Connect with us

Македонија

ФИЛМСКО АПСЕЊЕ на автопатот Гостивар-Тетово: Бегале со 30 килограми марихуана – Полицијата пукала во возилото!

Published

on

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поднесе Обвинителен акт против две лица –  31-годишник од Арачиново и 22-годишник од Брест, кои се товарат за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Покрај ова, првообвинетиот се гони и за кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата соизвршители, на 24 март, во автомобилот неовластено заради продажба држеле 30 килограми и 15 грама наркотична дрога марихуана. Кога пристигнале на наплатна рампа на автопатот Гостивар-Тетово, полициски службеници се обиделе да ги запрат за проверка по претходна дојава. Но, првообвинетиот возач на автомобилот додал гас, обидувајќи се да се даде во бегство, при што удрил во полициско комбе кое му го попречило патот. Со ова тој предизвикал општа опасност на место на кое во моментот имало повеќе луѓе.

Полициските службеници пукале во тркалата на автомобилот и успеале да го онеспособат за движење и да го запрат. Обвинетите веднаш биле приведени, а дрогата запленета.

Јавниот обвинител поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.

Македонија

Тони Коњановски: Нови инвестиции за подобрување на условите во медицинското училиште во Битола

Published

on

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“, каде имаше средба со директорот на училиштето, Горан Талевски, и вработените. На средбата беа разгледани новите инвестиции кои ќе започнат со почетокот на новата година, а активностите за реализација веќе се во тек.

Како дел од овие инвестиции, започна реконструкцијата на спортската сала во училиштето. Демонтирани се стариот инвентар и справи за вежбање, а ќе се инсталира нов, висококвалитетен спортски под, специјално дизајниран за кошарка, ракомет и одбојка. Вкупната инвестиција за реконструкцијата на спортската сала изнесува 5.642.406 денари, а дополнително ќе се изврши интервенција на кровната конструкција во износ од 306.800 денари. Работите се планираат да бидат завршени до крајот на февруари.

Исто така, започна и реконструкцијата на наставничката канцеларија, за која е предвидена сума од 535.725 денари, а работите треба да завршат до крајот на месецот.

„Овие проекти се важни за подобрување на условите за учење и спортски активности на учениците. Ваквите инвестиции се дел од заложбите на локалната самоуправа за создавање на подобри услови во образовниот систем,“ изјави градоначалникот Коњановски.

Општина Битола продолжува со вложувања во образованието и спортот, со цел да им се обезбедат најдобри услови на младите генерации.

Continue Reading

Македонија

Пожар на „Илинденска“ во Тетово

Published

on

На 14.01.2025 во 21.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица ,,Илинденска“ во Тетово настанал пожар во просторија која се користела како канцеларија за куќен совет. Притоа, со повреди се здобил П.А. од Тетово, а пожарот бил изгаснат од екипа Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид на местото извршила екипа при СВР Тетово.

Continue Reading

Македонија

Тепачка пред судот во Тетово: Судски службеник нападнат од судски полицаец

Published

on

На 14.01.2025 во 09.00 часот во СВР Тетово, Р.Т.(48) од Тетово, вработен во Основен суд Тетово, пријавил дека пред зградата на судот, поради паркирање на неговото возило на паркинг место пред објектот, бил физички нападнат од В.М. од Тетово, кој е вработен во судска полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк