Connect with us

Македонија

ПРИВЕДЕН сопственикот на „Тинекс“ Владимир Тодоровиќ?

Published

on

Неофицијално на граница синоќа е приведен Владимир Тодоровиќ, сопственик на ланецот маркети „Тинекс“ и поранешен градоначалник на Општина Центар. Во полициска акција, приведен и поранешниот претседател на Советот на Општина Центар Владимир Здравев – пишува Слободен печат.

Според извори на Слободен шечат, на граница биле приведени уште десет лица, за набавка на опрема на мостот Око. Проект од „Скопје 2014“.

Сè уште нема потврда од Министерството за внатрешни работи, дополнителни информации ќе бидат соопштени во текот на денот.

Македонија

Зошто некои работници добиваат само неколку илјади денари за К-15?

Published

on

Во Општиот колективен договор за стопанството е наведено дека работодавачите кои се соочуваат со потешкотии во работењето можат да исплатат регрес за годишен одмор во помал износ од оној утврден со колективниот договор. Многу работодавачи ја користат оваа недореченост и исплаќаат К-15 од само неколку илјади денари, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Оттаму истакнуваат дека секој работодавач и јавна институција мора да го исплати пропишаниот минимум за К-15, кој изнесува 11.000 денари за јавниот сектор и околу 16.800 денари за приватниот сектор.

Continue Reading

Македонија

Пожар во хотел „Манастир“ во Берово

Published

on

Пожар избувнал во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово. Според информации на “Курир”, зафатен е дел од поткровјето на овој комплекс.

Целиот град мириса на чад, изјавија жителите на овој град.

Continue Reading

Македонија

Илија Димовски и Сања Божиновска разговараа со младите за одржлив развој во организација на УМС ВМРО-ДПМНЕ Битола

Published

on

Во рамките на третиот модул од политичката академија, организиран од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Битола, младите учесници имаа можност да се сретнат и да разговараат со Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, како и со поранешниот пратеник Илија Димовски. Главната тема на дискусијата беше одржливиот развој — концепт кој ги обединува економските, социјалните и еколошките аспекти за задоволување на тековните потреби, без притоа да се загрозат можностите на идните генерации.

Божиновска и Димовски истакнаа дека изградбата на одржлива држава бара соработка помеѓу институциите, бизнисите и граѓаните, потенцирајќи ја важноста од активното учество на младите во овие процеси кои водат кон подобра иднина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк