јелена, за која беше многу приврзана.

Сепак, следеше голем пресврт, а Ивана во јануари 2016 година потврди дека таа и Григорије повторно се заедно, и дека и дале нова шанса на љубовта.

Ивана неодамна проговори за тоа како луѓето ја доживуваат.

  • За мене, на пример, постои репутација дека сум некаков средновековен феномен и им пречи тоа што некако секогаш сум надвор од линијата. Не сум таму, признавам, каде што е баналната сегашност. Не ме интересираше што има на површина, ме интересираше вистината. Моите претстави ги правев како големи авантури… Моите премиери беа далеку од очите на премиерниот белградски свет на дуото, дури и кога беа во преполниот Сава центар. Но, според мене, тој свет нема ништо ново да понуди – истакна тогаш таа за „Блиц“.