Connect with us

Македонија

Колозова: Делчев и Мисирков немале соодветно образование – Многу неписмен народ

Емеинентниот научник од „Северна“ Македонија, Катерина Колозова, вели дека македонските дејци и револуционери како Гоце Делчев и Крсте П. Мисирков, немаат соодветно образование за она што го пишувале за македонската историја, и им препорача на Македонците да читаат учебници од Кембрич. Откако по напишаното доби коментари од оние кои не се согласуваат со неа, во духот на Западната либерална демократија која ја пропагира таа ги избриша сите коментари и напиша:„Многу неписмен народ, затварам за коментари“.

Ова се случи откако членот на Президиумот на Левица, спротивставувајќи се на либералниот историски ревизионизам, кој го наметнува интелектуалната клапа, која важи за блиска до власта и своите „институти“ ги финансира директно од Западните центри на моќ. Во својот статус Исмаил напиша:

„И сеа кога еден Прличев, Мисирков па дури и Рацин, се повикуваат на античката историја на македонскиот народ, јас треба да ја слушам Колозова, Џабир, Цветковиќ, што знам, оној Гелевски и тој до него, дека глупи ќе сме биле и заостанати ако ја продолжиме таквата традиција, си ја зачуваме таквата култура и се обидеме да ја унапредиме.“

Овој став објавен од Антропол, беше споделен од Колозова со текст кој го потценува делото на македонските револуционери и нивните историски видувања, наметнувајќи ревизионистички историски видувања, таа напиша:

„А бе како да ти кажам, треба да слушаш учебници од Кембриџ за ова, и од Сорбона, не мора мене, Џабир и Ирена – а ни Гоце ни Крсте, оти тие не се класичари, немаат соодветно образование, а и старо им е век и кусур.“

Oва објава наиде на жестока критика во коментари дури и од нејзините следбеници и пријатели на социјалните мрежи, по што следеше демократско бришење на секој коментар, окарактеризирувајќи ги како неписмени сите кои напишаа различно мислење од борецот за „Северна“ – пишува Антропол.

Македонија

Ангелов предупредува: Лизгањето на теренот на Водно е сериозен ризик што бара итна реакција

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, упати јавно предупредување за сериозноста на проблемот со лизгањето на земјиштето на падините на планината Водно, потенцирајќи дека постои директна закана за објекти, па дури и за човечки животи.

Ангелов нагласи дека ситуацијата мора да се сфати крајно сериозно и дека не смее да се чека додека не настанат катастрофални последици.

„Јас верувам дека има загрозени објекти на падините на Водно и треба многу сериозно да биде сфатен овој проблем и да не чекаме да се случи штетна последица која може да загрози човечки животи, но и да одземе човечки животи и тоа повеќе“, изјави директорот на ДЗС.

Според неговите информации, институциите веќе работат на проблематиката. Тој посочи на одржаните координативни средби во Центарот за управување со кризи (ЦУК) каде што, како што вели, „врвни професионалци посветено и одговорно се грижат за оваа проблематика“.

Ангелов ја истакна и значајноста на медиумите во подигнувањето на јавната свест, особено кај жителите на Водно, кои можеби не ја перцепираат опасноста во целост поради навиката за живеење во тој предел.

„Сепак ваквото кревање на јавната свест како што го правите вие медиумите е значајно, бидејќи луѓето што живеат таму не мислат дека може да се случи таква штетна последица, дека состојбата не е толку опасна бидејќи тие таму живеат и таму се навикнати“, потенцираше Ангелов, додавајќи: „Но ние сме нагледани еден куп видеа од целиот свет, вклучително и во нашата држава каде што свлечиштата можат да направат многу голем проблем“.

Апелот на Директорот на ДЗС доаѓа во време кога зачестените извештаи за пукнатини на објекти и движење на земјиштето на Водно создаваат се поголема загриженост во јавноста.

Continue Reading

Македонија

Целосен хаос на границата: “Евзони” блокиран, колони товарни возила и автобуси заглавени и кон “Ники”:

Драматични промени на границите кон Грција. Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) денеска алармира за сериозни блокади кои го менуваат режимот на сообраќај, особено на еден од најфреквентните премини.

Од 11 часот денеска, граничниот премин „Евзони“ (Богородица) е комплетно затворен! Возилата немаат никаков пристап – ниту за влез, ниту за излез од земјата. Возачите се соочуваат со тотален прекин на патувањето на овој важен коридор.

На граничниот премин „Ники“ (Меџитлија), ситуацијата е делумно подобра, но блокадата удира по економијата: забрана за минување има само за товарни возила и автобуси.

Единствена светла точка е „Дојран“, кој засега функционира непречено, нудејќи им алтернатива на оние што мораат да патуваат.

И покрај хаосот на границите, од АМСМ смируваат: сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот е умерен, а на македонските гранични премини нема долги задржувања.

Но, предупредувањето е силно и важи за сите! АМСМ потсетува дека законската обврска за поседување зимска опрема е во сила до 15 март, без оглед на моменталното „топло“ време. Ова не е препорака, туку закон.

Сојузот строго препорачува максимална внимателност, почитување на сигнализацијата и прилагодена брзина. Особено се критични делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде постои висок ризик од одрони:

Планирајте го вашето патување внимателно и избегнувајте го „Евзони“ до следно известување.

Continue Reading

Македонија

Запленети 4.333 пиротехнички средства кај Штипјанец – откриена голема пратка

Празничната еуфорија доби горчлив вкус за еден 47-годишен жител на Штип, кој синоќа беше лишен од слобода откако полицијата пронашла цел арсенал пиротехнички средства на неговата тезга на централниот плоштад „Слобода“.

Акцијата на Секторот за внатрешни работи (СВР) – Штип резултираше со запленување на вкупно 4.333 парчиња разновидна пиротехника. Првично, во 20:15 часот, полициските службеници на тезгата на М.Н. (47) од Штип, пронашле и одзеле 1.340 парчиња петарди и други пиротехнички направи.

Но, тоа бил само почеток.

Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот на уапсениот, каде е откриена дополнителна, огромна количина – уште 2.993 парчиња експлозивни материи.

Лицето е задржано во полициска станица, а јавен обвинител е известен за случајот. По комплетирање на документацијата, против штипјанецот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, дело за кое се предвидени затворски казни до десет години.

По овој случај, Министерството за внатрешни работи утринава со жесток апел до граѓаните – да се воздржат од употреба на пиротехника за време на новогодишните празници.

„Петардите не се играчка! Нивното користење е строго забрането, а празничното пукање може да биде исклучително опасно по животот и здравјето, оставајќи екстремно тешки, ненадоместливи и трајни последици“ – нагласуваат од МВР.

Портпаролот Гоце Андреевски посочи дека активностите против пиротехниката се континуирани и со засилена динамика пред и за време на празниците, со цел да се подигне свесноста кај младите и нивните родители.

МВР најавува засилени акциски контроли за санкционирање на користењето и нелегалната продажба.

Законот за прекршоци против јавниот ред и мир предвидува глоби за неовластена употреба. Кривичниот законик (член 396) за нелегално тргување и држење експлозивни материи, пак, предвидува затвор од три до десет години. Доколку се работи за поголема количина или забранети средства, казната е најмалку пет години затвор.

Министерството, во соработка со невладините организации, ги повикува и родителите да не им купуваат пиротехника на своите деца за да се избегнат трагични последици.

Граѓаните се охрабруваат да ги почитуваат законските прописи и сите нарушувања да ги пријават на полициските телефонски броеви 192 или 112.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг