Connect with us

Македонија

Извикуваа “Македонија, Македонија…” и делеа знаменца, дечињата од прилепските градинки како никој досега го одбележаа Денот на независноста (Фото галерија)

Published

on

Вистинстинска позитива како никогаш досега ја огреа прилепската Стара чаршија денеска. Во пресрет на Денот на независноста – 8-ми Септември, малите ангелчиња од градинките “Наша иднина”, заедно со нивните воспитувачки, покажаа дека и тоа како си ја сакаат државата во која живеат.

Насмеаните дечиња ја украсија со македонски знамиња камената бина во центарот на градот, а потоа извикувајќи: “Македонија, Македонија…”, прошетаа низ чаршијата, а на случајните минувачи, дуќанџиите и на оние кои одмараа на клупите, им делеа македонски знаменца.

Една искрена, весела и среќна дружина која ни го разубави денот, и воспитувачки кои заслужуваат награда. Ако најмалите ги воспитуваме вака, од мали нозе да си ја сакаат Македонија, тогаш се уште можеме да ја исправиме иднината.

Браво за дечињата од Прилеп

Маркукуле.мк

Македонија

ДУИ повторно сака да се реформира

Published

on

Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево соопшти дека го отпочна сеопфатниот процес на реформи и ветинг во партијата, предводени од претседателот на партијата Али Ахмети и раководството на партијата.

Како што се посочува во партиското соопштение, оваа иницијатива ја нагласува посветеноста на ДУИ за добро владеење и интегритет, поставувајќи, како што велат, нов стандард за политичките партии во регионот.

-Пратениците од ДУИ го отпочнаа процесот на реформи со проценка на ризик од корупција и го потпишаа Кодексот за добра пракса и интегритет на ДУИ. Овој кодекс е усогласен со Кодексот за добра практика на полето на политичките партии, усвоен со Резолуција на Венецијанската комисија и на Парламентарното собрание на Советот на Европа, соопштуваат од ДУИ.

ДУИ, како што се наведува во соопштението, покрај пратениците, решително продолжува со проширување овој процес на ветинг таргетирајќи ги сите високи партиски функционери, членовите на Претседателството на партијата и раководството на локалните партиски ограноци.

-Со стратешкиот акциски план ДУИ има за цел не само да го зајакне ставот на партијата против корупцијата, туку и да ја поттикне културата на интегритет во политичките процеси. Како предводник на овие реформи, ДУИ поставува преседан за другите политички партии. Оваа иницијатива ја потврдува посветеноста на ДУИ за владеење на правото и ја демонстрира одлучноста на партијата за справување со корупцијата во сите сегменти. ДУИ е посветена на градење исклучителен институционален и личен интегритет, нагласил претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Нашиот пристап, велат од ДУИ, е сеопфатен и добро планиран, со фокус на поединци со силен интегритет кои, како што посочуваат, ќе ја бранат антикорупциската агенда и ќе го движат процесот на ветинг. Посочуваат дека преку стратешките акции и непоколеблива посветеност, ДУИ останува посветена и решителна да предводи реформи преку својот личен пример, со крајна цел да изврши значајни промени во партијата, како и во националната рамка на владеење.

Continue Reading

Македонија

Вонредни инспекциски надзори врз загадувачите на воздух во Скопје, по барање на ОЈО

Published

on

Во текот на денешниот ден, по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, се вршат координирани вонредни инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за животна средина и општинските инспектори од општините на Град Скопје и Градот Скопје, како и од МВР и Дирекцијата за заштита и спасување на подрачјето на главнот град.

Како што информираат од Републичкото јавно обвинителство, дејствијата се преземаат во рамките на предмет поврзан со загадувањето на воздухот во Скопје, а сите надлежни институции се задолжени да изготват соодветни извештаи од извршените контроли и да ги достават до обвинителството.

-Државните инспектори за животна средина треба да вршат надзори во инсталациите кои поседуваат А интегрирана еколошка дозвола и инсталациите кои поседуваат одобрен Елаборат за заштита на животната средина, а за чие одобрување е надлежно Министерството за животна средина и просторно планирање. Инспекцискиот надзор ќе биде фокусиран над инсталациите кои при извршување на технолошките процеси може да имаат удел во нарушување на квалитетот на амбиентниот водзух и во правните субјекти кои за загревање на објектите користат мазут/нафта, појаснуваат од Обвинителството.

Со иста задача, овластените инспектори за животна средина при Градот Скопје треба да направат вонредни инспекциски надзори во инсталациите кои поседуваат Б интегрирана еколошка дозвола и инсталациите кои поседуваат одобрен Елаборат за заштита на животната средина, а за чие одобрување е надлежен Градоначалникот на Град Скопје. Комуналните инспектори и комуналните редари се задолжени да вршат проверка над возилата кои излегуваат од градежните парцели дали ги мијат тркалата, дали има одлагање на отпад на јавни површини, палење на оган на отворено.

Овластените инспектори за животна средина при општините во градот Скопје треба да направат направат вонредни инспекциски надзори во инсталациите кои поседуваат одобрен Елаборат за заштита на животната средина, а за чие одобрување е надлежен Градоначалникот на општината.

Од Обвинителството информираат дека МВР врши контрола дали се почитува посебниот сообраќаен режим за тешките товарни возила, насочувајќи ги кон обиколни патишта со цел да се намали сообраќајот во урбаните средини.

Инспекторите во Дирекцијата за заштита и спасување, пак, треба да извршат контрола на правните субјекти, органите на државна управа, единиците на локална самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установите и службите за заштита и спасување од пожари на луѓето кои за загревање на просториите користат мазут/нафта дали редовно ги одржуваат горилниците и редовно ги чистат димоводните канали согласно пропишаната законска динамика.

По доставување на сите извештаи, доколку во нив се содржани елементи на кривично дело од областа на животната средина и природата, ОЈО Скопје веднаш ќе поведе постапки против сторителите.

Continue Reading

Македонија

МЕТЕОАЛАРМ ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Релативно ладното време продолжува, локално со дожд и снег!

Published

on

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во Македонија продолжува променливото и релативно ладно време. Утре (петок 14.2.2025) повремено ќе засилува ветерот од југоисточен правец, а во (сабота 15.2.2025) ќе засилува ветерот од северен правец.

Времето ќе биде променливо облачно, повремено со повеќе облачност а ќе има  и послаби локални врнежи кои на планините, секако, и на Скијачките центри ќе бидат од снег (што значи дека снежната граница ќе биде некаде со висина од над 1400/1500 метри надморска височина).

Во Скопје  и околината ќе биде претежно суво и претежно облачно со повремено засилување на ветерот од југоисточен и од северен правец. Има мали услови во делови од котлината за сосема слаб дожд.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот од 3 до 11 степени, само во југоисточните предели таа би можела за степен, два да биде повисока. Во Скопје пак наутро температурата ќе се спушта до околу 0 степени, а преку ден таа ќе се искачува до околу 10 степени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк