Connect with us

Балкан

Хорор во Нови Сад: Момче ја застрела девојката па се самоуби

Published

on

Девојка која била застрелана од своето момче во Нови Сад им подлегна на повредите, објавија српските медиуми.

Момчето пукало во партнерката, а потоа се застрелало себеси во главата, по што за кусо време починало.

Според првичните информации, убиецот, носејќи пиштол, влетал во солариум во градот каде што била девојката и веднаш ја застрелал. Таа починала на самото место.

Српските медиуми јавуваат дека дека напаѓачот е продавач на оружје во продавница лоцирана недалеку од солариумот. Инаку, тој бил ловец и легално го поседувал оружјето.

Балкан

Бугарско вето и за Србија, има ли начин споровите од минатото да не бидат пречка за интеграција?

Published

on

Седум членки на Унијата меѓу кои и Бугарија ги блокираа преговорите на Србија.

Бугарија, Хрватска, Холандија, Финска, Шведска, Литванија, Летонија и Естонија ставија вето за отворање на третиот кластер, официјално бидејќи унијата е загрижена поради неусогласената надворешна политика на официјален Белград со онаа на земјите членки. Заканите на Радев за бугарско вето и за Србија која според него не го почитува бугарското малцинство станаа реалност, но Вучиќ вели дека вистинските причини за ветото јавноста никогаш нема да ги слушне.  

– Да ме праша Господ што им згрешивме на Бугарите, немаше да знам да објаснам. Изгледа разбирам кои се вистинските причини, иако никогаш нема да ги слушнеме. А за Хрватите сè ми е јасно, немам проблем да сфатам. За нас има две важни вести – да продолжиме да се бориме и да разговараме со сите нив, вели Вучиќ.

Билатералните спорови кои ја кочат интеграцијата на земјите од регионот растат. Сепак проширувањето останува приоритет за новата Европска комисија, вели Марта Кос која вели дека ќе направи се за спорови од минатото да не бидат пречка за интерграцијата на Западен Балкан.  

– Мојот сон е сите земји од Западен Балкан да бидат интегрирани во ЕУ, а границите и билатералните спорови да исчезнат, како што беше случај во многу делови од континентот. Ќе направам сѐ што можам билатералните спорови од минатото да не стојат на патот на нашата заедничка иднина, рече еврокомесарката за проширување Марта Кос

Македонија веќе не е единствената земја која се соочува со бугарско вето. Премиерот Мицкоски вели дека не се откажува од барање решенија што е првата фаза од вкупно трите фази кои се дел од стратегијата на власта.  

– Сега е многу важно во втората фаза од планот да идентификуваме дали со внесувањето на неколку стотици граѓани во Уставот завршуваат нашите проблеми, или тоа се само првите десет метра од оваа трка на 110 метри. Веќе на сите ни е јасно дека не е ова само проблемот, туку проблемите допрва следуваат, вели Мицкоски 

Следна шанса за разговори со европските челници Мицкоски ќе има на 18 декември кога во Брисел ќе се одржи самитот ЕУ Западен Балкан. 

Continue Reading

Балкан

Пропадна и десеттиот обид за избор на претседател на бугарскиот парламент

Published

on

Бугарскиот парламент ниту во десеттиот обид не успеа да избере претседател. Денеска пропаднаа гласањата за кандидатката на „БСП – Обединета левица“ Наталија Киселова и кандидатот на „Има таков народ“ Силви Кирилов.

Ниту еден не го доби потребниот број гласови, па бугарското собрание и натаму е без претседател.

Седницата ќе продолжи на 10 декември.

Continue Reading

Балкан

Се бара „Неработник на годината“

Published

on

Хрватската платформа за вработување „Пикџобс“ (PickJobs) објави невообичаен конкурс за избор на „Неработник на годината“. Наместо традиционалното сфаќање на работливоста, тие бараат личност која во 2024 година постигнала успех преку паметни стратегии како делегирање, автоматизација, ефикасно управување со времето или други методи што ја одржуваат рамнотежата меѓу приватниот и деловниот живот.

„Ова е уникатна можност за сите – вработени, самовработени, студенти или невработени – да покажат дека е можно да се биде продуктивен, а притоа да не се работи до исцрпеност,“ наведуваат од „Пикџобс“.

Конкурсот е отворен за сите, без оглед на професијата или локацијата, а учесниците можат да се пријават себеси или други, доставувајќи кратка приказна или видео што објаснува како ја намалиле работата, но ја зголемиле продуктивноста.

Целта на конкурсот е да ги инспирира луѓето кои се борат со преголем обем на работа, стрес и исцрпеност, како и да поттикне позитивни промени во работната култура преку флексибилни и одржливи практики.

Добитникот на титулата „Неработник на годината“ ќе добие парична награда од 1.000 евра, како признание за својот иновативен пристап кон работата и животната рамнотежа.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк