Connect with us

Балкан

ФОТО: Албанско семејство уапсено во Солун СО ПОЛА ТОН КОКАИН

Oбвинителството за наркотици при Солунската дивизија и ДЕА, разбија „семеен бизнис“ на 50-годишен Албанец, кој заедно со сопругата и двајца внуци се осомничени за шверц на дрога откако кај нив се пронајдени 580 килограми кокаин.

Партнер на семејството бил и маж кој е роден во Албанија, кој поседувал грчка лична карта, а полициски извори наведуваат дека никој од уапсените претходно не бил во фокусот на органите на прогонот. Огромното количество дрога е пронајдено во две возила и во куќа во која живееле тројца од членовите на криминалниот круг.

Против нив поединечно е поднесена списа за злосторничко организирање и за нелегална трговија со дрога, оштетување на странски имот и пружање отпор. Забележано е дека 50-годишниот Албанец е водач на групата, со главна улога во увозот на големи количества кокаин од земјите од Латинска Америка и нивно натамошно движење на грчка територија, но и во европските земји.

Балкан

[ВИДЕО] Автомобил удрил во група луѓе во Белград – има загинати и повредени!

Тешка сообраќајна несреќа се случи денес во Бањица, Белград, кога автомобил се судри со група луѓе. Екипи за итни случаи се на терен и интервенираат.

Според очевидци, две лица биле заробени под возилото, а неофицијално се наведува дека возачот починал зад воланот. Неколку други лица се повредени и префрлени се во болница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Continue Reading

Балкан

МПЦ–ОА донираше богослужбени материјали за македонската заедница во Тирана


Македонското друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари за 2026 господово лето, кои бесплатно ќе бидат распределени на Македонците во Република Албанија.

Во име на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и на Македонците голема благодарност до Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и архиепископот г.г. Стефан што и годинава доделува одреден број верски календари за кои постои се поголем интерес меѓу Македонците.

Како друштво, веќе неколку години по ред, добиваме бесплатни верски календари од МПЦ-ОА, кои потоа им се распределуваат на Македонци во Албанија. Од мое лично име, од име на друштвото и на Македонците искажувам голема благодарност за МПЦ – ОА на поглаварот г.г. Стефан за покажаната добра волја да им подари на Македонците од Албанија дел од своите верски календари, рече Ѓурѓај за Македонски весник “Илинден”.

Додава дека интересот меѓу Македонците од година во година е се поголем и посочува дека календарите веќе се достапни а за да се добие календар треба само да се контактира со друштвото.

Continue Reading

Балкан

Родителите на деца до 12 години во Бугарија ќе можат да работат од дома или со скратено време

Парламентот на Бугарија денеска на прво читање усвои законски предлог со кој родителите и старателите на деца до 12 години ќе можат да имаат скратено работно време или да работат од далечина за време на летниот распуст.

Предлог-законот за измена на Законот за работни односи е поднесен од пратеничката Деница Сачева (ГЕРБ-СДФ) и група пратеници, а едногласно бил усвоен со 181 глас „за“.

Досегашниот закон предвидуваше ваква можност само за родителите на деца под осум години. Новата измена го проширува ова право до децата до 12 години, но исклучиво за периодот на летниот распуст.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг