Connect with us

Балкан

Уапсено цело семејство кај кое се криел убиецот од Младеновац – се спремале за слава

Published

on

Како што пренесува „Новости“, целото семејство, кое го засолнило масовниот убиец, е уапсено, а како што се наведува, Урош Блажиќ бил внесен во куќата бидејќи се подготвувале за слава.

Тој утрово беше уапсен од Специјалната антитерористичка единица (САЈ).

Според изјавите од жителите на селото за српските медиуми, тој се криел кај својот вујко.

Жителите на Вињишта велат дека во текот на ноќта ништо не забележале. Само утрово слушнале на вестите.

„Уште не се прибравме од она во училиштето во Врачар, се случи нов масакр. И тоа кај нас. Знам само дека е уапсен кај вујко му. А тоа е едно семејство домаќини. Богати. Не го познававме тој млад човек. Веројатно ретко доаѓаше“, вели еден од жителите на ова село.

Поради интензивната акција на српската полиција, која цела ноќ беше на терен со сите расположливи сили, по осум часа, убиецот е пронајден во Вињиште кај Крагуевац!

Откога Блажиќ убил 8 лица и ранил 14, побегнал, а потоа киднапирал таксист кого го принудил да го вози.

Според последните информации на српските медиуми, Блажиќ му се заканил на таксистот со бомба и го принудил да вози сè до Вињиште кај Крагуевац.

Урош ја почна својата крвава кампања во Орашје кога излегол од автомобилот и испукал рафал кон група луѓе што седеле околу логорски оган на пикник. Потоа продолжил со крвавиот напад и стигнал до позиција на неколку километри и излегол од автомобилот и застрелал четири лица, кои ја поправале капијата во дворот.

Потоа се вратил во автомобилот и се упатил кон центарот на селото и повторно пукал, каде што убил две лица, еден полицаец, кој не бил на должност, и сестра му. Убиецот потоа побегнал и по него трагале повеќе од 600 припадници на МУП.

Познато е дека во викендичката што ја користел убиецот било пронајдено поголемо количество оружје и муниција и сето тоа е одземено.

Полицијата е на сите улици и сокаци во овој реон.

Балкан

Драматичен пад на населението во Албанија

Published

on

Населението на Албанија се намалува за:

• 4 жители секој час

• 91 жител секој ден

• 33.000 жители годишно

Continue Reading

Балкан

Од 100 до 150 евра новогодишен бонус за пензионерите во Албанија

Published

on

Албанскиот премиер Еди Рама денеска, објави,  како што ја нарече, одлична вест за пензионерите, кои ќе добијат новогодишен бонус во износ од 100 до 150 евра во зависност од висината на пензиите.

За таа цел, додаде, владата во наредните денови ќе издвои фонд од 100 милиони евра.

-Овој бонус ќе биде на две нивоа: Сите пензионери кои имаат пензија до 20 илјади лека или 200 евра ќе добијат по 150 евра, што е трипати поголем износ од претходниот бонус. Пензионерите кои имаат пензија поголема од 20 илјади лека ќе добијат двојно поголем бонус од претходните години, односно по 100 евра, рече Рама.

Оваа разлика меѓу првата и втората група, според него,  не се прави за да се даде “помалку на оние кои имаат повисока пензија, туку за да се даде повеќе на оние кои имаат помала пензија“
 
-Бонус од по 150 евра ќе добијат повеќе од половина милион пензионери. Точно, 511 илјади, каде покрај 400 илјади 500 баби и дедовци, опфатени се и 65.800  трудови инвалиди и 44.600 корисници на пензија како мајки или деца без родители. По 100 евра ќе добијат други околу 210 илјади пензионери  нагласи премиерот Рама.

Тој вети дека владата планира исплата на бонус за пензионерите и во месец март.

Continue Reading

Балкан

Грција забрзано ќе го отплаќа долгот настанат во должничката криза, најавува Мицотакис

Published

on

Грција планира да ја забрза отплатата на јавниот долг и во 2025 година да исплати најмалку пет милијарди евра од долгот настанат за време на должничката криза, најави денеска премиерот Киријакос Мицотакис.

Според АП, тој додал дека ова треба да биде најнов знак за економскиот пресврт на земјата.

„Ние сме фокусирани на фискалната дисциплина и ова е знак на довербата што ја имаме во однос на јавната потрошувачка“, рече Микотакис.

Иако Грција има највисок јавен долг кон БДП во целата еврозона, таа постигна значителен пресврт во децениската должничка криза кога земјата беше блиску до банкрот, додека грчката економија секоја година ја надминува еврозоната од пандемија и се очекува да продолжи да го прави тоа во 2025 година и 2026 година.

Во исто време, во грчкото општество се чувствува и значително незадоволство од зголемувањето на трошоците на животот, а повеќе синдикати најавија нов бран штрајкови и протести, кој ќе започне во среда.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк