Религија
Денеска го празнуваме Свети великомаченик Георгиј Победоносец
Published
2 years agoon
By
УредникПразник на обновувањето на природата и на животот воопшто Именден празнуваат: Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и др.
Големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец маѓу народот познат како Ѓурѓовден спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум. Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар.
– Ѓурѓе ле, Ѓурѓе млад Ѓурѓе, да кој ти рече да дојдеш?
– Мене ми рече Велигден! Ѓурѓе ле, Ѓурѓе млад Ѓурѓе,
брго по мене да дојдеш, по тебе шума и трева,
по трева идат ќејаи, по ќејаи идат овчари.
Според едни извори свети Георгиј Победоносец е роден во Кападокија, во Мала Азија, според други во градот Бејрут, а според трети во Лида Палестинска, околу 270 година. Неговите родители биле богати, но чесни и побожни. Рано останал без татко, по што мајка му заедно со него се преселила во Палестина од каде што потекнувала и каде што поседувала голем имот. Таму го минал детството посетувајќи ги местата каде што Исус го проповедал своето учење. Тука се стекнал и со образование. Бил висок, убав и храбар поради што добил висока служба во војската. Уште на 20 годишна возраст добил висок чин – воен трибун, а подоцна императорот Диоклецијан го поставил за член на државниот совет, што, исто така, значело големо признание. Но тогаш императорот не знаел каква религија исповедува младиот воен старешина. По смртта на мајка му тој станал наследник на големиот имот, но набргу ги ослободил робовите, а имотот го разделил на сиромасите. Со тоа како да се подготвувал за јавно проповедање на својата вера.
Кога Диоклецијан започнал жесток прогон на христијаните, Георгиј му се спротивставил, ги зел во заштита неправедно прогонетите и самиот признал дека верува во Господ Исус Христос. Тоа многу го изнедило и го разочарало императорот кој бесен на својот војник наредил веднаш да биде затворен и подложен на најсурови мачења, со единствена цел да се откаже од својата вера и да му се врати на идолопоклонството. Но св. Георгиј не би бил Победоносец ако не бил толку истраен во свото убедување. Легендата вели дека ноќта пред да оди кај царот му се јавил Исус, на главата му ставил победнички венец и го охрабрил да издржи во своето верување ветувајќи му дека наскоро ќе го земе кај себе.
Кога св. Георгиј на императорот му рекол дека не е само негов туку и Исусов војник бил подложен на најсурови мачења. Најпрвин бил положен на грб, нозете му биле ставени во клада, а врз него бил турнат голем камен. Кога тоа не го поколебало, го ставиле врз тркало под кое имало штици со шајки кои му го парале телото. Кога и тоа не повлијаело го тепале со воловски жили, го ставиле во дупка полна со негасена вар и турале вода, му облекле усвитена облека, три дена го држеле закопан во земјата само со главата над земја. Најпосле му дале да испие отров, а кога и тој не дејствувал му ја отсекле главата. Гледајќи ги овие страдања на св. Георгиј особено брзото исцелување на раните и отпорноста на отровот, жената на Диоклецијан, Александра јавно изјавила дека го прифаќа христијанството, поради што била осудена на смрт. Одејќи кон губилиштето таа му се помолила на Господа и веднаш му ја предала својата душа.
Свети Георгиј е погубен на 6 мај (23 април, с.с.) според некои извори 303 година и секоја година на овој датум Светата црква го празнува споменот на својот Великомаченик. На иконите, св. Георгиј е претставен како војвода, како на коњ ја убива ламјата којашто се наоѓа под копитата на коњот. И во легендите се раскажува, а и во песните се пее дека светецот навистина ја убил ламјата што на народот му правела голема штета. Преку убиството на ламјата симболично е прикажан придонесот на светецот во борбата и победата над негативните демони. На иконите во заднина се гледа женски лик што ја претставува царицата Александра, којашто, исто така, свесно се жртвувала, исповедувајќи ја истата вера како и светецот Георгиј Победоносец.
На Ѓурѓовден се изведуваат многу и најразлични обичаи. Ниту за еден друг празник ги нема толку со магиско апотропејска цел како што е случајот со Ѓурѓовден. А сето тоа има цел да осигура напредок и плодност на стоката и полињата, здравје, среќа и напредок на луѓето. Овој празник има многу сличности со други празници кај разни народи во разни периоди од развојот на човештвото воопшто. Така на пр. има многу сличности со римскиот празник Палилија (21 април) кога Римјаните ги кителе стоката и шталите со зелени гранки, а овчарите на богот Палес му принесувале жртви за тој да ги заштити и луѓето и стоката од разни несреќи и да обезбеди напредок. Празници, според обичаите, слични на Ѓурѓовден можат да се сретнат и кај некои други народи. Така на пр. Литванците во 16 век на 23 април му принесувале жртви на богот на пролетта, растенијата и зеленилото.
Кај нашиот народ со Ѓурѓовден започнува летната половина од годината што трае до Митровден. Затоа во една македонска народна пословица се вели: „Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си Митровден“. На овој ден се избираат селски одборници, протуѓери, полјаци, потоа се главуваат момоци, овчари, козари, говедари итн. Заедно со тоа луѓето се подготвуваат за периодот што следува и што е исполнет со многу, пред сè, полски работи. Човекот му се радува на оживувањето на природата, никнувањето на есенските посеви, на разлистувањето на овошките на раззеленувањето на гората и на обновувањето на вегетацијата воопшто, бидејќи тоа значи и негова егзистенција. Меѓу повеќето обичаи и песни поврзани со овој ден посебно значајно место заземаат оние т.н. билјарски обичаи и песни што се изведуваат при берењето на билките, вечерта спроти празникот и на самиот ден рано наутро. Берењето на штотуку изникнатите и разлистени растенија е поврзано со обичајот запотнување, како и со обичајот крмење на стоката, а тие пак со верувањето во магичната моќ на билките. На билје се оди во блиските шуми каде што можат да се најдат разлистани некои билки за кои се верува дека поседуваат магиска моќ, како што се кукурекот, здравецот, вратиката, среќата, но и некои други растенија како леската, дренот и сл. Таму, во групи, девојки, млади невести или постари жени, ги изведуваат билјарските обичаи и ги пеат билјарските песни, како што се пее во една песна од зборникот на Васил Икономов:
Кинисале ми, кинисале ми, двесте девојки,
Двесте девојки, двесте девојки, триста невести,
Да ми одат, да ми одат на билје брање.
Двесте девојки, двесте девојки, билје копаје,
Триста невести, триста невести, цвеќе береје,
Цвеќе береје, цвеќе береје, венци виеје,
Венци виеје, венци виеје, на мошки деца.
Вечерта спроти Ѓурѓовден се запотнува со гранки од леска и со кукурек. Според верувањето потката треба да ги чува објектите и предметите од разни опасности, болести и други несреќи, а нивите заедно со бериќетот од секаква штета, од пороен дожд, од штетни животни, инсекти, болести и сл. Со леска се запотнуваат нивите, леите, куќите плевните и други поголеми објекти. Леската, според народното верување, е сигурен заштитник особено од град и гром. Во леска гром не удира бидејќи Господ ја благословил, а удира само во дрво под кое седи ѓаволот.
И кукурекот во народното верување има значајно место. Со кукурек се запотнува по вратите од куќите и плевните, потоа се става на креветите, ковчезите, амбарите, стомните, на бутинот, на каците, на бочвите, на плугот, јаремот, на колата итн. Вечерта спроти празникот кога билјарките одат на билје, бараат еден машки кукурек – самак (на едно место да има само еден корен). Го врзуваат со црвен конец и го оставаат да стои преку ноќта. Утрото на Ѓурѓовден пак се оди на билје и тој кукурек со мотика се откопува од корен. Со тој корен преку годината се лекуваат разни болести кај стоката. Во нашите истражувања во Дебарца (Охридско) ни беше рчено дека тоа лекување со коренот од кукурекот се вика спрежување. Имено кога ќе се разболи некое говедо, му се засекува кожата на градите и во засекот му се става од коренот на кукурекот со верување дека тоа ќе помогне болеста да биде победена. Најчесто вака се лекувала болеста кај коњите наречена бутур.
И вечерта спроти празникот и утрото на самиот ден кога се берат билките се пеат песни познати како билјарски песни во кои се опева токму тој чин, берењето на билките, запотнувањето, крмењето на стоката и др.
Ајде на билје бела Билјано,
Билје да бериш, стадо да крмиш,
Стадо да крмиш, стадо братово,
Стадо братово од брат Јанкула…
Од разните билки утрото на Ѓурѓовден се крми стоката. Билките се дробат на ситни делови, им се додава еден полжав што утрото го донесле билјарките, и тој издробен на ситни делови, се додаваат трици и сол и со таа крма се крми стоката со верување дека ќе биде поотпорна на болести во текот на целата наредна година.
И вапцувањето јајца со црвена боја има значајно место во ѓурѓовденските празнувања, исто како и во велигденските. Од Велигден до Спасовден (а во тој период редовно се паѓа и Ѓурѓовден) луѓето се поздравуваат со „Христос воскресе“ и си отпоздравуваат со „Вистина воскресе“, и вапцуваат јајца со црвена боја. За Ѓурѓовден јајцата се вапцуваат вечерта спроти празникот и никој, освен домаќинката што ги вапцува, не смее да ги види до утрото. Утрото пак, кога децата ќе се разбудат со црвено јајце им се минува по лицето со зборовите „Црвено бело дебело“ за да бидат дебели и црвени во образите како јајцето (црвенилото симболизира здравје).
Посебно значаен обичај што е поврзан со Ѓурѓовден е лулањето или нишањето. На зелени, односно сурови дрва (слива, врба, муренка, јаболкница и др.) се обесуваат ортоми и на нив преку целиот ден се нишаат децата, но и повозрасните девојки и момчиња, дури и помладите невести. Секој што е на нишалката во рацете држи црвено јајце, а во некои краишта уште и некој сребрен предмет (најчесто прстен), коприва, трева огојка, лепаец и камен. Среброто симболизира трајност, (долговечност), огојката – гоење, каменот цврстина, лепаецот се носи за да се лепат по девојките момчиња и по момчињата девојки, а и копривата во народните верувања поседува магиска моќ. При лулањето се пеат песни соодветни на возраста и положбата на оној што е на нишалката. Така, друга песна се пее на мало дете, друга на девојка или на момче, поинаква на невеста итн.
Самиот чин на нишањето е опеан во повеќе песни како што е оваа:
Од гранка в гранка, ај Ѓурѓе ле, јунаку в рака.
Викум вукаше фидан Јован, Ѓурѓе ле:
– Кротко фрлајте, ај Ѓурѓе ле, моето моме!
Да не ми падни, ај Ѓурѓе ле, да се отепа.
Јаже јажливо, ај Ѓурѓе ле, дрво црвливо
дрво шупливо, ај Ѓурѓе ле, место камливо.
– Чекај ја чекај, фидан Јован,
у десна рака, у десна рака фидан Јован, у лева пола.
Со Ѓурѓовден се поврзани и други обичаи и верувања. Така на пр., на тој ден рано во зори се пука од пушка за да се избркаат болвите, луѓето се мерат на кантар поставен на некоја гранка од зелено дрво, девојките си ги намачкуваат косите со јајце за да им бидат полни и густи како јајцето и гатаат за да го дознаат идниот брачен другар. Се изведуваат и обичаи за заштита на стоката особено од преземање на млекото зашто се верува дека на овој ден со магии можело млекото од една млечна крава да се пренесе на помалку млечна или дури и на жена доилка.
Во верувањата поврзани со Ѓурѓовден важно место има легендата според која свети Георгиј ја убил ламјата. Оваа легенда што нашла место на фреските и иконите во повеќе цркви во Македонија е раскажана е во преданија и е опеана во некои песни:
Кинисал ми свети Ѓорѓија, кинисал ми на ден Ѓурѓовден,
кинисал ми на потка да одит, да запотнит нивје и ливаѓе.
Кога беше сред поле широко, ги сусрете она суро ламја,
тој е извај него остра сабја, е пресеже она сура ламја.
Потекоа три силни порои, први порој се бела пченица,
Други порој она рујно вино, трети порој се руди јагниња.
Во Струга, на празникот Ѓурѓовден бил изведуван интересен обичај наречен ордија. Терминот ордија се однесувал на обичаите што се изведувале двата дена на 6 мај кога се правеле литии, и следниот ден, кога имало трпеза на љубовта. Имено на Ѓурѓовден по свечената литургија стружани, заедно со црковнослужителите, ги земале црковните реликвии и минувале низ чаршијата и другите улици и доаѓале на Црн Дрим. Тука се светела водата на реката во која имало ставени разни земјоделски предмети како што се: слама, јажици и др. потоа сите земале од водата и дома прскале низ куќата за дар и бериќет или се миеле за здравје.
Еден период кога црковните активности биле забранети овој обред се изведувал во кругот на црквата. Дури во 2010 година обредот бил обновен со нова содржина. Имено со благослов на надлежниот митрополит г. Тимотеј, монашкото сестринство од манастирот „Св. Ѓорѓи“ од с. Рајчица (Дебарско) и монашкото братство на манастирот „Св. Јован Бигорски“ под раководство на игуменот Партениј ги носеле светите мошти на Св. Ѓорѓија.
Се верува дека Ѓурѓовден е најпогодно време за изведување на магиски дејствија. Од веќе заборавените магиски активности поврзани со овој повпечатливи биле преземањето на млекото од туѓата стока (овци, крави и сл.), како и симнувањето на Месечината. Се верувало дека преземањето на млекото можело да се направи само спроти Ѓурѓовден. Но тоа не можела да го направи секоја жена туку само жена што прајасала (престанала да раѓа). Ова магиско дејствие се правело точно на полноќ (глуво доба) и требало да се изврши во најголема тајност, зашто ако некој ја видел жената што тоа го правела магијата не дејствувала. Тогаш жената се соблекувала сосема гола (како од мајка родена) јавнувала едно кросно и одела на средселото. Тука три пати ја обиколувала чешмата водејќи сметка да не стапне во водата. Потоа се упатувала во дворот, шталата или трлото каде што се наоѓала стоката чие млеко сакала да го преземе. Пред да влезе во објектот три пати го обиколувала, растурала пепел од грнето што го носела со себе, и потоа влегувала кај стоката. Тука од грнето вадела пепел и истурала по еден грст на колците на кои била врзана стоката. Потоа молзела по малку млеко од секоја крава и пред да излезе од шталата, се испоганува на самиот нејзин влез. Притоа велела: „На мене млеко и масло, на тебе г….!“ – Потоа се враќала во својот дом по истиот пат по кој одела. Пепелот што го тура на колците го прави за тука сè да се запусти, а кај неа сè да се подмлади.
Народот верувал дека ако некој го украде млекото од стоката (овци, кози, крави) тие нема да имаат воопшто млеко, и тоа што ќе го имаат ќе смрди. Ова верување до скоро беше дел од нашата народна кутура. По селата многу се раскажуваше за стада каде што овците се слаби наранети, а јагнињата се големи и нахранети. Тоа се сматаше за последица од пренесување на млекото од едно стадо на друго.
Стефан Тановиќ во записите од Гевгелиско пишува дека оваа жена што презема туѓо млеко пред да тргне да ја изведува магијата, најпрвин ја симнува Месечината на земјата, а дури потоа ја прави магијата во врска со млекото. Симнувањето на Месечината исто така се правело на полноќ. Жената магесница излегувала незабележано, се соблекувала гола, го јавнувала кросното, одела зад куќата и тука застанувала на главата и потпирајќи се на рацете три пати се свртувала во круг. Потоа на местото каде што и била главата се испоганувала (вршела нужда). Потоа пак го јавнувала кросното, завртувала три пати околу изметот и каснувајќи од него се свртувала кон месечината и велела: „Јас сум теле, ти си крава!“ Кога тоа ќе го речела три пати пак се свртувала околу изметот повторно ќе каснела од него и пак ќе ги речела истите зборови: „Јас сум теле ти си крава!“ Кога тоа ќе го речела и по трет пат и кога сè ќе направела, месечината голема како гумно, се спуштала и застанувала до неа. Месечината полека се претворала во крава и почнувала да рика токму како крава. Потоа ја допирала месечината и станувала невидлива. Откако тоа ќе го направела повторно завртувала околу изметот, каснувала од него и и велела на месечината: „Јас сум жена, а ти си месечина, јас сум доле а ти си горе“. Кога ова три пати ќе го речела месечината од мака ќе рикнела, и ќе се кренела нагоре, а жената гола качена на кросното ќе си го продолжела патот таму каде што тргнала.
Тановиќ уште запишал дека народот за најголем грев го сметал симнувањето на Месечината. Кога ова му го раскажувала некоја баба околу петнаесет пати рекла: „Ристос да е тука!“ „Ристос да е меѓу нас… Не се овие работи за кажување“… Ако човек разберел дека се симнува месечината требало да се крие, да не излегува од дома. И ако имало запалена ламба требало да се изгасне зашто во тие моменти можело човекот да настрада, да му се земе паметот, рака или нога.
Многубројните и разновидни обичаи што се изведуваат на Ѓурѓовден, како што се оние со билките, песните што го опеваат разбудувањето на природата, радоста поради враќањето на животот по зимскиот пасивен период и сл. упатуваат на сознанието дека Ѓурѓовден е сточарски и земјоделски празник, а свети Георгиј е небесен клучар кој ги контролира небесните и земните природни појави што влијаат да биде богат бериќетот. Во песните свети Ѓорѓија е воспеан како небесен клучар кој како што се пее во една белоруска песна, ја отвора земјата, ја пушта росата за да биде топло летото и бујно житото. Но и обичаите со крмењето на стоката, со првото пуштање на добитокот на пасење, со жртвеното јагне и сл. упатуваат на тоа Ѓурѓовден да го сметаме за сточарски празник. Како и да е очигледно е дека се работи за голем празник во кој следиме повеќе слоеви на паганската и христијанската религија.
Освен празникот Ѓурѓовден што се празнува на 6 мај (23 април, с.с.) нашиот народ празнува уште два празника поврзани со овој светител и тие спаѓаат во зимскиот период кога се празнува со домашни служби (слави). На 16/3 ноември, на денот кога е обновен храмот на св. Георгиј во Лида, се празнува празникот познат како Ѓурѓиц, а на 9 декември (26 ноември, с.с.) празникот познат како Св. Ѓорѓи – Посен.
Тропар
Свети великомаченик Георгиј Победоносец
Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносецу, великомаченику Георгие, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души.
You may like
-
ДЕНЕСКА Е СВЕТИ ЃОРЃИЈА- ЗАШТИТНИК НА ВЕРАТА: За многу години слава и именден
-
Вечното почивалиште на СВЕТИ ЃОРЃИЈА во Лида – Црквата која дава благослов на аџиите, а ја почитуваат и муслиманите
-
Божиќна литургија во манастирот Свети Ѓорѓија во скопско Кучково
-
Денеска се слави Свети Ѓорѓија – За многу години име и куќна слава
-
Екcплицитно и ЗАБЕГАНО фото: Инфлуенсер се сликаше ГОЛ по гаќи и штикли во македонска ЦРКВА ❗
Религија
Денес се празнува големиот празник посветен на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец
Published
1 week agoon
December 8, 2024By
АрлингтонДенес се празнува големиот празник посветен на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец. Ова е посна слава бидејќи паѓа во деновите на божиќниот пост.
Именден празнуваат Горѓи, Горѓија, Георгина,Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и др….
Свети Великомаченик Георгиј Победоносец ( во народот познат како Свети Ѓорѓија) живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година), во чие време се вршело прогонство и убивање на христијаните. Свети Георгиј, син на набожни родители и добар Христов војник завршил воена школа и бил на служба кај овој цар.
Георги во својата дваесетта година го стекнал чинот трибун и како таков служел при царот Диоклецијан. Кога овој цар започнал гонење на христијаните, Георги истапил пред него и одважно изјавил дека е христијанин, поради што царот го затворил, наредил нозете да му ги стават во клади, а на градите да му положат тежок камен. Потоа наредил да го врзар на тркало под кое имало штици со големи клинци и така го вртеле. По ова го закопале во ров, така што надвор од земјата му била само главата и го оставиле во ровот три дена и три ноќи. Но при сите овие маки Георги непрестајно Го молел Бога и Бог веднаш го исцелувал и на големо одушевување на народот, го спасувал Својот маченик од смртта.
Кога Св. Георги воскреснал и еден мртовец, тогаш многумина ја примиле верата во Христа. Меѓу овие биле и царевата жена Александра и главниот жрец Атанасиј, земјоделецот Гликериј, и Балериј, Донат и Терин. Најпосле царот ги осудил Свети Георги и својата жена Александра на смрт со меч. Блажената Александра издивнала на губилиштето пред да ја убијат, а Свети Георги го убиле во 303 година.
Безбројни се чудата што се јавиле на неговиот гроб. Многубројни се и неговите јавувања во сон и на јаве на многумина коишто го спомнуваат и ја бараат неговата помош до денешен ден. Од љубов кон Господ Христос, Свети Георги без тешкотии оставил се заради својата љубов: чин, богатство, царски почести, пријатели и сиот свет.
За оваа љубов Господ го наградил со венец на невенлива слава на небото и на земјата и со живот вечен во Своето Царство. Го дарувал со сила и власт да им помага на оние што го слават и призиваат неговото име во бедите и неволјите.
Религија
Празник кој ги лечи болните и ги казнува грешниците: Вака се слави Св.Архангел Михаил
Published
4 weeks agoon
November 21, 2024By
АрлингтонПравославната црква и верниците денеска на 21-ви ноември, го слават еден од најголемите христијански празници- Архангел Михаил или народски нарачен Арангеловден.
Овој светец е водец на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се јавувала и Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.
По црквените преданија, ангелот Михаило прв стапил во борба со лошиот дух и во тоа име по црквено толкување означува „оној кој е како Бог“.
Меѓу нардот владее верување дека овој ангел ги посетува болните и ако застане кај ногата- не е на добро, а ако застане кај главата- болниот ќе оздрави.
Овој празник секогаш се слави на ист датум и во есен, затоа што кога на светците им се делеле улогите, Архангелот Михаил го добил есенското и зимско време- времето на потешкотии. Се верува дека во ова време тој лута облечен како просјак за да ги прекори неверниците и да им помогне на сиромашните.
Едно народно верување вели дека спрема временските услови на овој ден, може да се одреди каква ќе биде годината, времето на празникот ќе одреси какво ќе биде времето во текот на зимата и пролетта.
Дали денот ќе биде прославен со посна или мрсна трпеза, зависи од денот на кој се паѓа. Ако е во среда или петок, треба да биде посно. Оваа година е во четврток, па трпезата може да биде мрсна. Секогаш на трпезата треба да има пченица, во чест на мртвите, односно упокоените души на светците.
Религија
На Св. Архангел за да избегнете лоша среќа и неуспех, држете се до овие обичаи
Published
4 weeks agoon
November 20, 2024By
АрлингтонЕден од најважните празници во православниот календар, Арангел се празнува на 21 ноември во чест на Свети Архангел Михаил.
Таа е една од најчестите слави помеѓу православните христијани и носи длабока духовна и културна симболика.
Се верува дека свети Архангел Михаил е заштитник на семејствата и чувар на душите на праведниците, па на овој ден се молат посебни молитви за здравје, мир и благосостојба.
Обичаи за Арангел
*Свечена церемонија и славска трпеза
Арангел традиционално се празнува со палење свеќа и кршење на славската погача, со молитва посветена на Светиот Архангел Михаил. На трпезата се служат посни или мрсни јадења, во зависност од датумот на празникот. Ако падне во среда или петок, тогаш храната е посна.
*Молитва се за заштита и мир
Празникот е време кога верниците се молат на Свети Архангел Михаил да ги заштити нивните домови, семејства и заедница од злото. Иконата на светителот го зазема централното место во домот, а пред неа се палат свеќи и се кажуваат молитви.
*Забрането е извршување на потешки работи
Како и кај повеќето големи празници, традицијата налага дека на Денот на Арангел треба да се избегнува тешка физичка работа како што се работа на нива, сечење дрва и шиење. Овој ден треба да биде посветен на молитва, одмор и празнување.
*Помагање на сиромашните и донирање
Во некои делови постојат обичаи да се донираат храна и пари на оние на кои им е потребна помош, верувајќи дека Светиот Архангел Михаил ќе им врати благослов на оние кои им помагаат на другите.
Што не треба да се прави на Арангел?
Свадби и прослави
На овој ден не се организираат венчавки, бидејќи Архангел е духовен празник кој симболизира молитва и тишина. Се смета дека денот е посветен на семејно заедништво и почитување на светецот, а не на бучни прослави.
Избегнувајте конфликти
Се верува дека на овој ден е исклучително важно да се одржи мирот во домот и да се избегнуваат кавги. Свети Архангел Михаил е симбол на правдата и мирот, па се верува дека конфликтите можат да донесат несреќа во семејството.
Непосветување на празникот
Отсуството на молитва и непочитувањето на обичаите на денот на Архангел се толкуваат како непочитување на самиот светец. Семејството треба да го помине денот во заедништво, молитва и љубов.
Судот мора да поведе постапка за кривична одговорност на конзулот што го префрли Груби на Косово, вели Кекеновски
Почесен конзул на Косово моментално е во полициска станица
Александар Николоски: Ќе градиме велосипедски патеки и ќе субвенционираме велосипеди
МВР објави меѓународни потерници за Артан Груби и Перпарим Бајрами
Зимската приказна на ваш дофат – Општина Битола ја објави програмата
Револтиран угостител до Филипче: 15 години сум дел од ова не може да седам на страна без кажан збор!
БОМБА НА МАКЕДОНСКА ДОКТОРКА: Од 10 заболени вчера ревакцинирани со 2 дози се 8
Мехмети: Не прашувајте како изгоре болницата-Таа ја ИЗГОРЕВМЕ СИТЕ!
Затвор ли е Идризово, кафана ли е ? (Видео)
„Спремен сум да влезам во инфективна и со заболените БЕЗ МАСКА да седам 24/7 седум дена„“ – Предизвик до Филипче
(Видеo) Драма во Албанија: Гори 12-катница, 40 лица се заробени во становитe
Мистepиja на гpoбот на Свети Никола: И покрај paзopниот земjoтpec останал целoceн – се останато било yништено (ВИДЕО)
ПАЛЧО СО ИСТАТА БАНДА ВО МАЈ БЕШЕ ФАТЕН СО ПИШТОЛ БЕЗ ДОЗВОЛА како бара злато (ФОТО)
ВО ЖИВО ОД МВР – ФАТЕН Е И УАПСЕН ПАЛЧО (ВИДЕО)
(Видео) Излегов да берам дренки кога пред мене излезе мечката и ме нападна
Трендинг
-
Македонија6 days ago
Семејна драма во Тетово, полицијата веднаш интервенирала
-
Македонија5 days ago
Важно известување од Паркинзи Тетово
-
Македонија7 days ago
Прекин на струја во неколку села во тетовскиот регион на 12 декември
-
Македонија6 days ago
Земјотрес почувствуван во Тетово
-
Македонија5 days ago
Карапетов: Почнува редовен јавен превоз до Попова Шапка за туристите и граѓаните
-
Македонија6 days ago
Без струја утре делови од Тетово и Тетовско
-
Македонија1 day ago
БОКИ 13 ПАК ЈА БРАНУВА ЈАВНОСТА, АДВОКАТОТ ЈАНАКИ РАСПАЛИ: „Ноторен преварант..“
-
Македонија6 days ago
Земјотрес почувствуван во Македонија